ВМРО-ДПМНЕ е на пат да ги освои сите општини во источна Македонија
Иван Бојаџиски
Штип - Политичката карта на истокот од Македонија се сврте за 180 степени. Левата коалиција, која пред последните локални избори на овој простор од тринаесет општини имаше градоначалници во девет, а ВМРО-ДПМНЕ во само две, доживеа тотално фијаско. Во првиот изборен круг владејачката партија со коалицијата веќе доби шест градоначалници, освојувајќи ги притоа и двете најголеми општини - Штип и Кочани. Во преостанатите седум општини владејачката партија освои повеќе гласови во пет општини, а СДСМ во Берово и во Карбинци. Сосема е реална можноста, со оглед на состојбата на теренот на кој доминираат членови на владејачката партија кои ги „обработуваат“ гласачите, по завршувањето на изборите ВМРО-ДПМНЕ да ја освои власта во сите тринаесет општини.
ВМРО-ДПМНЕ веќе има градоначалници во Виница, Кочани, Пехчево, Штип, Свети Николе и во Пробиштип. Неговите кандидати стекнаа предност во првиот круг во Делчево, Македонска Каменица, Зрновци, Чешиново-Облешево и Лозово.
Во Штип кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Алексов, победи во првиот круг со 2.500 гласа повеќе во однос на својот главен конкурент Здравко Коцев од СДСМ. Иронијата на штипската приказна е во тоа што Коцев, за кого гласаа 12.475 избирачи, го направи најдобриот резултат за СДСМ во историјата на изборите за градоначалник во изминатите 18 години, и тоа без поддршката која оваа партија порано ја имаше од десетина коалициски партнери.
Но, и тоа не беше доволно да се спротивстави на владејачката машинерија која во своите раце ги имаше сите можности - од многу пари до голема логистика во околу илјада лица вработени во државната управа и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во последниве три години. Таа „илјадарка“ во старт му носеше на ВМРО-ДПМНЕ предност од четири до пет илјади гласа. Во Советот на општината ВМРО-ДПМНЕ со 13 од вкупно 23 советници го има мнозинството наспроти СДСМ со 7, ВМРО-НП со 2 и НСДП-1. Димитар Ефремов, поранешен градоначалник од СДСМ, стана советник на листата на НСДП.
Новиот кочански градона��алник Ратко Димитровски, во вториот обид успеа да урне две локални политички предрасуди. Прво, дека градот на оризот е сдсмовската тврдина која никогаш нема да попушти и втората, дека Кочани никогаш нема да прифати „странец“ за градски татко. Димитровски е од Делчево и на претходните локални избори кои ги загуби од Љубомир Јанев, како главна негова „мана“ се наведуваше неговото делчевско потекло. Сепак, сопственикот на печатницата „Европа 92“ и довчерашен пратеник, ќе остане забележан во политичката историја на овој град како прва личност која докажала дека бастионот не е неосвоив. Во овој град допрва ќе се види кој ќе владее со Советот на општината. ВМРО-ДПМНЕ има 8, СДСМ-7, ВМРО-НП-2, ЛДП и СДПМ-1. Во кочанската изборна приказна се појави фамозниот Бранко Јаневски со неговата СДПМ освојувајќи едно советничко место, што не му успеа во ниту една друга општина.
В недела, на вториот изборен круг, ќе се води жестока битка за освојување на градоначалничките места во преостанатите седум општини. Владејачката партија посебно ќе атакува на Делчево со цел да го детронизира неприкосновениот локален авторитет Мирко Иванов, кој сиве овие години е или градоначалник или пратеник. Трн во око на владејачката партија е и Берово, општина во која осумнаесет години е со поголема доверба кон СДСМ, и во малите општини Карбинци и Лозово во кои досега ВМРО-ДПМНЕ никогаш не победувал.
„Активисти на ВМРО-ДПМНЕ наголемо се присутни во нашава општина, применувајќи ги сите дозволени и посебно недозволени активности за освојување на власта. Новоизбраниот штипски градоначалник е постојано на овој терен, се врши една голема психолошка тортура врз населението, во функција е ставено се' од најава на големи проекти преку закани до пари“, вели Јордан Павлов од СДСМ, досегашен градоначалник и актуелен претендент за оваа функција во Општина Лозово. Информации за иста технологија на „освојување“ на гласачите од владејачката партија доаѓаат и од другите општини. Каков ќе биде расплетот, ќе се види веќе в недела.
Берово и Карбинци.Па сосема доволно Емилијан Игор Иванов и Макрадули да прогласат победа во села Источна Македонија.
И да побараат оставка од Власта, оти ете изгубила во две општините со многу голем број на гласачи.( Берово и Карбинци, сигурно заедно немаат повеќе од 15 000 гласачи.
Од: Сергеј - http://www.otpor.net.tf
Датум: 30.03.2009 00:21:04
Ама ајде! Па јавна тајна во кочанско е дека ДПМНЕ еден глас го наплатуваше од 1 000 - 2 000 денари (не даваше ни фискална, секако). Колку пари се потрошени (чии?!?) за освојување на „бастионот“ може само да се претпоставува. Па и тоа не им беше доволно, па мораа да го употребат стариот опробан трик со СДПМ, на која се налепија дури - 1 200 гласови! Токму поради СДПМ опозицијата го изгуби Кочани. За време на кампањата, „активисти“ на СДПМ (кои патем сите до еден се старо - печени вмровци) ги заведуваа гласачите дека за советничката листа на СДСМ е под бројот 2 (а тоа е всушност листата на СДПМ). Коњи - едните вистински, другите тројански.
Од: zoran
Датум: 30.03.2009 00:28:44
Pa normalna rabota,ke dobijat ,a se prasuva li nekoj kako?Zakani,pari,bugarski vozovi i na krajot pobedile,ama pocnaa fakturite da stignuvat.Tepanjeto vo Skopje,odpustanjeto od rabota ,poleka idat uste fakturi.Zamislete Zoran Aleksov zena mu ne go saka ke dobie 15000 glasa vo Stip,covekot otide vo edna konfekcija i vednas ja zatvorija,a sto ke se slucese da otide vo site.Zoran moze voda da mu nosi na Zdravko Kocev no ete pobedi,i Zdravko ubavo im kaza neka im e cestito na narodot blagodetite doprva ke gi vidat.Od druga strana Zdravko osvoi najmnogu glasovi od site izbrani Gradonacalnici do sega i toa samostalno bez nikakva koalicija,sto znaci deka nesto ne e vo red so izborite vo Stip za sto odgovor ke stignuva sekoj den a se razbira nekoj ke mora da plaka.Mozno li e narod so 2 milioni ziteli da ima 1800 000 glasaci ? Zaprasajte se MAKEDONCINJA!!!
Од: MKD
Датум: 30.03.2009 02:22:49
Toa e taka zatoa sto ogromni se kupcinjata beton (nekoi nalikuvaat i na ridcinja i mali egipetski piramidi) koi gradonacalnicite od SDSM gi napravija frlajki lopati na sekoi izbori na edni te isti kamen temelnici.I nisto ne se izgradi.Ni vetenite sportski sali,igralista,stanovi,ucilista i sl.Ne znam dali e komicna ili zalna gletkata koga na edno isto mesto,najprvin ke se okosese malku trevata okolu kamen temelot postaven od prethodnite izbori,ke se porascistese malce i pak se frlaa lopati i se secea crveni lenti.Ova narodot go gledase,a lokalnite politicari mislea deka se mnogu pametni i golemi mangi,demek narodot e glupav (glavno moto na SDSM) brgu zaborava i slabo pomni i mozeme da gi pravime blesavi kolku sakame.Glasovite se sobiraa so nevideni pritisoci,otpisuvanje na dolgovite za voda i struja na romite i svoite glasaci,setaa reketari so dzipovi po neesdeesovskite maala i kvartovi,se delese "socijalna pomos" vo vremeto na eden sega kandidat za gradonacalnik na skopska opstina
Од: caki
Датум: 30.03.2009 08:46:47
ima edna narodna pogovorka:frli nazad da najdes napred:ili :ta raka sto dava ne sane:e sega neka razmislat gradonacalnicite od sdsm oti znaeme nie kako bese pod tortura na nih e sega brat evropa demokratija nogu zalno sto ne mozat da svanat treba da se razbudat za idninata na familijata oti nekogas i negovoto si dete ke go mrazi poz
Од: гласач
Датум: 30.03.2009 10:47:50
Невидени притисоци врз народот и расврлање на народни пари имало значи и во други опШтини, а јас мислев само во нашата општина? Тоа ли е демократија и слободна волја на народот? И после Вмровците ни се криви- крив е народот што ги класа.
Од: sandra
Датум: 30.03.2009 10:51:34
E,Caki,Caki samo ti znaes sto si sakal da kazes.Treba da se vratis vo osnovno skolo da te naucat da pisuvas.Mene mi se poznati vakvi pisuvaci na vlasta
Од: Caki@
Датум: 30.03.2009 11:42:59
Почитувани сдсм-ОВЦИ!
Не ми е јасно до кога сами ќе се лажете.
Ај што се лажете, ама и си верувате, тоа е проблем.
1. ПАРИ - во Штип на сите им е познато дека НИКО ПЕТРОЛ му дал на Здравко 100,000 евра.
СДСМ потроши пет пати повеќе пари од ВМРО.
2. ПРИТИСОК - кој вршел притисок? ВМРО или СДСМ? А училиштата, а ИСАР, а локалната самоуправа, а ЕВН? Кој пцуе, кој се заканува, кој вреѓа, кој е хулиган?
3. ГЛАСОВИ - Ај пребројте си ги гласовите!
„Вистинските ВМРО-овци“ - народњаците, Бранителите кои вие ги лажете и манипулирате (за жал), ДУИ - продадените македонци за пет банки, а баш за Универзитетот дека бил за Зоран не ќе да е баш така, таму се 80% ваш кадар. Чакала изгуби со 5000 гласа фора.
Продлжете да сонувате, ама во следните 4 години ВМРО ќе ви покаже како се работи за градот.
Од: Марија
Датум: 30.03.2009 12:29:33
Како не им е срам на овие што коментират дека ВМРО-ДПМНЕ, плаѓале за своите гласови.
Ама ај не им се лутиме, кој губи има право да се лути, па да се надеваме дека и овие лаги се изречени во некој транс кога човекот се губи и прави работи кои нормално после ги одрекува.
Од: Trajko
Датум: 30.03.2009 12:39:09
A , shto posle izborite.Dali se prashuva napateniot makedonski narod.Makedonskiot narod e mnogu vreden no nemoze da napreduva poradi loshata,nesposobna vlast.Plemiel koj e mnogu golem lazov,chija najslaba tochka mu e ekonomijata koja mu e profesija od vechernata shkola vo Prilep.Narodot shto ke si zgotvi toa i ke si go krka.So gospod napred.Ama kako shto izgleda so kriminalni sveshtenici i gospod krenal race od nas.
Од: sasko
Датум: 30.03.2009 14:06:36
konecno ke padne i mirko (tafrako) vo delcevo a ke mu presudat onie sto gi narece kriminalci ili potocno site tie koi navistina bea nezavisni na ovie lokalni izbori.