Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Инфлацијата за август 8,6 отсто - место за радост нема


Експертите предупредуваат дека, и покрај благото смирување, инфлацијата се' уште е висока

Нина Нинеска-Фиданоска


Благо смирување на инфлацијата за август, регистрира вчера Државниот завод за статистика. Но, место за преголема радост и олабавување воопшто нема, предупредуваат аналитичарите.

Според пресметките на домашните статистичари, трошоците за живеење во август годинава во споредба со истиот месец минатата година, изнесувале 8,6 проценти. Во споредба со јулската инфлација од 9,5 отсто, ова значи извесно попуштање на ценовниот притисок во земјава, иако бројката од 8,6 отсто воопшто не е за потценување.

Експертите предупредуваат дека проблемот со инфлацијата воопшто не може да се смета за решен, ниту, пак, дека процентот од 8,6 отсто треба да се толкува како некоја радосна вест.

„Добро е што има извесно намалување на стапката на инфлација во споредба со јули. Но, фат е дека таа стапка од 8,6 отсто се' уште е висока. Тоа значи дека треба и натаму да се продолжи со водење ригорозна политика, а веројатно таа треба и уште повеќе да се стегне за да се смири инфлацијата“, вели Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет.

Според овој експерт, треба да се има предвид дека оваа стапка се должи на споредбата август 2008 со август 2007, а лани во август инфлацијата веќе имаше пораст, така што сегашната бројка е пониска и благодарение на повисоката споредбена основа. „Тоа значи дека ние не сме го решиле проблемот“, објаснува Узунов.

Покрај тоа, ако дојде до зголемува на цената на струјата, тоа само по себе ќе биде голем товар за граѓаните, а ќе повлече и други големи скокови на цените. Узунов наведува уште еден пример зошто нема место за преголем оптимизам. Имено, цените во август се пониски поради евтиното овошје и зеленчук, но не се знае дали и идните месеци ќе продолжи тој тренд.

„Ова значи дека воопшто нема простор за радост и ние да сметаме дека е решен проблемот со инфлацијата“, дециден е овој аналитичар.

Гувернерот на Народа банка на Македонија, Петар Гошев, вчера за „Утрински весник“ изјави дека согласно со најновите показатели, треба да се очекува дека годишната стапка на инфлација до крајот на годинава, односно декември 2008 споредено со декември 2007 година ќе се движи во рамките на проекциите од 6 отсто, па дури возможно е да се надеваме и на малку понизок процент.

Но, сигурно ќе биде повисока просечната стапка на инфлација, односно онаа која го покажува кумулативниот пораст на трошоците за живеење за одреден период, што во конкретниот случај ќе значи јануари-декември 2008 во однос на јануари-декември 2007 година. Само за потсетување, инфлацијата во периодот јануари-август годинава во споредба со периодот јануари-август 2007 година изнесува 9,5 проценти.

Според гувернерот Гошев, годишната инфлација (декември 2008 споредено со декември 2007) ќе биде околу 6 отсто, но тие оптимистички прогнози ќе се остварат само доколку не дојде до одредени екстерни или интерни шокови. Такви, според експертите, можат, на пример, да бидат неизвесноста околу движењата на цената на нафтата на светските берзи или можните корекции на цената на струјата на домашниот пазар. „Но, доколку се задржат сегашните претпоставки и ако нема екстерни изненадувања, годишната инфлација ќе биде до 6 отсто“, вели првиот човек на монетарната власт.

Во НБМ засега нема најави за евентуални нови мерки. Оттаму само објаснуваат дека будно ја следат состојбата со движењето на цените.

Инаку, добар податок е фактот што августовската инфлација покажува намалување од 0,2 отсто во однос на претходниот месец, односно јули годинава.

Во Министерството за финансии велат дека инфлацијата се смирува. „Има тенденција на намалување, исто онака како што ние предвидувавме уште пред неколку месеци“, вели Мартин Мартиновски, портпарол на Министерството за финансии.

Статистичарите објаснуваат дека намалувањето на трошоците за живеење од 0,2 отсто е резултат на пониските индекси на овошјето, за 13,5 проценти, на зеленчукот за 5,8 отсто, на мастите за 1,7 отсто и на млечните производи за 0,4 проценти. Овој месец намалување на индексите е забележано кај нафтените деривати за 6,1 отсто, на средствата за хигиена за 0,8 проценти, на обувките за 0,5 отсто и на облеката за 0,3 проценти.

Но, за разлика од овие снижувања на трошоците за живеење, најголемиот удар за граѓаните е порастот на индексот на трошоците кај парното греење за 43,4 отсто. Многу помали се покачувањата на месото, рибата, алкохолните пијалаци, јајцата, лековите и слично.

Исто така, домашната статистика јавува и за вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, која за август годинава изнесува 11.957 денари и во однос на претходниот месец е пониска за 0,6 проценти.

Статијата е прочитана 665 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 02.09.2008 10:42:49
Македонија е земја за плачење.При такво убаво сонце-црна темнина,од која наскоро ништо не ќе се гледа.
Од: GG
Датум: 02.09.2008 14:50:26
Koj ke narani 4 clena so 11.957, ke plati smetki i ke skoluva 2 deca neka se javi. Da go predlozime za Nobelova nagrada za ekonomija. Cekaj Makedonijo ke bide podobro 2025, a dotogas .... pej za Aleksandar

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Санкции спрема Русија не се одговор
АМСМ доби лиценца за обука за возачи
Зденко
Кампањата почна
Животот во Дојран се враќа во нормала
Едиторијал
Заев ќе го води СДСМ до доаѓањето на Црвенковски
Европските лидери се откажаа од идејата за санкции спрема Русија
Ураганот „Густав“ му ги расипа плановите на Мекејн
Гладните затвореници од „Идризово“ на инфузија
Руска шок-терапија
Трифун Костовски се повлече од ракометот
Камилите на Александар
Скулптура на Мајка Тереза ќе му биде подарена на Рим
Вербатим

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.