Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ОМО „Илинден“ – ПИРИН во петти обид да се регистрира

За да го потврди почитувањето на законот, партијата одржа нова конститутивна седница со 500 делегати

Партијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ - ПИРИН најдоцна за 14 дена ќе знае дали петтиот обид да биде регистрирана како политичка партија ќе и' биде успешен.

Најдоцна за две недели судот треба да се произнесе за пререгистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, која досега четири пати Софискиот главен суд, надлежен за регистрација на политичките партии во Бугарија, ја одбива со образложение дека не е испочитувана процедурата за формирање на партијата.

Ботјо Тиков, претставник на партијата, за „Утрински весник“ изјави дека се надеваат дека овој пат судот ќе ги испочитува препораките од Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на партијата и ќе го уважи новото конститутивно заседание на партијата, причина поради која последниот пат беше одбиена нејзината пререгистрација.

Судот во октомври минатата година го отфрли барањето со забелешка дека конститутивното собрание на партијата немало доволен број делегати.

Во октомври оваа година ОМО „Илинден“ - ПИРИН одржа нова конститутивна седница со присуство на 500 делегати, како што налагаат бугарските закони, но овој пат во присуство на претставници на организации за човекови права, како потврда на законитоста на седницата.

Софискиот суд вчера ја разгледуваше молбата на македонското малцинство во Бугарија за регистрирање негова политичка партија, поднесена пред повеќе од еден месец. (Т.Г.)


Статијата е прочитана 998 пати.

Испрати коментар

Од: St.Patrik
Датум: 10.12.2008 01:44:15
Koj saka da se kladime deka nema povtorno da ja registriraat partijata?
Од: petre
Датум: 10.12.2008 08:24:34
I Bugarija vleze vo Evropa!!! Nitu gi sakam Bugarite, nitu pak ja sakam takvata Evropa!!!
Од: makedonce
Датум: 10.12.2008 08:31:07
pa se veli deka vo bugarija ima 3 milioni makedonci vo sto veruvam pa sto ne krenat glava makedoncite pa da dostavat 3 milioni potpisi pa togas bugarite mozat da krenat race..ali makedonceto kuti kako i sekogas...
Од: Toni
Датум: 10.12.2008 08:45:17
Mislam deka e vreme Makedonija da povede spor protiv Buigarija za ne pochituvanje na Evropskata konvencija za zastita na covekovite prava i voedno da pobara Bugarija da bide isklucena od Sovet na Evroipa dokolku prodolzi so krshenje na konvencijata. Ova e dobar isntrument kako i obvrska na Makedonija spored ustavot na RM da se grizi za polozbata na nejzinite malcinstva vo sosedstvoto. Redno e i vreme e da pocneme da go koristime megunarodnoto pravo vo zashtita na nashite MAKEDONSKI interesi .
Од: Стојан
Датум: 10.12.2008 08:47:43
Ако преовлада вкоренетиот идиотизам кај Бугарите, сигурно ќе нама регистрација. Но треба да се издржи. Напред Македонци.
Од: Samoil
Датум: 10.12.2008 09:16:30
Ajde veke registrirajte ja partijata pa potoa nie Makedoncite sto imame Bugarski pasos ke bideme golema potpora,i ke izglasame nasi gradonacalnici i parlamentarci od Pirinska Makedonija, Vo R.Bugarija Pozdrav do site Makedonci vo Bugarija
Од: судија
Датум: 10.12.2008 10:47:48
Се сложувам со St.Patrik дека нема да ја регистрираат и овој пат ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Од: avallon
Датум: 10.12.2008 11:40:14
Offff,. aide dosta, da zemat da gi registriaat OMOV- ci ta da se svarshi s toa circus
Од: D-r
Датум: 10.12.2008 11:45:06
hahaha,drugar,daj boze da ima 3 milioni makedonci,ama nekako ne mi e verno,Bg ima 7,? milioni ziteli od niv 3 milioni cigani,2 milioni turci i pomaci + 3 milioni MKD,a bugari...? :D
Од: MKD
Датум: 10.12.2008 14:14:07
pa se veli deka vo MKD ima 2 milioni bugari vo sto veruvam pa sto ne krenat glava bugarite pa da dostavat 3 milioni potpisi pa togas makedoncite mozat da krenat race...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
ДДВ на почек
Бугарските барања за споменици се нелогични
Verbatim