Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Контрапункт

Со државата против државата

Никола Гелевски

Со овој жесток партиски упад во македонската држава таа не зајакнува, туку пропаѓа

Загрижува состојбата на демократијата во Република Македонија. Реално, слабеат сите можни сили и капацитети во општеството. Јакне само извршната власт, и тоа пред се' нејзините репресивни механизми. Не само што речиси е укината темелната демократска поделба на власта (на судска, законодавна и извршна), туку извршната власт атакува врз буквално сите сфери на општественото живеење. Притоа, стандардот на услугите што го добиваат граѓаните од државата (здравство, образование итн.) драматично опаѓа.

Опозицијата во парламентот е претставена со само 27 пратеници, но власта прави напори да ги отстрани од Собранието и тие (во смисла на политичко донесување одлуки – безначајни) претставници на народот (т.е. на партиите). Обидите да се уништи и онака мошне слабата опозиција се шират и кон локалните власти. Како некој до лудило богат и алчен богаташ (кој само за годинава под перницата стутка две и пол милијарди евра), власта сака да ги грабне и трошките од она малку власт и пари кои се' уште не се под нејзина контрола. Сеедно дали станува збор за локални власти или приватни пари, се чини дека се неограничени апетитите да се билда моќта на сегашната номенклатура.

Граѓаните, пак, се' уште гледаат сеир. Уживаат во спектаклите на апсење и во подгреаниот национализам (во топлината на „огнишното“ дувло кое станува се' помало и се' позатворено), не сфаќајќи дека неограничената власт метастазира неограничено и дека репресијата од овој тип има тенденција да се шири во сите насоки.

Граѓаните, божем определени за капитализам и за приватизирано и конкурентно стопанство, не сакаат да видат дека државата јаде речиси половина од целокупниот бруто-пштествен производ на земјата и притоа не испорачува речиси никакви услуги за возврат. Граѓаните не сакаат да видат дека претстојнава сезона просечната плата со која располага едно македонско семејство (а има многу семејства и без таа една единствена плата) целата ќе отиде за комуналии (струја, вода, парно, ТВ, Интернет), за фиксните и мобилните телефони и за превоз. Нема храна, нема облека, нема хигиена, нема културни потреби, нема патувања – има само да ја слушаш ВМРО, т.е. возвишената држава која толку жестоко се бори за националното достоинство на македонскиот народ.



Граѓаните не сакаат да видат дека дури и онаа друга половина од бруто-општествениот производ завршува во рацете на монополите кои, вака или онака, пак имаат дил со државата. Речиси сите покрупни бизниси во земјава се монополски и во дослух со извршната и, се разбира, со судската власт („Телеком“ е легендарна приказна која најдобро го отсликува односот меѓу монополскиот капитал и државата: огромниот десетметарски питон, „Телекомот“, е главниот љубимец на управата на Зоолошката градина, милата ни Влада; граѓаните тука се во функција на живи зајаци, стаорци, телиња, волови и овци кои му се испорачуваат на питонот како девици на чудовиште).

Работам во сферата на културата, пред се' како издавач, но и како актер во нешто што се обидува да биде зачеток на некаква независна културна сцена. И најнепосредно сведочам дека цели културни гранки во Република Македонија изумираат (или се претвораат во пластичен декор во погоре спомнатата Зоолошка градина). Истовремено, културните потреби на граѓаните - иако и порано биле многу скромни - драматично опаѓаат (наместо да растат, како во целиот нормален свет кајшто културните индустрии се во врвот на стопанските активности). Целокупната сфера на културата е сведена исклучиво на нејзината церемонијална димензија и одново е во функција на величање на власта и на национот (или, попрецизно, на двата национа).



Не постојат сериозни книгоиздателства (сите се мали, слаби, без капацитети за одржливост и речиси сосема зависни од милоста на власта), не постои киноприкажување, театарот пропаѓа со години, не постои ликовна сцена, не постои никаква посериозна културна критика, културните институции се во распаѓање и се делат како партиски плен – но тоа, се чини, никого не засега, најмалку власта (кон културата слично се однесуваше и претходната власт и за тоа сум пишувал во низа наврати). Наместо на културата да гледа како на развоен ресурс, власта го брише целото поле (оти станува збор за неколку илјади луѓе, безначајни како гласачи и како посериозно влијание) и ги користи буџетите за култура речиси исклучиво за партиски и медиумски манипулации, многу често со националистички предзнак, т.е. за миење на мозоците на неуките и наивните.

Упадот на извршната власт во архитектурата, урбанизмот, медиумите... исто така, е застрашувачки и деструктивен. И ретко кој се осмелува да писне против идиотските проекти залутани од 19 век, оти не се каса раката што потенцијално може да фрли некој залак, во ова толку зафркнато време („Крваво време / сето си / гола, измачена мрша! / Со чекан една по една / глави бабуњави кршат...“, пееше Конески пред многу години).



Најнакрај, парадоксално ќе резимирам: со овој жесток партиски упад во македонската држава таа не зајакнува, туку пропаѓа. Нешто слично вели и антропологот П. Кластрес: „Препуштени сами на себе, племенските општества водат војни не толку заради превласт колку од авантуризам. Ваквото хоризонтално војување (како и другите примитивни рефлекси) всушност работат против настанувањето на државата и нејзината вертикалност: насилството овде е форма на отпор спрема раздвојувањето, коешто за племињата е постојана, опасна или зла закана – насилството е форма на вечно распаѓање, или разбивање и прераспределба на моќта.“

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 1065 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 22.07.2008 00:32:48
stavrno ne te docitav pre vise davis, namesto taa tvoja energija da ja iskoristis za kritiki na tvoite sdsm-ovci a ti i tvojata partija uporni ste na ona posle juni nema kajenje.
Од: Janko Tomov, Avstralija
Датум: 22.07.2008 01:56:42
Dagi avtore, za da go iskoristite vashiot intelekt, koj ima potencijal, za dobroto na standardot na makedoncite, a posebno za socuvuvanje i afirmacija na makedonskiot identitet i suverenost,bi bilo dobro da go preorjentirate Vashiot afinitet na publikuvanje. Vie seushte ste pod vlijanija na ednoumieto, shto za nashi makedonski uslovi e utopija. ne mozam da svatam shto barate posle 17 godini, po zvanicnoto paganje na komunizmot-socilalizmot vo Makedonija, da ja podrzuvate taa demagogija, koja i vo kolevkata -Kina, svedoci sme deka se napushta. Bi bil sreken da Ve vidam na celo na demonstracii ili mirni protesti so Makedonci , bilo kade, za odbrana na imeto i nacionalnosta, a ne gubenje vreme vo ovakvo filozofiranje, koe vodi kon stopiranjeto na prosperitetot na makedoncite i na Makedonija.
Од: mitko za makedonskite perspektivi
Датум: 22.07.2008 02:18:23
Grujo e ubedlivo najlosiot premier sto ovaa drzava go imala. Postojat pola milion luge koi ne se slagaat so ova ama naskoro ke im stane jasno. Problem e sto najgolem konkurent za ovaa titula mu e Buckovski. Se na se, Makedonija nema asolni kadri. Zatoa i najloso se razviva vo regionot i ima najlosa perspektiva. Sto da se pravi? Treba da se izbere nekoj covek koj na MALA VRATA ke ja vnese Makedonija vo EU, po sto administracijata na EU ke go prezeme vodenjeto na ovaa drzava. Vaka nekako bese i za vreme na SFRJ pa zatoa i rabotite bea podobri. Toa e tragedijata na Makedoncite sekogas ke im e podobro koga ke gi vodat Slovenci (od Belgrad ili Brisel seedno). Surova vistina e ova. Sega malku za poimot MALA VRATA. Toa znaci so moljakanje, kompromisi, vetuvanja i sl zatoa sto RM vo nikoj slucaj ne zasluzuva da vleze vo EU. Toa ne go zasluzuvaa nitu BG, nitu R nitu Grcija (pred dvaeset god.), ama tie vlegoa na mala vrata. Tie treba da ni se primer kako treba ovaa operacija da se izvede.
Од: FILIP (od Makedonija)
Датум: 22.07.2008 02:39:00
Kumstvoto e najvazno za meka fotelja! Veke ne znam koj na kogo mu e kum ili bratuced - vazno se da ostane vo FAMILIJATA (koza nostra)
Од: mitko
Датум: 22.07.2008 03:51:19
Неверојатно Коља, неверојатно! Ете според коментарите се гледа колку и тој последен, давенички повик од луѓе како тебе да се види реалноста, да се тргне пердето, да се отфрли идеологијата и бедната надеж на која е сведено нашето размислување и да се реагира, за подобро утре е викање во празно. Не, не и не. Таа бедна реторика на двојност, на кудење на другиот, на етикетирање не доведе до ова „ да не те ни дочитаат“ а да знаат кој си, што си и зошто си. Ако нешто плаши тоа е тоа. Ако нешто ја убива и таа последна трунка надеж е што џабе се и луѓето како тебе. Џабе пена ви фати устата 17 години, џабе просветлување, џабе цитирање умно глави, едноставно не сме достојни за тоа. Едноставно ќе се јави дали Јанко од Австралија или Јанко од Скопје и тие, тотално неспособни да напишат една просто-проширена реченица како што треба, сепак ќе те закопаат. Ќе те закопаат во очите на неписмените, едно-умните бескичмењаци на кои се сведовме. Мислам дека е време за пченица.
Од: Vankuver
Датум: 22.07.2008 03:58:54
Tomov od Avstralija,drzavata i imeto ne se branat so plakati i grst demonstranti.Identitetot se brani so razvieni demokratski institucii,vlijatelna i megjunarodno priznata kultura,moken i kvaliteten obrazoven sistem,silna ekonomija,harizmaticni politicari koi sto imaat vizija,sto znaci gledaat napred i ne se zatskrivaat zad istorijata.Drzavata ne se brani so "potemkinovi sela"vrabotuvanje na tepaci i plakatolepaci,brkanje na obrazovani,dokazani i mudri lugje.Brkani samo zatoa sto ne mislat kako edvaj svrseniot student od Ekonomskiot fakultet vo Prilep i negovoto probisvetsko drustvo.Zatoa,od sekade ne otkacija,a grcite,sakale priznale ili ne,si igraat drndupka i so ovaa Vlada,a bogami i so nasiot narod i Makedonskata drzava.
Од: Kire
Датум: 22.07.2008 08:18:58
Gosopodine Tomov, A da dojdete vie t.n. zagrizeni patrioti od Avstralija i da zapocnete protesti za odbrana na nacionalnoto dostoinstvo. Sakam samo da ve prasam sto napravivte vie t.n."zagrizeni" gasterbajteri od tugjina vo izminatite 17 godini za Makedonija??? Pa vie ne uspeavte da se izborite i da izlobirate Avstralija da ne priznae pod ustavnoto ime, a kamoli nesto drugo?! Najlesno e da se LAE ko pes odnadvor, zatoa dojdete ovde, i so prosecna makedonska plata obidete se da prehranite 4-cleno semejstvo i istovremeno da ziveete so populizmot na pingvinot od Ilindenska.
Од: emil
Датум: 22.07.2008 08:41:36
Do janko i onoj od pirin. Abe sto skolo imate zavrseno Vie?
Од: Нуркачот
Датум: 22.07.2008 09:06:18
Јанко, Гелевски зборува токму за тоа-едноумието А ти како голем македонец, наш претставник во Австралија, де поработи малку таму да не признаат под уставно име. Така најдобро ќе помогнеш. Демострации малку,маршови, еве еднаш неделно.
Од: Mihail Stojkovski
Датум: 22.07.2008 10:12:11
Otpor. Na ova ludilo mora da mu se sprotistavime
Од: ЗСС - Скопје
Датум: 22.07.2008 10:18:23
Секој ден ја гледам тупаницата на испружената лева рака од изборните плакати. Многу ме потсетува на Дуче, на Пиноче, ама ми личи и на нешто повеќе од тоа, на нешто наше Дуче-Пиноче. Јас барам политичар - убеден демократ, кој и по цена да ги изгиби изборите, ама мора да важи правото и да набобруваат демократските процеси. Без демократија нема ни економски развој, барем не на долг рок.
Од: реален
Датум: 22.07.2008 12:12:39
Нажалост едноумието сега почна во Македонија оти се роди новиот Пиноче,-наш домашен производ со сонценце. Тешко на земјава и на овој народ. Ќе му требаат на Пиноче-Гујче многу илјади затвори оти наумил да затвора се што не на автопатот од неговото едноумие

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Без дебата, молам!
Македонскиот јазик ќе се штити со глоба во евра
Зденко
Уапсен Радован Караџиќ
И новата влада ќе биде изгласана без опозицијата?
Драмата на Егејците (20)
Парното во Скопје поскапе за 60 отсто
Чуму политика дедо Стефане?
Девалвација на парламентот - закон за 35 секунди!
Нови мистерии околу крвната група на новинарот Владо Танески
Арогантни господари
Студен бран ќе донесе пониски температури и невреме со дожд
Бугарија ќе го одвлече и регионот подалеку од Унијата
Verbatim
Писмото на Груевски го чека Баросо