Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

И новата влада ќе биде изгласана без опозицијата?

По Деловникот, голема веројатност владејачките партии сами да си ја изгласаат и новата влада

Светлана Унковска

Парламентарното мнозинство, најверојатно в сабота, за кога е закажана седницата на Собранието за изгласување на новата Влада, повторно ќе остане без гласовите на опозицијата. Ова вчера го потврдија од СДСМ, кои велат дека постојат многу мали шанси тие в сабота да се вратат во Собранието. Сепак, додаваат и дека конечната одлука за тоа како ќе постапат при изборот на новиот владин кабинет ќе ја донесат на седницата на Извршниот одбор на партијата, што беше закажана за синоќа во Струмица.

Откако владејачкото мнозинство во петокот, кога претходно опозицијата го напушти парламентот, го донесе новиот Деловник за работа на Собранието, чашата се прелеа и сега постои голема веројатност владејачките ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ПЕИ без никаква расправа сами без присуство на опозицијата да ги притиснат зелените копчиња и да си ја изгласаат и новата Влада. Ваквите најави за бојкот на изборот на новиот владин кабинет вчера не сакаа да го коментираат од ВМРО-ДПМНЕ. Никој од оваа партија не чувствуваше за потребно да одговори како ќе се гласа Владата без да присуствува опозицијата и да расправа и дали ова за нив ќе значи и големо назадување на вкупните демократски процеси во државава. Од ДУИ велат дека не би сакале да ги видат празни столчињата на пратениците од опозиционите партии и оти би било добро и тие да бидат присутни кога ќе се гласа новата Влада. Сепак, му оставаат на мандатарот Никола Груевски да им упати апел за прекин на бојкотот и да ги повика да присуствуваат на седницата.

Демократската унија за интеграција се' уште не може да се соземе од начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ експресно го протурка новиот Деловник за работа на Собранието, кој вчера и официјално стапи во сила. Во партиските редови на интегративците постои поделеност и врие од незадоволство поради несогласувањата на дел од партиското раководството, како и од членовите на ДУИ, порад�� тоа што со ваквото решение на собранискиот правилник не се унапредува употребата на албанскиот јазик во Собранието. Потпретседателот на партијата Теута Арифи во својата последна колумна остро го нападна начинот на кој владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја практикува, како што вели, таа „демократурата“ и „автократскиот начин на поимање на парламентот, кои водат кон демократура, како прв чекор до вистинска диктатура“. Вметнувањето на Деловникот како точка на дневниот ред таа оцени дека е направено по „шверцерски систем“ и дека „документот што е код на однесување на сите партии во Собранието најмалку заслужува да биде третиран како шверцувана стока на пазар“.

Вчера и СДСМ реагираше дека носењето на Деловникот без присуство на опозицијата е преседан кој не е забележан во ниту една демократска држава и дека по овој настан, најверојатно, и изгласувањето на Владата оваа сабота ќе биде без нив.

Но, дали овој „шверцуван“ Деловник ќе предизвика силен потрес во партијата на Али Ахмети и раскол во пратеничките редови на ДУИ? Новиот координатор на пратеничката група на ДУИ Тахир Хани вчера ретерираше од петочната реакција кога изрази голема нервоза за изгласувањето на собранискиот правилник и смирува дека во редовите на нивната пратеничка група воопшто нема поделеност и неусогласеност на ставовите, а написот на потпретседателката на партијата Арифи го оцени како нејзин личен став, а не партиски.

„Постои апсолутно единство во нашите редови и мислам дека усвоениот Деловник на Собранието во доменот на член 3 не е лимитиран во употребата на албанскиот јазик и начелно тој член ќе функционира онака како што ќе се усвои законот за употребата на јазиците, а убеден сум дека тој закон ќе дава можност во Собранието албанскиот јазик да се употребува на соодветен начин“, тврди Хани. Токму овој член беше причина зошто неколку собраниски комисии со години не работеа затоа што нивните претседатели кои беа од редовите на ДПА и на ДУИ и тоа кога беа во опозиција бараа седниците да ги водат на албански јазик. За ова на лидерските средби беше постигнат договор, но во петокот мнозинството во парламентот ја донесе старата верзија на собранискиот правилник.

Иако ДУИ важи за многу отворена партија, вчера никој друг не сакаше да ги коментира внатрепартиските состојби по петочната седница.

Социјалдемократите кои работата на Собранието ја напуштија во знак на протест поради притворањето на потпретседателот Зоран Заев и поради кршењето на Деловникот, бидејќи парламентот носи закони предложени од техничка влада, коментираат дека со тоа што мнозинството го изгласа Деловникот без опозицијата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја види опозицијата во Собранието.

„Тие донесоа партиски Деловник и затоа македонското Собрание остана без опозиција. Со нашиот протест само го вклучуваме алармот дека во Македонија се уништува демократијата и се инсталира партиско-полициска држава“, вели Емилијан Станковиќ од СДСМ, според кого колумната на Теута Арифи од ДУИ ја оценува како реакција поради „силувањето на демократијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ“.


Статијата е прочитана 912 пати.

Испрати коментар

Од: liberta
Датум: 22.07.2008 00:33:51
Sve e jasno kako den, dpmne sakase i dobi od narodot apsolutna vlast iako 'zlobnici' zborat deka po dpmne uspealo da ukrade odreden broj na glasovi (ne na sdsm) tuku so klasicna krazba vo ibornio spisok uspeale da si prepisat blizu 100000 glasov . Neznam dali ima visina vo ova ama i ne e vazno, vazno e deka dpmne pobedi i sega se odnesuva nedemokracki potocno receno se ponasa fasisticki, ova e opsta konstatacija i za zal e realna vistina, kapacitetot na edna vakva vlast neminovno vodi kon apsolutizam i patiziranje na cela administracija, pogotovo na MVR so koja sega vladee edna grupa na ljudje koj se poblisku do podzemnjeto otkolku do pravdata, vraboteni koj za da kazat nesto sto se slucuva vo nivnite sektori SEPOTAT ILI KORISTA SIFRI ZA DA PRENESAT KOJ KRIMINAL SE SLUCUVA A NESMEAT JAVNO DA PROGOVORAT. Toa e nazalost nasata realnost.
Од: опозиционер
Датум: 22.07.2008 08:14:48
Нема фајда од дискусии во собранието при вакво мнозинство. И во претходниот состав, кога имаше дискусии, резултатот беше никаков. ТИЕ си изгласуваат, без да имаат појма што гласаат, а, НАРОДОТ, очигледно е дека не ги следел дискусиите, бидејќи им даде уште поголема подршка. Нека ни` е наздравје со ваква демократија.
Од: Vasko Kosteski Bitola
Датум: 22.07.2008 08:15:27
Sobraniet na Makedonija ima 120 pratenici. Za da bide izbrana Vlada treba za neze da glasaat minimum 61 pratenik. Vratite na Sobranieto se otvoreni za site izbrani pratenici. Dali nekoj im zabranuva na gospodata od opozicijata da vlezat vo Sobranieto? Osven mozebi nivnite frustracii od 01. juni koga narodot kaza kolku vredat stavovite na SDS i kompanijata .
Од: Stradalnik
Датум: 22.07.2008 08:15:56
Pa i ke si ja izglasaat ako ovie sakaat so jazinja da gi vlecat vo parlamentot. Tie se narodni izbranici i mestoto im e vo Parlamentot a ne pred sudot.
Од: Atanasija
Датум: 22.07.2008 08:50:48
Kako "vo nitu edna demokratska drzava"?A nasava?Neli e demokratsa,spored toa kako vlasta ni ja prikazuva,a kako ja praktikuva demokratijata -e toa e nesto drugo>Pa uste red da se raspusti Sobranieto,g.Gruevski gi raspisa predvremenite izbori za da dobie iskljucivo dominacija vo Sobranieto sto ke gi potkrepuva negovite idei.Toa go dobi,a za sosem da ja iskljuci SDSM od Sobranieto-istiot den koga se Donesuva Delovnkot za rabota,go apsi potpretsedatelot na SDSM i eventualen lider na partijata.I g.Gruevski i g-gja Jankulovska i g.Veljanovski go znaeja ne samo denot tuku i casot na apsenjeto na g>Zaev,i znaeja deka SDSM ke ja napusti sednicata,a tie vo Sobranieto,bez diskusija ke go donesat Delovnikot.Za ova ne treba vidoka matematika,treba samo da se soberat eden i eden i da se dojde do gruevska Makedonija.Ke si se izglasaat site zakoni za koi Vladata ocekuva i poinakvo mislenje,pa zatoa na brzina site ke bideme podvedeni pod voljata na eden um.No,kade ni bese nam umot koga glasavme.
Од: Archelay
Датум: 22.07.2008 09:59:03
Ova e isto sto se sluci so SDS vo 1994 koga sam,bez sprotivstaveni si izglasa vlada samo sto togas nikoj za toa ne krevase prasinega,Sega za da bilo regularno,SDS bara pajtoni za da doaga na sednici.Sramota.
Од: Trajko od Stuka
Датум: 22.07.2008 11:01:58
Srekna 1948 godina.Se se vraka se se plaka..Po e....e nema kaene.Ako na drugiot narod mu e ubavo i mene mi e ubavo ,ama tava e od neznaenje.Koga ke se razbudite kasno ke bide.Golema sreka sto ne razbirate sto e demokratija a sto diktatura.Samo na nekoi nepismeni vo ocite im bode SDSM.Pa neka si ostanat ovci i taka za da se zagrevame ni treba volnena obleka..Energijata e skapa.Od tolku ovci i volneni gaki ke nosime.
Од: Goce Viena
Датум: 22.07.2008 11:26:19
SDSM i da bidat prisutni na sednicata pri izbor na vlada odnapred znaeme deka ke glasaat protiv pa barem neka si sedat doma i preku tv neka gledaat kako se bira vlada belkim nema nikoj da gi vidi kako se ligavat a za sedenjeto doma molam plata o.o% pa da gi vidime po nekoj mesec vo narodnite kujni na Gruevski kako cekaat red za topl obrok
Од: od mrki
Датум: 22.07.2008 13:10:33
Do Atanasija,ti ako si glasala za sdsm nikoj ne ti e kriv,Vmr e prava demokratija,sdsm nikogas ne bi proglaslila predvremeni izbori,i nemoj da zboris za celina na nrodot,jas glasav za demokratijata i za podobra buducnost na makedonija, toa i go dobiv,jas neznam ti sto baras za eden mesec kakvi promeni ocekuvas,da staneme svajcarci ili amerikanci,znaci se si zima vreme,sdsm 12 godini nisto ne napravi a ti sakas vmr da napravi svjcarci od nas za eden mesec,prestanete ve molam so takvi gluposti i ostavete ja vladata da raboti uste po efikasno,sledniot rekord na zakon se nadevam da bide uste po brz od segasniot 35 sekundi,i toj da se stavi utre vo sobranieto na dneven red,toj sto ne doaga na rabota da mu se odzema dnevnica pod hitno,i ako bide odsuten poveke od 12 pati godisno bez opravdanije da bide otpusten od rabota.
Од: b.c
Датум: 22.07.2008 13:22:25
i sega?orajte selani abre luge vi kazuvaa ve animiraa vi veleea posle 1 juni nema kajanje sto sega placete i tropate gluposti.trazili ste gledajte pa vie mu ja dadovte taa vlast apsolutna na fasistot i dikatator gujo i sega ova ona sto si nadrobivme tao ke si jademe nego ajde da ne dolzam mnogu istorijata ke si go kaze svoeto ako vo opsto i ke ima nekogas istoria bidejki kako trgnal gujo ke nema drzava a stom nema drzava ke nema ni istorija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Девалвирање на парламентот - закон за 35 секунди!