Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Наместо ТВ- дуел, навреди и караници

Дајцата универзитетски професори не избираа зборови за да се понижи противникот

Оливера Војновска



Наместо аргументирана дебата за клучните прашања за државата - спорот со името, евроинтеграциите, македонската јавност изминатиот викенд беше сведок на жестока расправија меѓу двајцата претседателски кандидати Ѓорѓе Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски од СДСМ, која на моменти беше со непримерна реторика, спуштена на многу ниско ниво.

Првиот дуел на двајцата претенденти за највисоката државна функција, кој беше на Македонската радио-телевизија, се претвори во арена за лични дискредитации и етикетирање. На ова прво телевизиско соочување во финалето на изборите граѓаните не можеа да видат ништо друго освен видлив анимозитет меѓу кандидатите на десницата и на левицата. Двајцата универзитетски професори меѓусебно се навредуваа, притоа не избирајќи зборови за да се понижи противникот.

Дуелот Иванов-Фрчкоски не и' оставил впечаток на професорката Весна Шопар, која воопшто не е изненадена од нивните настапи. „Тоа се вика негативна кампања, напаѓање на противникот и тоа е вообичаено во Америка, го има и во европските држави. Нивниот дуел не ми остави посебен впечаток, имаше само многу навредливи зборови. По емисијата, остана една празнина, дури немаше апсолутно ништо што може да замисли, заинтригира. Друго е прашањето како таа нивна реторика ја доживуваат луѓето“, вели Шопар. Таа смета дека граѓаните веќе се навикнаа да слушаат и да ги гледаат политичарите како се навредуваат и потсетува на дуелот од 1998 година меѓу Бранко Црвенковски (тогашен премиер) и Љупчо Георгиевски (лидер на ВМРО-ДПМНЕ). „Тогаш беа искажани обвинувања за консумирање виски, кокаин, беа спомнувани психијатриски институции. Чувството на непријатност беше присутно и тогаш и сега, но мислам дека по дуелот Црвенковски-Георгиевски веќе ништо не изгледа шокантно“, додава Шопар.

Во соочувањето на МТВ, Фрчкоски и Иванов воопшто и не се именуваа, туку еден за друг зборуваа: „владиниот кандидат“, „драги мој противкандидату“ или „кандидатот“. На неколку наврати Фрчкоски со нескриена иронија дофрлуваше: „А бе Ѓоле“ или „Ѓорѓе“. Тој цело време го критикуваше Иванов ставајќи акцент на неговото политичко неискуство и сервилниот однос кон премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Го нарече Иванов „восочна фигура“, „недоветен“, „табула раза“, „празно место“, „бела хартија“, кажа уште дека „лета како змај“. За него Иванов е тотално неинформирана личност за преговорите за името, па затоа го праша: „Кој филм му го пуштаат во Владата?“

Иванов, пак, постојано споменуваше дека има забележителна нервоза кај Фрчкоски. „Што да правиме, кандидатот е нервозен“, велеше Иванов, возвраќајќи дека во времето кога тој се занимавал со политика Фрчкоски бил познат како „асистент буреконосач“. Иванов побара признание од Фрчкоски дека тој го вклучил во политиката, но доби уште една квалификација, бил „последен изданок на комунизмот во издишување“.

Иванов мавташе со програмата, тврдејќи дека ставовите за НАТО се во неа, и го прашуваше Фрчкоски каде е неговата програма. А овој, пак, дофрлуваше: „каква програма, бегај таму!“

За Иванов резултатот од долгогодишното практцирање на Фрчкоски во политиката е „црна дупка“. Тој, како што рече, „му симнува капа на Фрчкоски за криминал“, а неговиот „удел во Рамковниот документ е само тоа што му украл пенкало на Црвенковски“! Иванов, негираше дека некогаш бил против Охридскиот договор и демантираше дека упатувал клетви до млекарите. Тој тврдеше дека никогаш не кажал такво нешто, а епизодата со клетвите до седмо колено е конструкција на „медиумите блиски до опозицијата!“

Фрчкоски има впечаток дека „владиниот кандидат е паднат од некаде во Македонија и е потполно вон контекст!“ Според него, „владиниот кандидат е издизајниран да биде восочна фигура, а премиерот да биде единствениот батко Ѓоргија во село, градоначалник, премиер, претседател се'!“ Затоа тој е уверен дека на „5 април Македонија ќе знае да избере лидер од кој нема да се срами“. Фрчкоски прогнозира дека оваа година нема да добиеме датум за преговори, а доколку „до крајот на годината добиеме симнување на визниот режим, целата Владата треба да заигра оро“!

Иванов, пак, сигурен е дека „гласачите повторно ќе ја одберат десницата и ќе заврши циклусот на транзициски политичари!“

Иванов не е загрижен за оценките на мозокот за проширувањето на НАТО, Брус Џексон, дека Македонија е изолирана држава и предупредувањето на опасноста дека некои држави можат да исчезнат. Тој го нарече Џексон „нерелевантен фактор, лобист“ и се пофали дека своевремено му организирал предавања на Правниот факултет. Интересно е што веднаш по дуелот, Груевски беше на емисија на телевизија Канал 5 и таму искажа многу поумерени квалификации за Џексон, нарекувајќи го пријател на Македонија. Впечатокот беше дека премиерот сака да го ублажи настапот на Иванов.

 


Статијата е прочитана 4889 пати.

Испрати коментар

Од: Klinton
Датум: 30.03.2009 00:07:43
Strasna greska na SDS sto go kandidiraa Frcko. Podobro ke pominese Sekerinska, Nikola Popovski...
Од: sveto
Датум: 30.03.2009 00:20:43
Sto ke bese taa repriza na MTV-celata cenzurirana.kako nemaat sram,dali mislat deka site se kako glasacite na VMRO???vo ovaa drzava ima ludje i so mozok.Ta neli Frcko e nikoj i nisto od sto se plasat???
Од: Mihajlov
Датум: 30.03.2009 00:23:20
Legendite na VMRO Vancho Mihajlov i Todor Aleksandrov sigurno se prevrtuvaat vo grobovite, koga slushaat, kako komunjari kako Ivanov zboruvaat vo imeto na VMRO
Од: Гласач
Датум: 30.03.2009 00:51:42
Жална РМ од овие кандидати.Народот вели:„Од две зла одбери го помалото“.Во случајов изгледа дека е тоа Фрчко.Зошто:Иванов изгледа е стварно недоветен и се е некако отсатен без свое јас додека Фрчко е изгледа единствен во државава на кого не му е дојдено до рејтинг и е спремен на тоа негово видување за името и по цена за негова утрешна дискредитација но РМ кога ќе влезе во НАТО и ЕУ структурите повеќе ништо нема да биди важно.Тогаш сите среќни и весели ке расправаме за др.теми.Напред Фрчко
Од: Makedonec vo EU
Датум: 30.03.2009 01:18:02
Faktot sto Ivanov voopsto e kandidat za pretsedatel, e dovolen da go zasrami sekoj normalen covek vo FYROM.
Од: Пу Пу Неважи
Датум: 30.03.2009 01:27:05
Иванов е лажго и лицемер, кој не знае два збора да сврзе. на дуелот дојде подготвен, со однапред дадени прашања од МТВ чии одговори ги подготвувал со денови, тоа беше очевидно. На на YouTube ги има видео записите кадешто лажгото Ѓорѓе колне како некоја баба и фрла клетви врз невините млекари. Ставил слоган - Еден за сите - а на млекарите им вика - за вашиот проблем не е задолжена Владата. Па за кои тоа СИТЕ е тој? Тоа сите за него е само администрацијата?! А неговиот ментор Груевски на минатите избори правеше сопствена реклама со Сведмилк, со што ги излажа млекарите дека станува збор за сериозна компанија. А, сега лажат дека тие не се виновни за млекарите. До кога со вашето лицемерие?! Немате ли барем малку срам кога лажете?! Се плашам дека клетвите до седмо колено ќе го стасаат токму тој кој ги фрли - Ѓорѓе Иванов. Јавно изјави дека терал студенти да збираат потписи за друг кандидат, а после вика - пу, пу, не важи. И, ти ли Ѓоле ќе бидеш претседател?! Ти си срам за Македонија!
Од: Doktoranti od Holandija
Датум: 30.03.2009 01:47:07
I pokraj vasite nameri da go svedete Frckovski na krajno niskoto nivo na Ivanov, vpecatokot od ovoj duel bese deka Frckovski ja odnese ubedlivata pobeda, so svojata elokvencija, ostroumnost i obrazovanost. Se dobi vpecatok deka ima uste mnogu sto bi mozel da mu kaze na Ivanov, no deka sepak se vozdrzuva. Negovoto obrakanje kon Ivanov ne go doziveavme kako besmislen i navreduvacki napad na Ivanov, tuku kako kazuvanje na vistini sto glasacite treba da gi znaat pred da se opredelat. Ne zaprepasti, zasto mnogu poveke ocekuvavme od univerzitetski profesor, neelokventnosta i mnogu niskoto nivo na izrazuvanje na Ivanov. Mozebi i toj imase sto da kaze, no prostiot i oskuden recnik go onevozmozuvase vo toa.
Од: MKD
Датум: 30.03.2009 01:51:28
Gospogo novinarke ova ne se navredite na dvoecot Ivanov-Frckoski,tuku navredite od Frckoski.Zatoa so napisot ne go amnestirajte od nesto za koe samo toj e vinoven-niska i nedostoinstvena debata.Veke spomnav deka vakvite debati vo koi akter e Frckoski nema potreba da gi ima.No covekot e svesen deka gubi i ova samo mu e moznost da se "ispuka" na protiivkandidatot.A mediumite i novinarite koi uporno insistiraat da ima vakvi debati znaejki kakov nastap ke ima Frcko,se negovo ogledalo.Nikoj pa i tie ne ocekuva konstruktivna debata od luzer bez dostoinstvo.Slusnavte li nesto novo od nego?Mislite deka so toa saka da sobira poeni za glasanjeto.Ne.Celta mu e edna sto poveke da go isponavreduva Ivanov,idniot pretsedatel na RM,Vladata,Gruevski.Da go isturi besot.Nisto drugo.Svesen e deka mu prosol vozot.Kako i sekoj davenik vo ziv pesok i Frce taka ke zavrsi.Sto poveke preta,podlaboko i posigurno tone. Birajte megu belata kniga-Ivanov i crnata kniga-Frcko.
Од: Are
Датум: 30.03.2009 02:00:34
haha frckovski e zakon coek posle onaa debata za nego ke glasam, abe Dzole be lool ama seriozno onoj na vladata poima nema od politika, glup ko nokj, sramota.
Од: lenin
Датум: 30.03.2009 02:36:49
Vakvi kandidati za predsedatel ne mu trebat na nikogo i duelot bech katastrofa.
Од: од09
Датум: 30.03.2009 02:46:23
Ваков однос на двајца политичари не е ни за напазар.Јас бев изненаден од јазикот на Фрчковски и се покажа дека човекот има уличарска навика да се однесува вулгарно.Тој не е за претседател,на една држава.Претседател треба да има почит спрема сите негови не истомисленици али овај је за на Битпазар да продава грав и компири.
Од: Filip Shumski USA
Датум: 30.03.2009 03:18:37
Sepak od ova shto se sluchuva na ovie izbori vo R.M.se gleda deka ushte golem del od Makedonskiot lektorat se jako poslushni partiski pioni so koi mnogu lesno manipuliraat golemite makedonski partii i nivniot glas go davaat za partijata a ne za lichnosta koja e predlozena kako kandidat odnosno (partijata da postavi nekoe magare kako kandidat tie i za nego bi glasale ako toa e predlozeno od nivnata partija). Toa mozebi ke pochnese da se narusi i ke pocneja glasachite da ja gledaat lichnosta kako kandidat koj ima vrednost a ne partiskata pripadnost ako VMRODPMNE go prifatese za zaednichki kandidat gospodinot Srgan Kerim taka sto sigurno i ke nemavme 2 krug na glasanje a i samiot lektorat ke pochneshe da go svaka praviot pluralizam a ne ova shto se slucuva ushte polosho od ednoumieto kako shtogo narekuvate. Ise ga se chudime shto nashite dva kandidata za predsedateli se karaat ko jatrvi mesto da ja predstavat svojata programa pa toa e programata koja sekojdnevno ja imamae od DPMNE i SDSM.
Од: Trpe 2
Датум: 30.03.2009 07:13:38
Luge se e jasno i se' se vide vo ovaa kampanja.Ednostavno :TAKVA NI' BILA SUDBINATA !Zamislete i edna izjava na poznatiot advokat Tortevski ,na nekoja od TV,deka Selmani mu ostavil vpecatok !Covek koj se bavi so prodazba na maslo i koj ima somnitelna diploma! Ako Tortevski ne moze da prepoznae sto i' treba na Makedonija sto moze da se ocekuva od drugite.
Од: pink panter
Датум: 30.03.2009 07:21:27
Gospode prosti im-mnogu se greshni ovie dvajcava!!!
Од: Dr.Stojadin Naumovski
Датум: 30.03.2009 07:28:33
Napisot neizbezno povikuva na pregleguvanje na video zapisot od Vasington od mojata razmena so Lindon La Rouche uste vo 2001 godina ( na samo 9 dena pred 911). Videoto go ima na arhivata na www.makedonija.tv . Veruvam za mnogumina ke bide budilnik za segasnata sostojba kaj nas vo Makedonija. La Rouche vo svojot komentar voedno dava seriozna analiza za Makedonija i NATO, (EU)no i predviduvanje za ekonomijata voopsto kakva sto e denes.
Од: student
Датум: 30.03.2009 07:51:44
ajde Gorge, mozesh ti, izdrzi ushte malku. Gi natepavme studentite, stocarite, intelektualcite, profesorite, ... ushte nekolku deka da gi iznatepame i drugite i pobeta e tvoja. Ostanaa ushte malku koi razmisluvaat so svojata glava. Po izborite ke bidesh Pretsedatel na kravite, livadite, praznite shkoli, siot dobitok vo MK; Oti nema da ostane covek so zdrav razum. A za demokratija ke se pishuva po knigite. Vi se blizi sudniot den. Stalin
Од: makedonka
Датум: 30.03.2009 08:10:05
Navredite bea samo od strana na Frcko kon Ivanov.Daj ne bidete pristrasni za SDS.Stvarno so tie kletvi preteravte!!!Covekot samo rece deka treba da se misli pozitivno,t.e. da de ima dobri (pozitivni misli )sto sekoj ucen psiholog i psihijatar ke vi go kazat,a da ne zboruvame i crkvata.I samo rece toj sto misli negativno i pravi loso moze da go sledi i do sredmo koleno.I sto tuka gledate kletva ?Kletva e da ti kaze"Da dade Gospod da ti se sluci ova ili ona...."I daj prestanete da mu gi izvrtuvate zborovite na covekot.Cela javnost go vide negovoto dostoinstveno drzenje a krivo vi e sto Frcko izleze nekulturen i toj e sram pred se za negovite roditeli bidejki nema domasno vospituvanje.Toj celo vreme go vregase Ivanov ,a ovoj samo mu rece deka mu simnuva kapa na negovoto iskustvo kako politicar t.e.togas za prv pat go spomna negoviot kriminal.Pa zar toa ne e tocno?Zar site nie ne go znaeme Frcko,pa ne se rodivme vcera za da ne znaeme sto se slucuva od 90-ta navaka.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 30.03.2009 08:13:53
Џексон „нерелевантен фактор, лобист“ Kolku e Jackson nerelevantel faktor toa neznam, no siguren sum, deka povekje gi razbira rabotite otkolku Grujo i Ivanov, a pokraj toa Jackson ne se naogja vo izborna kampanja.
Од: Трпе
Датум: 30.03.2009 08:26:18
ТВ дуелот кој се одржа во пропаднатата тв куќа,кој го водеа водители на музички емисии,немаше никакви караници и кавги.Фрчковски за владиниот претседателски кандидат,Ѓоле ја кажуваше само вистината.Од вистината не треба никој да се плаши.Ако победи Ѓоле,ќе биде послаб и од англиска кралица.Македонскиот народ тоа што ке си го одбере ке мора и да си го трпи.Ако му одговара изолација и диктатура.
Од: Лавица
Датум: 30.03.2009 08:33:18
Г-ѓо Војновска, дали вие го гледавте дуелот? Немојте Иванов да го ставате во ист кош со Фрчкоски. Што мислите да добиете со тоа што пишувате тенденциозно за нешто што го гледаше цела држава? Луѓето не се слепи и глуви и знаат да оценат што е добро, а што не. Тоа ќе го разберете и вие на 5 април.
Од: jovica
Датум: 30.03.2009 08:34:59
Mnogu e ineteresen Frckoski, koj od pregolema zaljubenost vo sebe, narcis pogolem i od samiot Narcis, so prizemnite navredi si go podjaduva tloto pod nozete. Ne moze da odmolci ni dodeka protivnikot zboruva. Otkoga ke g izgubi izborite neka sedne i neka se posveti na dorabotka an Ustavot, vo delot na ingerenciite na pretseadtelot na drzavata. Novoto poglavje koe ke go ponudi treba da se vika: pretsedatelot gi stiti site nezadovolni gragjani ( koi strajkuvaat, ili imaat namera da strajkuvaat). Taka ke moze da se mesa vo site raboti na Vladata.
Од: Стариот Бате
Датум: 30.03.2009 08:42:28
При норм��лни услови на избор, претседателот веќе е избран, но по се изгледа дека ќе трпиме еден недоносен и несозреан тип. Дуелот го покажа тоа, на човекот му сметаше времето, а зборовите ги повторуваше како снимена лента. Дудук за претседател, гласајте народе.
Од: vesna
Датум: 30.03.2009 09:09:15
katastrofa! definitivno ne glasam! do koga ke go birame, za nijansa pomaloto zlo!? pred sekoj izbori, se cuvstvuvam kako psihijatar, na koj mu e obvrska da gi islusa frustraciite i kompleksite na svoite pacienti. vecno ke ostaneme zatvorena psihijatriska klinika vo koja ne se definirani ulogite na lekarite i pacientite.
Од: ginger
Датум: 30.03.2009 09:14:21
Do Makedonecot vo EU Treba da se preimenuvas ko na nam sto ni se obrakjash, vo FYROMEC vo EU!
Од: VISTINA
Датум: 30.03.2009 09:17:54
Ne daj boze da pobedi Frckovski!Makedonija ke klekne na kolena!Ova neka e jasno na site!Frcko ke ne vrati na kraj od Vtorata Balkanska vojna.
Од: realen
Датум: 30.03.2009 09:28:28
Ova bese duel so sekundati za turbofolk. Sto da se ocekuva od ocekuvanoto. Frcko dosleden na sebesi, no barem odgovara na prasanja, a onoj G-din Ivanov - nitu minuta ne moze da svrze i kaze sto misli, odnosno izumil Gruevski sto mu kazal. Duel so ocekuvacki ishod, potroseno vreme, a Ivanov briljirase vo svojata nesnaodlivost i neznaenje. Ova treba K15 da go preraboti vo komercijalni svrhi.I vsusnost sto ocekuvavte, da se pregrnat kako kolegi, pa toa se dva tabora, samo sto edniot stanal profesor sto polni amfiteatri, a drugiot moli boga nekoj da mu dojde i go slusa negovoto peltecenje
Од: Бастион
Датум: 30.03.2009 09:39:58
Овај дуел,кој требаше да ја измери умереноста и зрелоста на 2цата кандидати,на крајот го докажа сосем спротивното.Наместо од 2ца универзитетски професори да се изнаслушаме убави зборови и да научиме нешто од нив,ние бевме сведоци на квази-кандидати,претенденти за функцијата Претседател на РМ. Очигледно е дека и СДСМ и Вмро-Дпмне ја утнале скроз овај пат со нивните кандидати.За да бидеш Претседател сака многу. Треба визии за иднината,треба култура,треба умереност. А не да слушаме како Иванов му вика на Фрчкоски дека бил "буреконосач",или пак како Фрчкоски го нарекуваше Иванов"восочна фигура и табула раса".Значи пред се треба да се дадат конкретни предлози за решавање на спорот со името,за издигање на дипломатијата на повисоко ниво,и решавање на многубројните проблеми на граганите. А на овие 2ца,треба да им се забрани не само политика,туку срамота е и да останат професори. Што ли ќе научат студентите од Нив?! Тие треба да служат за пример,а не за колнење до 7мо колено,и обострано врегање
Од: zabegan.
Датум: 30.03.2009 09:59:28
За љубов се потребни двајца така и за ДУЕЛ треба двајца.Не да го сакам ФРЧКА но ме интересира зошто овие од ВМРО го брукат ЧОВЕКОТ НИ крив ни должен??? Абе ЃОЛЕ да шо ти требаше ова НА прашајне да не можеш 3 минути да одговараш само неколку секунди да си лупнеш по нешто и жив да останеш.КАКО СИ СТАНАЛ ПРОФЕСОР и да предаваш на студенти не мие јасно што ти можеш да предаваш.ПРАЗЕН СИ КО ЛЕЈКА (ИНКА).
Од: saso
Датум: 30.03.2009 10:02:19
nikako ne razbiram kako SDSM ne nauci deka mora da se reformira i da rascisti so starite i izliteni kadri (frcko, bate brane, ismail, i dr) neodime nikade so ovaja garnitura tuka samo ce tapkame vo mesto se nadevam deka ce svatite sto propustame site,da bese sega pomladoto rakovodstvo bes damki ce bevme barem ramnopravni a vaka uste mnogu ce gubime.
Од: Kavadarci
Датум: 30.03.2009 10:13:53
Bravo za Frckovski, mu pokaza na vmrovskiot kandidat deka za pretsedatel potrebno politicko iskustvo. Vo cela emisija Frle bese odlicen, a ovoj deluvase kako nedoveten, kako poplava da go izbacila .
Од: Zacuden
Датум: 30.03.2009 10:29:00
Me zacuduva toa sto nikoj, pa duri ni novinarite ne obrakjaat vnimanie na sodrzinata tuku na formata. Ajde da gi ostavime na strana navredite sto dvajcata si gi upatuvaa eden na drug i da vidime sto imame: 1. Iskustvo; 2. Elokventnost; 3. Obrazovanie; 4. Stav; 5. Individualnost; 6. Kariera; 7.IQ (koeficient na inteligencija); 8. Harizma 9. Megjunarodni poznanstva Ova se po mene kvalitetite sto treba da gi ima covekot koj kje me zastapuva vo svetot. Ocenuvajte od 1-10 poeni za sekoja tocka, i covekot sto treba da bide pretsedatel sam kje vi se kaze. PS. Zamislete da treba da odite na sud. Za advokat koj kje ve predstavuva Imate dve opcii, od edna strana imate advokat koj e: inteligenten, harizmaticen, bezobrazen, iskusen, etabliran, elokventen itd, i drug koj toa ne e. Kogo bi go odbrale?
Од: Zmija ili magare
Датум: 30.03.2009 11:10:22
Tv duelot bese katastrofa. Vladiniot kandidat so oskuden recnik i so ona sto po instrukcija na Grujo go zapomnal( pa i toa ne mozese da go iskaze na ubedliv nacin) Frckovski pak so negovata svojtevena arogancija, i cinizam, gledajci ja intelktualnata inferiornost i nepoznavanje na Ivanov po sekoja cena nastojuvase da go omalovazi. No na kraj samite si ja kaza vistinata eden za drug. Edniot( Ivanov) bil vo Sekretarijatot na socijalistickata mladina na SFRJ i ucesnik vo site tie partiski skoli, a drugiot( Frcko) bil posleden sekretarna OOna Sojuzot na komunistite na Pravniot fakultet.( kutriot Ivanov kaza deka bil generalen sekretar ) E pak Makedonski narode biraj :medju zmija date klukni ili magare da ti go lu....!
Од: Alek
Датум: 30.03.2009 11:45:41
Ах мори, лавице, и тука ли почна да рикаш? Колку ли му одговараат на пастирот лавици, т.е. овчички како тебе :). Абе кутриот Ѓоле отскокна на неговиот тас на вагата како пердув. Мора да се воспостави политичка рамнотежа. ГЛАСАЈТЕ ЗА ФРЧКОСКИ!!!
Од: Марија
Датум: 30.03.2009 12:04:28
само што ова им е најголема бламажа од нивното формирање , туку оваа грешка и нивните симпатизери нема да им ја простат. Па и самите нивни членови неподдршувајќи го Фрчковски никаде ги нема во предиз��орната кампања. Луѓево од СДСМ забегаа. Не знам како можеа да го предложат Фрчковски, не само што ова им е најголема бламажа од нивното формирање , туку оваа грешка и нивните симпатизери нема да им ја простат. Па и самите нивни членови неподдршувајќи го Фрчковски никаде ги нема во предизборната кампања
Од: nekoj
Датум: 30.03.2009 13:01:27
Doktoranti od Holandija, eve ke dodadam sto zaboravivte da dodadete za Frckovski: nekultura, prostotiluk, primitivizam; Golem e onoj covek sto znae da ostane na svoeto nivo (dokolku go ima se razbira), bez razlika koj go provocira. Se pocituva i stavot na budalite i ne tolku pametni luge, i tie imaat sto da kazat. Jas se zaprepastiv koga go vidov "duelot" sto poveke izgledase kako karanica na dve zeni srede selo, na cesma. Inaku bravo Vesna za komentarot!! Toa e vistinata :(
Од: bobi
Датум: 30.03.2009 13:15:37
gorgi e dobar za popravka na anteni.barem ke imame dobar priem na tv.i neka ne se nervira bidejki facata mu se izoblicuva ,a i nema za sto da se nervira .sepak e kniga so prazni stranici.toj i politika ajde be luge .ako toj moze da pomine ,togas neka ne ve cudi zasto sme bile 5 veka pod tursko
Од: ljupco,bitola
Датум: 30.03.2009 13:24:16
Nekoj spomna vo komentarite deka podobro ke bese namesto Frcko,da bidi kandidiran nekoj drug,Rada,Popovski... Jas smetam deka i vopsto da ne kandidiraa licnost,ami samo slika,sdsm ke osvoese poveke glasovi vo prv krug.
Од: zelezara
Датум: 30.03.2009 14:11:24
Razlikata pomegu Frcko i Ivanov bese kako vselenski brod i fiko
Од: pravda
Датум: 30.03.2009 14:53:53
Do Saso:zamisli Sasko sine ti predlagas reformi vo SDSM oti imale stari kadri,pa mil na bate -Singote,Pavleto,Lileto,Amdito,Stoiljkovici,Mustafovci i ostanatata bagra okolu DPMNEOVCI da ne se vo pubertet mili na bate stotuku ispileni kriminalci ili mozebi nedokvakani razbojnici koi eve vece 20 godini ni ja kreiraat politikata vo drzavata zaedno so Vmro
Од: R.R.
Датум: 30.03.2009 15:43:30
Frcoksi padna na nmogu nisko nivo ! Ivanov se drzese mnogu dobro! Od ustata na Frcko izleguvaa teski zborovi koi ne dolikuvaat na javna licnost no toa ne ne iznenaduva,toj samo i taka znae da zboruva! Se gleda negoviot neuspeh pa an sekoj mozen nacin sakase da kritikuva i pecka! Ama se mu bese za dzabe!
Од: koki
Датум: 30.03.2009 16:27:44
Pa luge moji zar pa ne li primetivte deka po sekoe obrakanje na Ivanov negoviot pogled odese vednas na levata strana odnosno pozadi kamerite barajki podrska od lugeto koji go spremale (veruvam deka pred ogledalo gi ucele "ne naracanite prasanja" zaedno so negoviot mlad student G....ev)
Од: Zagrizen taze glasac
Датум: 30.03.2009 16:53:18
Знаете ли мене што не ми е јасно? Зошто да гласам! Мислам ќе гласам за било кој освен за овие двајца. Чак Норис моментално има највисок рејтинг кај мене. Од двете зла помалото...па луѓе бе за претседател треба да гласаме, и тоа на држава не на одделение. Дебатата да се разбереме заврши со победа на Фрчковски, но и тој имаше серизни грешки. Спроти него да седеше некој поизделкан, ќе му го спуштеше здраво! Али овој дудуков... јас и двајцата ги гледам зошто ми се професори и искрено Иванов има подобра душа, али истотака сум свесна дека за избориве таа истата си ја продал. А ќе победи...тоа е сигурно. Не знам со што, али Груевски му го има измиено мозокот на народот!

Најди! во Утрински
Политика
Ќе има ли мотивација кај гласачите за вториот круг?
На истокот повеќе ништо не е исто
Двајца градежни инженери во решавачка битка за Велес
„Достоинство“ го демантира Груевски дека ја одбиле неговата понуда
Прекршочните против медиумите процесуирани, казни нема
ДИК заврши со приговорите
„Официјална“ посета на Зоолошка во Скопје
Фрчкоски е недостоен за претседател