Одлуката на партиските органи Зоран Заев да раководи со СДСМ до мај кога се очекува големото враќање на Бранко Црвенковски на лидерското место, кое го напушти пред четири години, главно, наидува на позитивни реакции во партијата. Пред се', зашто името на Црвенковски, човекот кој раководеше со СДСМ цели 13 години, во кои имаше и подеми и падови, сепак, е синоним за победа над ВМРО-ДПМНЕ. А бидејќи целта е да се порази политиката на владејачката партија, во него многумина од социјаледмократите гледаат спас.
Меѓутоа, за некои проверени партиски кадри во доаѓањето на Црвенковски гледаат само добро преодно, но не и подолгорочно решение. Факт е дека партијата е во криза, меѓутоа прашање е кој се' ја продуцирал и дали главниот виновник треба да се бара само во поразот на последните парламентарни избори. На крајот, кога се' ќе се собере и одземе, претежнува мислењето дека корените досегаат многу подалеку.
Зашто, во СДСМ биле правени и крупни погрешни чекори, но не во однос на државата, туку поврзани за членството, со лошата кадровска политика, со односот спрема обичните граѓани, со арогантниот однос на врхушката спрема другите, со неразбирањето на проблемите на малите луѓе, со неценењето на партиската, туку само на лојалноста спрема шефот...
Оттаму, враќањето на Црвенковски на лидерското место го објаснуваат како инфузија за болен, но не и подолгорочна терапија.
На искусниот лидер на СДСМ му забележуваат дека самиот недоволно го промовира единството, без кое нема вистинско заздравување на партијата, туку и натаму го преферира дружењето со мали групи избраници. Незадоволните на своите сопартијци им забележуваат дека и на последната седница на ЦО повеќе им било важно како ќе се гласа на претстојниот конгрес (јавно или тајно) отколку кои и какви ќе бидат следните чекори на Владата на Груевски.
Дел од членството на СДСМ е незадоволно и од објаснувањето на Црвенковски дека нема да се кандидира за уште еден претседателски мандат зашто не сака да кохабитира со оваа власт, бидејќи со ваква изјава се отвора прашањето дали во такви услови најголемата опозициска партија воопшто треба да има свој претседателски кандидат.
Неспорно е дека името на Црвенковски се врзува за светлите периоди на СДСМ, но исто така се поставува прашањето како партијата, условно речено, ќе ги преживее наредните девет месеци? Јасно е дека потпретседателот Зоран Заев е избраникот на Црвенковски за в.д. претседател во овој меѓу период, меѓутоа може ли, без оглед на желбата и добрите намери, претпладне да биде градоначалник, а попладне преоден претседател на најголемата опозициска партија.
Згора на се', и со хендикепот дека не е дел од парламентарната група, дека нема со другите да ги бие битките околу сите клучни прашања за државата, дека ќе биде претседател за куса употреба... Конечно, дали при големите партиски одлуки, како на пример, предлагањето на идниот скопски градоначалник, Заев ќе ја има шансата да одлучува или, крупните нешта ќе се случуваат во кабинетот на шефот на државата?
Сепак, и по извесната доза на скепса, никој во партијата не размислува за формирање фракции или, пак, за формирање некој нов политички субјект. Велат дека такви бранувања нема од едноставна причина што и оние кои не се докрај задоволни од партиските поместувања, премногу се вложиле во СДСМ за во вакви моменти да и' штетат.
На партијата и' претстои не баш лесен период во кој точно ќе се види кој и колку е подготвен за подметнување на сопствениот грб, а кој размислува само за доближување до шефот и за офајдување со функции. Ваквите прегрупирања и „неочекувани“ доближувања веќе започнаа.
Во овој случај Црвенковски ќе биде смртоносна инјекција за СДСМ,а не инфузија. Неговите еквилибристики како Државник, Премиер и опозиционер, му се познати на секој паметен Македонец.
Од: selsko zdruzenie na Prespa
Датум: 09.09.2008 01:22:09
Branko,ne e infuzija za SDSM,tuku e otrov za politikata.Pokojniot pretsedatel Boris Trajkovski,togas ja vrati pariskata kniska,ja stavi vo miruvanje,a ovoj go izgubi kompasot.Neka prestane so SDSM,neka se zafati so resavanje na problemite,da zalici na pretsedatel.Koga ke pocne so kampanjite ke go vikneme da proseta pokraj Prespanskite zapusteni plazi,kade zmiite vladeat,po zasluga na lokalnata vlast od SDSM.Vreme e na mladite idni politicari,koi ke vnesat duh i progres,na narodot mu e smaceno od Branko,od Buzlevski,koi nisto ne napravija pozitivno za drzavava.Branko see omraza prema VMRO DPMNE,toa ne e dobro toj e roden za problemi,za taktiki,oktopodi,semi itn.Pozdrav.
Од: Aleksandar
Датум: 09.09.2008 02:38:45
Citat: Зашто, во СДСМ биле правени и крупни погрешни чекори, но не во однос на државата, туку поврзани за членството, со лошата кадровска политика :))) pak narachan tekst i povtorno potplaten novinar:))
Од: vrves
Датум: 09.09.2008 06:53:13
Se prasuvam kade bese Branko Crvenkoski pa na
SDSM mu se sluci toa sto mu se sluci(gi izgubi izborite).Toj bese tuka a porazena bese edna losa politika koja toj ja vodese zaedno so negovite pajtasi.Mislam so vakvi natpisi poleka ke ja razoblicite politikata na eden covek koj e vinoven za raspadot na ekonomskiot sistem na R.Makedonija.Do onie koi mislat razlicno od segasnava vladeacka garnitura treba da ponudat podobri resenija i realno ostvarlivi.A ne samo osveta deka ova ili ona ke mu napravite na VMRO.VMRO e politicka partija a vo Makedonija ziveat makedonski gragjani koi se nadevaat na podobar zivot,a zasega aktuelniot premier toa gonudi zatoa e uspesen.Samotreba da ne dozvoli okolu negopovtorno da dobivaat sansa prokumunisticki kadri koi se transveriraa od SDSM vo VMRO toa bi bilo loso i bi ispadnalo kako onaa narodnata ,,sjasi kurta da uzjasi murta,,.
Од: gabriel
Датум: 09.09.2008 09:29:46
Crvenkovski si gleda sega samo za sebe, ne go interesira ni SDSM a uste pomalku pa Makedonija. Otkako se zafrkna vo dogovorite i pregovorite so Gruevski (preku Latas i Zingo) sega gleda kako da si ja spasi sopstvenata koza. Vinovnikot za ova sto mu se sluci na SDSM i "golemiot" rejting sto go imase Gruevski e tokmu negova zasluga. Toj toa mu go ovozmozi na "prerodbenikot". Mislese deka Gruevski ke mu se odolzi so vtor mandat ,no go prevarija, pa sega vo panika veke neznae sto da pravi. Ova scenarijo koe i se slucuva na Makedonija e i zasluga na Crvenkovski, no mu se pomatija smetkite pa sega covekot zbesna. Vrhuskata narecena VMRO sega ima cist pat pred seba i moze nepreceno da ja nisti i pljackosuva Makedonija preku razno razni kampanji, "besplatni" nesta koj nikoj nema da gi dobie a parite ke se izvleccat, pa "socijalni" paketi koj isto taka nikoj nema da gi dobie a parite ke gi snema, i se taka dodeka ne ne udri nekoja dvacija ili totalen kolaps na drzavava.
Од: Kumanovo
Датум: 09.09.2008 09:56:41
Site ovie komentari mi se smesni!!! Ima edna pogovorka ZIVI BILI PA VIDELI. Na gospodinot Branko da mu bese do funkcija ke se kandidirase povtorno za Predsedatel. Bolno e koga nesto si stvaral a drug da ti go unisti. Mu bev luta koga si otide od SDSM zosto znaev deka ovaa ke se sluci, znev deka nema kako nego cvrsta raka site da ne vodi po isti pat a ne da skrsnuvame i da se frakcionirame.Koj ne go znae moze da zbori sto saka,toj e tolku ednostaven,priroden i pred se MNOGU INTELEKTUALEN za ovaa bagra vmrovska za da razberata deka kako nego politicar ne se raga
Од: ma-ri
Датум: 09.09.2008 09:56:56
BC si go tera svojot kef [najaven e za koncertot vo Budava na Madona slusnato na HTV emisija Magazin]Problemite na Makedonija i na sdsm nemu mu sluzat samo za licno samopromovirane.Sto bi rabotel drugo ?pa covekot ima samo diploma a ni edenden raboten staz von politikata!!!!!!!!!!
Од: Andrej
Датум: 09.09.2008 09:57:33
нека си се врати во своето дувло на глувци наречено сдсм , нека изгуби на следните парламетарни избори и нека биде линчуван од сопоствените гзолижачи...и нека дојде крајот на овој најголем предавник на се што е свето и македонско...ке се радувам на тој момент...и уште повеќе на уништувањето на сдсм. п.с ова не ме прави подржувач на глупата медиумска политика на вмро..или подржувач на нивниот неписмен мислам НЕПИСМЕН кадар и глупи закони.Само сакам да бидам патриот и Македонец а не да ме опишуваат како вмровец или националист.
Од: Sirius
Датум: 09.09.2008 10:02:51
Nema spas B.C. za tebe i za SDSM. Odi si! Ostavija ja Makedonija da odi po svojot pat. SDSM ke prezivee i ke se razviva i bez tebe, uste podobro. Vo sprotivno, ti nema spas i tebe i na SDSM.
Zbogum zasekogas!!!
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 09.09.2008 14:17:00
Господа болшевички фашисти, црвенковски е рак рана за македонија
крсте попстефанија
Од: Cicko Stoilko
Датум: 09.09.2008 14:39:35
Napred SDSM!!!
Napred braco tifusari!!!
Preko vode do slobode!!!
Од: pravda
Датум: 09.09.2008 14:55:53
Da bese Crvenkovski se onaa za sto zboruvate nemase Makedonija da bide zemja kandidat za EU,statusot go dobivme koga toj bese premier na RM.So raspadot na SFRJ trgnavme po patot narecen kapitalizam,site fabriki so po 2000-3000 rabotnici moraa da se transformiraat vo mali i sredni pretprijatija,vprocem toa e model na site bivsi republiki,toa sto Slovenija gi iskoristi site pari od fondovite na SFRJ zboruva deka tie svetlosni godini se pred nas.B.C.se prilagoduvase na novonastanatite uslovi koga bevme teritorija nepriznaena od nikogo a osporuvana od site sosedi i so kup embarga,ako nekoj ja zaboravi situacijata koga dobivme od Badenter dozvola da bideme drzava a so Lisabonskata deklaracija ostanavme na marginite togas e loso i za onie koi se so kratko pomnenje,toj imase hrabrost i doblest da se bori i da se izbori za kandidatski status,onaa za koe segasnive nitu mozat nitu znaat,imase vo vremeto na BC i mito i korupcija i krimanal kako sto gi ima i sega ama posle 7 veka taka se pravi drz