Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика
Ќе има ли мотивација кај гласачите за вториот круг?

Последната анкета покажала дека половината од испитаниците нема да излезат на гласање

Оливера Војновска



Пред финалето од претседателските избори добиваат на интензитет прогнозите за тоа дали може да ни се случи гласањето да биде и фер и демократско, но да нема доволна излезност. Оние кои се поскептични стравуваат дека ќе биде тешко да се обезбеди неопходниот цензус од 40 отсто, односно на изборите да излезат околу 720.000 граѓани.

Последната телефонска анкета на Институтот за демократија направена на 27 и 28 март, а во која биле опфатени 1.112 граѓани, покажала дека половината од испитаниците нема да гласаат во вториот круг на претседателските избори. Во истражувањето 45,8 проценти од анкетираните изјавиле „нема да гласам“, а 15 проценти одговориле „се' уште не знам“. Инаку, според резултатите од анкетата, претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, има поддршка од 25,4 проценти, а опозицискиот кандидат Љубомир Фрчкоски - 13,8 отсто.

Агенциите за испитување на јавното мислење во сите досегашни анкети правени во предизборието забележаа голем процент на граѓаните кои се изјасниле дека не се мотивирани да излезат на гласање, како и на оние кои немаат одговор за кого би се определиле.

Двете најголеми партии - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - чии кандидати го трчаат последниот круг од маратонот (а двајцата заедно имаат околу 550.000 гласа), доколку сакаат изборите да успеат - како што официјално тврдат, ќе имаат сериозна задача да ги испровоцираат луѓето - оние неопределените да излезат на гласање. Тоа веројатно ќе биде потешко во 34 општини во кои веќе се избрани градоначалници и нема да има втор круг од локалните избори. Во овие општини во првиот круг вкупно на гласање излегле 478.000 граѓани со право на глас. Изборите за локални функционери завршија во поголемите општини како: Битола, Прилеп, Штип, Струмица , Куманово, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, но и во помали центри како: Дебар, Кавадарци, Свети Николе, Валандово, Демир Капија, Кочани, Виница, Пробиштип, Крива Паланка, Кратово, Пехчево, Кичево, Ранковце, Новаци, Градско, Василево, Босилево, Другово, Центар Жупа, Сарај, Зајас, Желино, Осломеј, Вранештица и Дебарца.

Политичките аналитичари велат дека прагот што треба да се достигне не е за потценување, но веруваат дека независно од тоа што „народот во првиот круг испратил јасна порака дека не му се допаѓа понудата од двете најголеми партии и се изјаснувал за некој друга опција“, сепак, ќе демонстрира одговорен однос кон државата и нема да дозволи изборите да пропаднат. Според овие согледувања, луѓето ќе излезат на избори, па ако сметаат, нема да гласаат за ниту еден од кандидатите и на тој начин ќе го искажат незадоволството. Прогнозите се дека ниту една од партиите нема да повика на бојкот на изборите, бидејќи тоа ќе наиде на осуда и од домашната и од меѓународната јавност.

Професорот на ФОН, Трајан Бендевски, вели дека не треба да се потценуваат граѓаните. „Народот е многу повеќе свесен отколку што мислат политичарите. Тој ќе излезе на гласање не затоа што му се допаѓаат или не кандидатите, туку затоа што нема да дозволи светот да не' обележи како несериозни и незаинтересирани за државата. Напротив, луѓето се силно загрижени за иднината и перспективите на државата и во таа насока ќе манифестираат еден одговорен однос. Никој не очекуваше дека поранешните министри за внатрешни работи и за здравство ќе освојат толку гласови. Сите прогнози беа поинакви. Мислам дека во вториот круг разликата меѓу двајцата кандидати ќе биде помала“, смета Бендевски.

И политичкиот аналитичар Назми Малиќи верува дека граѓаните, сепак, ќе излезат на избори, а голема влијание за масовноста ќе одигра однесувањето на кандидатите и партиите кои ги номинирале. „ Ќе натежне здравиот резон на размислување, луѓето знаат што е добро за државата и нема да се решат да апстинираат од гласањето. Кај народот е многу високо расположението за влез во НАТО и ЕУ и тој нема да прави потези кои ќе ги намалуваат нивните надежи во овој правец. Мислам дека во овој дел од кампањата понагласено ќе се зборува евроатланските перспективи, очекувам и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ малку да се коригира и повеќе да ја експлоатира оваа тема. Влијание на излезноста, секако, ќе има и тоа што првиот круг имаше мирни избори, иако беа со демократски хендикеп“, вели Малиќи. Според него, и Албанците ќе излезат да гласаат за идниот претседател, независно дали ќе има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. „Албанците, исто така, се заинтересирани за прогрес на државата и да имаат демократска легитимација. Сигурен сум дека ќе излезат на гласање, можеби не во толкав број како во првиот круг, но секако нема да бидат незаинтересирани“, уверен е Малиќи.

Деканот на Правниот факултет на ФОН, Ѓорѓи Тоновски, вели дека општ интерес е да имаме успешни претседателски избори. Тој, исто така, е сигурен дека народот ќе направи правилна процена за важноста на моментот и така ќе се однесува. Тоневски е сигурен дека ниту една од партиите нема да повика на бојкот на изборите. „Такво нешто би било признание дека се чувствува слабо, загрозено и дека се плаши од пораз“, смета Тоновски.

На претседателските избори пред пет години, кога кандидати беа сегашниот претседател Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, се покажа како исклучително тешко да се достигне тогашниот цензус од 50 отсто. Не помогнаа многу СМС-пораките од една невладина организација: „Излези, гласај, ливчето нема да стаса само во кутијата“. Тогаш, за Црвенковски се покажа недоволна ниту коалициската поддршка од ДУИ, па ситуацијата беше спасена во последен момент. Откако се ангажираа странските дипломати, вмровците во 17 часот, два часа пред затворањето на гласачките кутии, почнаа масовно да излегуваат на гласање.

 


Статијата е прочитана 901 пати.

Испрати коментар

Од: MKD
Датум: 30.03.2009 02:02:48
Pa g.Vojnovska pridonesete i vie mediumite i novinarirte da ima izleznost i da se ispolni cenzusot na 5 april.Osudete i osuetete go sekoj obid za otvoren ili prikrien povik na bojkot na izborite,bez razlika kakva vi e politickata opredelba.Povikajte ja istata nevladina organizacija i site drugi, pak da pusta SMS poraki so ista sodrzina kako vo 2004 g.,posocuvajte na opasnosta i stetata koja ke ja ima RM ako pretsedatelskite izbori bidat neuspesni.So golemi bukvi neka Vi bide moto na naslovnite strani uspesnosta na izborite i povikot za glasanje.
Од: veselin
Датум: 30.03.2009 02:39:37
Da,ke ima motivacija. Konecno da se svestat makedoncite i da im presudat na site koi seuste rabotat na isceznuvanjeto na ova malku preostanato od Makedoncite i Makedonija.
Од: jimmy1
Датум: 30.03.2009 04:41:53
So neizgleguvanje na glasanjeto ne se postignuva nisto. Treba masovno da se izleze na glasanjeto i da se glasa protiv onie sto e tonat Makedonija. So neglasanje samo ke im se dozvili totalno da e unistat drzavata, ako veke ne e unistena. Najvitalnite drzavni ustanovi, sudstvoto, policijata, antikorupciska veke stanaja VMRO-ovski ekspozituri a antikorupciska treba da go promeni imeto vo Korupciska, zosto taa e najkorumiranata drzavna institucija. Neka iznesat dokazi deka stanovite na ovcarot, ooops na "Nadezda" deka se kupeni so svoi pari. Pa sprema kakov sto ni e standardot taa so edna plata ne mozi da kupi nitu supa a kamo li nekolku stanovi. Ako bila tolku sposobna ke gi kupela od poodamna a ne odkako Grujo stana ovcar na najgolemoto stado ovci. Dali nekoj znae kolkava im e imotnata sostojba na celnicite na Korupciska? ili pak toa e tajna za javnosta.
Од: Ози
Датум: 30.03.2009 09:52:29
Преку викендов ги тепаа студентите. Утре професорите. После 5ти сите останати. Само гласајте ги, па после кого ќе викате да ве брани? Бугарите?
Од: coci
Датум: 30.03.2009 09:59:26
e da be ,politicka nekultura.A kakva kultura e taa na VMRO i SDSM da kandidiraat takvi izdisani baloni za pretsedatel?pa Ivanov ne znae sebe si da se pretstavi kako sto treba a ne pak drzavata,A za frle ic muabet da ne pravime,barem da se naucese pomalku grimasi da pravi.Ma ne glasam.neka izvadat podeobri kandidati.Da sme pokazale deka sme za evropa,pa eve ke pokazeme,ne sakame da ne ponizuvat so nekvalitetni kandidati.ne glasame.NIKOJ NA IZBORI.DOMA.
Од: mkd
Датум: 30.03.2009 10:25:45
ovoj krug treba da se bojkotira nemam za kogo da glasam samo navredi nisto konkretno za narodot
Од: Trajko
Датум: 30.03.2009 12:21:01
Teshkooo....vladin pretsedatelski kandidat,koj deluva kako da e padnat od Mars,na kogo mnogu raboti ne mu se poznati a na duel mnogu mu se i edna minuta da dade sopstvena odbrana a ne da go brani napateniot makedonski narod.I so plemiel koj mnogu laze a i drugoto go pravi.Istovremeno raskazuva prikazni za mali deca kaj oloshot Milenko.Plemielot vo sluchajot svedmilk bil samo strojnik i zatoa za zalenje dobil samo chasha jogurt.Ne pretsedatel,vladata pod hitno treba da si zamine.Tepachi na sopstveniot narod ne ni treba.Taka ne bilo ni vo tursko.
Од: Марија
Датум: 30.03.2009 12:22:22
Народот ја има најголемата мотивација до сега . Треба да излезе во најголем број за да не дозволи да се поништат претседателските избори или не дај боже да победи Фрчко, готови сме , нема ни да не праша има да не продаде и око нема да му трепне.
Од: bobi
Датум: 30.03.2009 13:20:27
i jas se mislam dali da izlezam na glasanje.kvorum da pravam za edna vosocna figura od muzejot na madam grujo bas i ne bi sakal .
Од: jas
Датум: 30.03.2009 14:58:26
Ne izleguvam na glasanje!!! Sto mi mozete, moe pravo. Zar da pridonesam da go izglasaat onie nedovetni -ovci svojot nedoveten Gole..Nema teorija!Neka propadnat ovie izbori , pa ke gi vidam -ovcite i nivnite naterani glasaci kako ke glasaat po 6 meseci koga krizata ke ja javne MK i ke nema za jadenje , a ne lopati na site strani , predizborni , da letaat...
Од: R.R.
Датум: 30.03.2009 15:45:46
I vo vtoriot krug narodot ke izleze na glasanje,ke pobedi podobriot ! A onoj sto gubi ( citaj SDSM) pusta propaganda od vakov tip-deka narodot nema da izleze na glasanje!
Од: З.Т.
Датум: 30.03.2009 15:50:06
По мое мислење кај народот има мотивација да се излезе на вториот круг на гласање на 5 април. Тие што повикуваат на бојкот на изборите не се во право затоа што изборите се демократски и слободни и неможе некој да ги повикува граѓаните да не излезат на гласање. Граѓањите се доволно свесни за да одлучат дали да гласаат или не,а не да слушаат некои политичари кои си ги гледаат сопствените интереси. Тие исти политичари пред првиот круг активно го повикуваа граѓанинот да излезе на гласање а сега се прават недоветни и против демократијата во земјава. Нема што да им се верува на тие политичари туку треба да се игнорираат и да се оди по сопствена волја за гласање.
Од: glasac
Датум: 30.03.2009 17:32:16
Dilemata da se glas ili ne e golema. Realno ne sum ni za dvajcata no sepak bi glasal za Frckoski od pricina sto bi imalo barem mala protivteza na Gruevski. Plus nekako se mi se vrti vo glavata mislata deka ova se posledni izbori vo Makedonija kakva ja znaeme.Veke na slednite mislam deka administracijata ke bide megunarodna. Tocen e sloganot OSTVARUVAME. Samo prasanjeto e sto ostvaruvame?

Најди! во Утрински
Политика
Наместо ТВ- дуел, навреди и караници
На истокот повеќе ништо не е исто
Двајца градежни инженери во решавачка битка за Велес
„Достоинство“ го демантира Груевски дека ја одбиле неговата понуда
Прекршочните против медиумите процесуирани, казни нема
ДИК заврши со приговорите
„Официјална“ посета на Зоолошка во Скопје
Фрчкоски е недостоен за претседател