Брoj 2787  понеделник, 15 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Тачи доби поддршка од Централното собрание

Партијата што ја формира Имер Селмани е антиалбански проект, коментира Тачи

ТЕТОВО - Зад лидерот на ДПА, Мендух Тачи, застана целиот состав на Централното собрание. Во саботата попладне на затворената седница, највисокиот орган на партијата му даде доверба на својот лидер и одлучи Тачи да донесе одлука кога пратеничката група на ДПА да се врати во Собранието. Извршени се и измени во составот на врвот на партијата. Избрани се четворица нови членови на Претседателството, а двајца нови потпретседатели се Илјаз Халими и Мевљан Таири. Истовремено, Имер Селмани е разрешен од сите должности во партијата и од функцијата потпретседател на која се наоѓаше донеодамна.

„Таму преминаа два-три отсто од членството на ДПА, кои или не можат да дејствуваат како опозиција или, пак, се водени од лични апетити“, оцени Мендух Тачи во една од паузите на седницата на Централното собрание.

Засега и официјално се знае дека од составот на досегашната пратеничка група и од составите на највисоките тела на партијата заминаа Имер Селмани, Абедин Зимбери и Сулејман Рушити со кои и ќе се формира пратеничка група на новата партија. „Од сите тројца бараме да ги вратат пратеничките мандати, бидејќи тие на парламентарните избори освоија само 900 гласа. Зад ДПА како партија застанаа 90.000 наши членови и симпатизери“,рече Тачи. На новинарско прашање какви се сознанијата за евентуално пристапување на составот на Имер Селмани кон коалицијата на власт, Тачи со одговор: „Има многу показатели дека зад таа нова партија што ја формира Селмани стои Никола Груевски. Меѓутоа, времето најдобро ќе покаже“.

По завршувањето на Централното собрание, на новинарски прашања одговараше новоизбраниот потпретседател Илјаз Халими. Тој најнапред информираше дека на седницата било расправано за актуелната политичка ситуација во Македонија, а била поднесена и информација за работата на Комисијата за организациона работа на која се разгледувала потребата од реорганизација на разграноците во кои имало слаби резултати на парламентарните избори.

Интересни беа одговорите на Тачи и на Халими на новинарските прашања за ставот за враќање на ДПА во Собранието. Лидерот Мендух Тачи рече дека „ДПА тропа на затворена врата и дека вратата ја затвораат оние што не сакаат демократија и членство на Македонија во евроатланските структури. Тие мислат само за себе, а не и за интересите на граѓаните на Македонија, особено не за интерсите на Албанците“. Новиот потпретседател Илјаз Халими, пак, беше со прецизен одговор: „ДПА има доставено резолуција за признавање на независноста на Косово. Се надеваме дека резолуцијата ќе биде поставена на дневен ред, а тоа ќе значи и наше враќање во работата на Собранието“. На прашање на новинарите како се коментира тврдењето на пратеничката Зумрете Јакупи дека ДПА и' понудила 500.000 евра да премине во нивната партија, Халими одговори: „Со Јакупи ќе се соочиме на суд. Ќе поднесеме кривична пријава за клевета“, рече новоизбраниот потпретседател на ДПА, Илјаз Халими. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 589 пати.

Испрати коментар

Од: lipkova
Датум: 15.09.2008 13:34:01
bravo taci nie sme so tebe samo ti moze da ne priblizis do evropa a bogami i do kosovo nemoze nie edinstveni od ex-yu da bideme ovcari,ppmora kosova da se priznae a toj den ce bide najsrecen za mene mak ce pokaze deka e demokratska i znaci toa pravo ce mora da vazi i za nas.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Тоне бродот на старите партнери на Груевски
Јанкуловска- Нема нова истрага за „Планинска бура“