Оли Рен на прес-конференцијата со Бранко Црвенковски јасно изјави дека политичкиот критериум е пресуден за датум за преговори
Неофицијално се дознава дека ЕУ ги посочува изборите напролет како пресвртен тест
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - „Поканата за НАТО е тука и таа одлука нема да се смени“, изјави вчера во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, на прес-конференцијата со претседателот Бранко Црвенковски. Да биде поуверлив Шефер ја повтори истата порака двапати, оценувајќи си самиот пред тоа дека се смета за редовен гостин во Македонија.
„НАТО не е инволвиран во спорот, нема и не гледа улога за себе во него, но прашањето е важно за Алијансата. Јас како генерален секретар се надевам дека наскоро ќе се најде решение, зашто членството во НАТО е рецептот за безбеден и стабилен Балкан. Верувам дека решение може да се најде“, изјави Шефер, додавајќи дека е свесен за разочараноста во Македонија, но тоа бил животен факт.
„Точно е дека НАТО не е инволвиран во спорот, но е инволвиран во последиците, зашто една земја која ги исполни сите услови не може да стане членка“, му реплицираше македонскиот претседател. Според него, во Македонија има цврста решеност земјата да го заземе местото што и' припаѓа и дека на тој план нема никакво колебање, но дека позитивниот исход е можен ако и Грција направи компромис и биде конструктивна, така како што е Македонија.
Наспроти уверувањата на Шефер дека поканата не е спорна, претседателот Црвенковски оцени дека тоа не е стопроцентно така ако политичката слика што ја рефлектира Македонија поколеба некои земји во ратификацијата. „Претпоставувам дека НАТО и земјите-членки будно ќе ги следат настаните во Македонија . Во овој момент не постојат други услови за поканата освен решавање на спорот околу името. Но, по упатувањето на поканата следува ратификација и мислам дека ние треба да направиме се' за да не им дадеме нови поводи на земјите-членки да го одлагаат приемот“, изјави тој, одговарајќи дали последните избори ќе имаат влијание на веќе добиената покана за членство. Наспроти него, Шефер беше подипломатски, порачувајќи дека одговорните, ��клучувајќи го и претседателот, треба да се справат со изборните нерегуларности и да не дозволат тоа да стои на патот на натамошниот прогрес кон членство. Претходно тој веќе најави дека процесот на реформи за Македонија не застанува тука и дека десеттиот циклус од Годишната национална програма вклучува и нови елементи, што би значело впечатокот да се поправи од изборите, но тоа не ја доведува во прашање поканата, бидејќи за неа се изјасниле веќе лидерите на Алијансата.
Шефер не сакаше да ја коментира кохабитацијата меѓу претседателот и премиерот, изјавувајќи дека преферира да се држи настрана од вакви прашања од внатрешната политика, но дека секоја земја-кандидат за НАТО треба да има нормална политичка култура. Тој избегна коментар и околу писмото на албанските партии кои се жалат дека не се почитува Законот за амнестија, бидејќи за него слушнал, но се' уште не го добил.
Пред разговорите за поканата од НАТО што виси, Црвенковски се соочи со пораката во ракавици на еврокомесарот Оли Рен дека датумот за преговори со ЕУ, со оглед на актуелните состојби во земјата, е малку веројатен. Рен побара од македонските лидери исполнување на политичките критериуми, што во нашиот случај ги нарече демократски, дообјаснувајќи дека тоа значи стабилни институции што гарантираат демократија и владеење на правото.
За волја на вистината, ниту претседателот Црвенковски во Брисел не излезе со амбициозни барања, оценувајќи накратко дека изминатите месеци во земјата се постигнати крупни резултати, но е свесен дека сме покажале и слабости. Впечатокот не го поправи ни тоа што на средбите со Оли Рен и со Хавиер Солана претседателот беше придружуван од вицепремиерот Ивица Боцевски, што требаше да биде демонстрација на единство околу ЕУ-целите, иако вицепремиерот имаше долга преписка со претседателот изминатите денови да се најде во делегацијата.
На прес-конференцијата со Рен претседателот Црвенковски, сепак, најави две крупни вести: дека очекува многу бргу Владата да излезе со одлука за признавање на Косово, бидејќи времето за анализирање и проценување поминало, што пак Рен го поздрави како конструктивен пристап; и дека по средбата во вторник во Њујорк меѓу преговарачите за името Метју Нимиц ќе излезе со конкретизиран предлог, кој може да биде и финален.
Пораките, пак, на Рен беа многу јасни. „Напредокот на Македонија во евроинтеграцијата зависи од прогресот во исполнувањето на критериумите за прием и имплементацијата на реформите. Не е коинциденција тоа што прв критериум е политичкиот, кој би го нарекол демократски критериум, кој бара стабилни институции што гарантираат демократија и владеење на правото. Овие критериуми се апсолутно фундаментални во овој континуиран политички дијалог меѓу партиите и институциите и се суштински елемент за функционирање на демократијата“, изјави Рен, практично давајќи и' црвен картон на нашата политичка елита за кохабитацијата и за случувањата околу парламентот изминатите месеци.
Рен најави, исто така, дека наредните избори се следниот клучен тест за Македонија од кој ќе зависи ставот на Брисел во однос на датумот за преговори, со оцена дека е неопходно тие да бидат слободни и фер и во согласност со меѓународните стандарди. Тој побара натамошни значајни реформи и во други области, ветувајќи дека извештајот во ноември ќе биде објективен и балансиран. Неофицијално, од ЕУ оценуваат дека вака како што стојат работите сега во Македонија нема основа за одење напред, односно дека ЕК е скептична дека проблемите што се демонстрираа досега можат да се разрешат за толку кратко време, до ноември, кога треба да се даде оцена за земјата.
И овој пат Рен не сакаше да зборува многу за спорот околу името со Грција, нагласувајќи повторно дека тој е билатерален, но дека трае предолго, па станува неопходно да се реши. „Важно е да се реши спорот околу името, иако е билатерално прашање меѓу Македонија и Грција. Верувам дека двете земји прават најмногу што можат да најдат решение и дека преговарачот Нимиц, кој покажа цврста решеност досега, ќе покаже иста таква решеност во оваа последна рунда“, изјави резервирано Рен, во согласност со тактиката дека ЕУ нема ништо со спорот, иако и тука и во НАТО тој беше главна тема.
Во тој контекст Црвенковски најави дека преговорите се во многу чувствителна и одлучувачка фаза, дека во вторник преговарачите ќе ги изнесат забелешките на Нимиц и дека врз основа на нив тој ќе излезе со конкретизиран предлог или можеби со финален предлог, па доколку има ��олитичка волја, не само од Македонија туку и од Грција, ќе биде можно да дојде и до решение на спорот.
„Свесни сме кои се критериумите што треба да ги исполниме за да добиеме датум. На тој план постигнавме значајни и крупни резултати, но свесни сме за слабостите во изминатите месеци. Сакаме со удвоени напори да го постигнеме она што го пропуштивме“, изјави Црвенковски пред Рен, но ваквата порака толкупати е слушната во Брисел, а списокот и натаму е долг.
Неофицијално се дознава дека ЕУ ги посочуваат изборите напролет како пресвртен тест, па ако сликата е многу подобра, можно е да се преиспита оцената за Македонија и пред следниот ноември, секако, ако дотогаш не стои нерешен спорот околу името на државата.
Дека претседателот Црвенковски ги сфати пораките во Брисел се виде и од неговата реакција на прашањето како ќе ги пегла ставовите со премиерот околу името, на што тој одговори дека не е тајна дека имаат разлики околу спорот за името, но тоа нема да го коментира во странство, туку ќе го решава во Скопје.
eeeeee evropa pokažite ja kartata na makedonija što mislite solana ren nimic na mesto da pomagate za što po napred da stanime del od eu vie ne pećete kako jagne na ražen a crvenko vi veruva pa ima kavga so vladata
Од: 2347
Датум: 03.10.2008 01:50:30
Na krajot ke ostaneme i bez imeto i bez NATO i EU. Branko svati go toa deka Grcija nikohas nema da ja ratifikuva spogodbata za nase clenstvo vo NATO. I taka, clendtvoto ke se odolgovlecuva so beskraj. Istoto scenario kako so FYROM
Од: marjan-viena
Датум: 03.10.2008 01:56:37
abe uste li gi slusate ovie bankrotiranive...sto ima so niv poveke muabet dase prai.
Од: Boshko
Датум: 03.10.2008 02:41:11
Moeto mislenje e do kolku Makedonija prifati ime so Gorna ili Severna Makedonija,Grcite nema da go prifatat,taka shto i tie ke napravat referendum,ne moraat no poshto se fanatici i toa treba da se ochekuva.Na nas ke ni ostane samo posramotuvanjeto.Tie ne prifatija ni pod nikakvoto ime -referencata.A sigurno nema da prifatat nikakvo ime shto ke go sodrzi zborot Makedonija.
Од: Рубин Крстески
Датум: 03.10.2008 07:28:41
Во ниеден случај не треба да се прифаќа друго име, ни Горна ни Северна Македонија.
Ние си имаме име, а Грците можат да скокаат колку сакаат. Што се однесува до Нато и ЕУ, тие треба да го преиспитаат нивниот став, за тоа дали МКД му треба во нивните организации, и дали тие треба да се заложници на една тиранско фашистичка држава - Грција. Македонскиот народ мора да остане обединет, и покрај сите политички пресметки кои сега ги гледа во јавноста преку медиумите. Треба да свати дека сите тие препукувања и негативни енергии се политички борби за власт.
Да живее МАКЕДОНИЈА.
Од: VENDETA
Датум: 03.10.2008 09:32:58
Да живее Македонија и Македонскиот народ..Не треба ништо да се менува.Сте се запрашале одкаде Вашето Скопје е нај изградено во МК,сте се запрашале за тие 4оо.ооо.ооо евра,што се потрошени за реформите за пред приемот во ЕУ и НАТО,пред некој ден се дадени и одобрени и во согласност со нашиот најголем пријател Грција 5о.ооо.ооо евра,исто така неодамна се стасани и 244.ооо.ооо евра за понатамошно унапредување на Македонија,што не е точно,бидејки само се изградува СК,не Македонија...кога Скопјани ке се запрашате дека во СК 85% од населението е во работен однос,или има некакви примања,додека во останатите градови од МК,тоа може да биде сон....е тогаш мои Скопјани да кажувате дека несте за промена,додавка,нити било што во Македонија.Искрени несте,грешно живеете и грешно ке умрете на рачун од жална Македонија...знаете дека ке се менува само се правите лажни патриоти,оти ако некете не треба од ЕУ да примате пари...нели не сакате да биде северна,горна лажни патриоти.Позз.
Од: Petre
Датум: 03.10.2008 09:51:23
Grcija ja iskrivi i referencata, od FYR Macedonija vo FIROM, vovede vizni barijeri nepojmlivi za sosedna drzava... (interesno deka se do bombardiranjeto na NATO Srbija nemase vizi za Italija )
..sega normalno e deka nema da prifatat ni Severna Makedonija, a ako se zamislime FYR Macedonia e podobro od Severna Macedonia, tocno ja precizira granicata...
.... od pred 10-na godini Grcite pocnaa masovno vo severna Grcija da go koristat terminot Makedonija,natpisi, znaminja, ..no neodamna se srekava > Centralna Makedonija (Halkidiki), prasanje e dali imaat i Istocna i Severna ??
Од: jota
Датум: 03.10.2008 11:07:43
Bez pridavka mak nema da opstane videte insocna mak celosno se iseluva za italija i bug nema leb da jadat a vlez vo ev znaci otvaranje masovno rabotni mesta a Branko sto misli Kosovo treba vladata da go prinnae tuka grasi pa ako go priznavame legitimitetot na alb vo kosovo toa znaci go priznavame i vo mak toa logika corav li si crvenko??????
Од: FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 03.10.2008 11:46:11
Kako moze "negovata zemja" da bide spremna na "fer" kompronis koga 80% se protiv menuvanje na imeto kako uslov za priem vo NATO i EU? Procitajte gi komentarite. Makedonija napravi istoriski kompromis so kratenkata FYRM za vlez vo OON pa Grcija i zapadot sakaat seto toa da go ponistat i da ja vratat istorijata nazad.Makedonija so kompromisot FYRM si go otvori patot a ako nekoj treba da napravi kompromis toa se FARAONITE od zapadot koi treba da prestanat so necoveckiot tretman na Makedonija koj go nadminuva holokaustot inaku ke se udavat vo nivnata rigidnost dodeka sovremeniot svet ke odi napred.
Од: ile
Датум: 03.10.2008 11:53:29
Svatete ednas deka imeto e smeneto veke i nie sekade sme FYROM, ne se menuva ustavnoto ime kako sto ne e smeneto ni do sega, se menuva glupavata referenca od 5 zbora, koe ime ne go davame koga megunarodnoto ime nie FYROM, zar sakate toa ime da stoi zasekogas, trebase vaka da se tepate koga Branko i Kiro go smenaa bez da ne prasaat.Ocajni se tie sto vikaat imeto ne go davame koga cel svet gleda deka e dadeno i za zal nie sme sega FYROM
Од: Nikola - Gemanija
Датум: 03.10.2008 14:23:18
Se cudam uste na iskazaniot, tipicen Balkanski inaet,koga GLUMITE(!) golemi patrioti; a ustvari tie sto vikaat najglasno, se tie, sto odvaj go docekaat Bugarskiot pasos!Da bideme na jasno:Evropa ne placi po vas-kako potencijalna clenka ke padnete samo tovar na budzetot na EU,kogo i jas so moite plateni porezi go polnam!Vie -opravdano!- go docekate konecniot ishod na sporot so imeto,no tuka na tastaturite pred kompjuterot si fantazirate LAZNI(!) naslednici na Aleksandar.Eden ekonomski i socijalno nerazvien protektorat (KosMet) ve uslovuva so BRJM i potcenuva so priznavanje.I vie sakate da bidete naslednici na Aleksandar?!-epa togas, ne ste ja naucile lekcijata na ca spo istorija koj bea Antickite makedonci:-))So pocit...
Од: perica
Датум: 03.10.2008 15:34:39
DoPetre,
Spored najnovata teritorjalna podelba vo severna Grcija postoujat regionite : Zapadna Makedoija, Centralna Makedonija i Istocna Makedonija.
Од: zoran
Датум: 03.10.2008 17:34:48
namesto biznismenite da se zalat neka gi zgolemat platite na rabotnicite a ne nivnite deca da ziveat luksuzno i da vozat luksuzni koli pred ocite na tie sto pobegnale.vo italija moze rabotis naporno no si platen posteno a ne kako kaj nas da te ekspoatiraat za 100 evra i da te ucenuvaat.duri koga ke snema rabotnici za 100 evra togas novopecenite biznismeni.t.e ekspoatatori ke molat i ke zgolemat plati ama docna ke bide.
Од: jas
Датум: 03.10.2008 18:29:21
Sefer saka da veruva deka makedonskiot narod cica vesla-kaj nas cicaat vesla samo tie sto gi birame da ne vodat a kolku e pameten narodot moze da se vidi vo edinstvoto na poveketo sto pisuvaat okolu imeto...
Nee ovaj Sefer (ili poarno, sofer) sto ni kazuvase deka ednata zeja e vo NATOa drugata ne e... ili togas ona na pocetokot, deka cicame vesla...
PRGOVORITE DA SE PREKINAT, DA SE OSUDI POLITIKATA NA PREGOVARANJE I DA SE SORABOTUVA SO SEKOJKA ZEMJA STO SAKA SO NAS DA SORABOTUVA.
Nas ne ni se zapaleni gakite deka ne sme vo NATO, ako na nato nesto ne mui e kako treba bez nas, neka pravi sto m isli...