Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Импресивна книга за раскошната убавина на македонскиот пејзаж

Во рамките на „Скопско лето“, вчера во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ беше промовирана книгата „Мојот балкански дневник“ од Џ. Џонстон Абрахам. Книгата е издание на Дирекцијата за култура и уметност, а изборот и преводот од англиски јазик се дело на д-р Владимир Цветковски.

Авторот на делото Џ. Џонстон Абрахам е хирург што дошол во Скопје во октомври 1914 година, во составот на лекарската екипа што ја испратил Британскиот црвен крст и останал до март 1915 година. Во книгата ги опишува секојдневните сложени операции што ги извршувале во болницата сместена во едно од скалдиштата за тутун недалеку од железничката станица, најверојатно денешниот културен центар „Мала станица”. Она што најмногу импресионира се инспиративните описи на градот, Старата чаршија со бројните тогашни занаети, црквата „Св. Спас“, Куршумли-ан, Даут-пашиниот амам, посетата на селата Горно и Долно Водно, раскошната убавина на македонскиот пејзаж, светењето на водите на Водици, кинопретставите во кафеаната „Зрински“. Книгата ја претставија Благоја Иванов и Иван Џепаровски. (Н.П.)


Статијата е прочитана 308 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Едип“ вечерва премиерно во Скопје
Карлови Вари ќе ги донесе Џон Малкович и Изабел Ипер
Промовиран спотот за Охрид - градот на светлината
Почина Карл Малден, оскаровецот од стариот Холивуд
Македонски уметници на „Внатрешен свет“ во Берлин