Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Анализа

Македонски состојби

Злоупотребите на македонскиот јазик!

Манчо Митевски

Македонскиот јазик се злоупотребува со цел работите да се претстават онакви како што сакаат политичарите

„Повеќето луѓе кои воопшто размислуваат за ова прашање би признале дека развојот на македонскиот јазик оди по надолна линија, но, генерално, се смета дека со свесно дејствување не можеме да направиме ништо во врска со ова. Нашата цивилизација е декадентна - и така се вели - нашиот јазик неизбежно мора да има удел во општиот колапс. Оттаму следува дека секаква борба против злоупотребата на јазикот е сентиментален архаизам, како оној да се преферираат свеќи наместо електрично осветлување или пајтони наместо авиони. Зад ова се крие полусвесното верување дека јазикот има природен тек на созревање и не е инструмент што го обликуваме според своите потреби. Значи, јасно е дека пропаѓањето на еден јазик мора да е условено од политички и од економски причини: тоа не се должи едноставно на лошото влијание на некој лош писател. Но, ефектот може да стане причина, која ја јакне оригиналната причина и која го произведува истиот ефект во позасилена форма, и така во недоглед. Човек може да почне да пие зашто смета дека е пропаднат, а потоа навистина да пропадне затоа што пие. Токму ова се случува со македонскиот јазик. Тој станува грд и непрецизен затоа што нашите мисли се будалести, но поради нечистотијата на нашиот јазик, нам ни е полесно да имаме будалести мисли...“.

Текстот погоре е цитат од легендарниот есеј на Џорџ Орвел „Политиката и англискиот јазик“, во кој зборот „англиски“ јазик на две места го заменив со зборот „македонски“ јазик. Констатацијата за паѓањето на нивото и стандардите на јазикот поради неговата политичка злоупотреба од политичарите, сакам да ги лоцирам во македонски услови. Македонскиот јазик е нападнат од политиката. Тој се злоупотребува така што - наместо работите едноставно да се објаснат - се претставуваат онака какви што сакаат да ги прикажат политичарите. Злоупотребите на јазикот од политиката кај нас се континуирани, меѓутоа во последните години доживуваат „ѕвездени“ моменти. Манипулацијата се прави со сиромашниот речник, малиот фонд зборови и празноговорот што го користат политичарите од актуелната власт (не зашто се преправаат, туку затоа што толку знаат), кој е идентичен со јазикот на широките граѓански маси, па затоа тие го разбираат. Згора на тоа, со манипулирање со времињата - идното како сегашно - се создава виртуелна реалност. Со таков непрецизен, празен и шпекулативен јазик, може да се манипулира и да се шират будалести мисли. Но, во последно време кога власта објаснува дека спомениците, мостовите, скулптурите се духовна храна, овие луѓе се' почесто одвраќаат дека таа храна не ги полни гладните стомаци!

Будалестите проекти за некоја убава далечна иднина, со кои се одвлекува вниманието на граѓаните од сивата стварност во која денеска живеат, никнуваат како печурки по дожд со зголемувањето на кризата. Накратко ќе наведам неколку примери во кои, со карактеристични празни фрази, будалести мисли и јазик на омраза, власта наместо да ја движи земјата напред, да ја демократизира и да ги решава актуелните проблеми од секојдневниот живот - ги збунува граѓаните за да не размислуваат со своја глава, ги застрашува за да не зборуваат и ги залажува со проекти кои тешко дека ќе се остварат.

Орвел пишува: „Глупави зборови и изрази често исчезнувале, не поради еволутивниот процес, туку како резултат на свесна акција на некое малцинство“. Притоа, како пример од неговото време ги наведува: „ги разгледува сите можности“ и „да се направи се' што е можно“. Јас таква судбина му предвидувам на омилениот израз на премиерот Груевски и на министерот Милошоски: „целосна посветеност на процесот“. Кај нас веќе пет години, со стекнувањето на кандидатскиот статус во ЕУ, овој израз е одговор за во земјава што има врска со НАТО и со ЕУ. До Букурешт се употребуваше „целосна посветеност на процесот на реформи“, кој потоа се трансформираше во „целосна посветеност на процесот - за изнаоѓање прифатливо решение за проблемот со името“. Нормално, секоја „целосна по��ветеност“ на што било, со себе носи некаков поголем или поскромен резултат. Само кај нас „целосната посветеност“ доведе до стагнација на процесот со името (значи, и со ЕУ и со НАТО), а во сегменти и до назадување на реформите. Значи, изразот е само празна фраза за манипулација.

Илустрации за „будалестите мисли“ на власта има безброј. Ќе споменам само две. Денес, кога пропаѓа целиот здравствен систем, кога умираат луѓе поради недостиг од лекарства, кога јавните здравствени услуги се се' понеквалитетни, поскапи и понедостапни, кога се уништува јавното здравство за сметка на приватното, министерот, без око да му трепне, зборува за нови супермодерни клиники во Бардовци, за проект од неколку стотици милиони евра: по 10-15 години! Или, кога катастрофално е паднато нивото на образованието, кога се отвораат бројни приватни универзитети, но и државни дисперзирани факултети без елементарни стандарди, кога се уништуваат докажаните државни образовани институции за сметка на приватните и кога образованието наместо да биде во функција на знаењето, станува функција на власта за намалување на невработено��та, министерот, без око да му трепне, без елаборат и без дебата, најавува поделба на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на пет универзитети, за да станел конкурентен на Шангајската листа! Овде не би го отворал Орвеловскиот „будалест“ проект „Скопје 2014“.

Конечно, многу е присутен и јазикот на омразата, бидејќи во Македонија политичките ривали се идентификуваат со крвни политички непријатели кои треба да се елиминираат во вистинската смисла на зборот. Еве два примера. Првиот, како парадигматичен за актуелната власт, е „легендарното“писмо на Груевски до неговите „браќа, сестри, пријатели и сопартијци“, во кое повикува на последна битка против неистомислениците. „Време е да ја започнеме последната битка со остатокот од транзицијата и нејзините политичари. Време е за последната битка со политичарите кои зад себе оставија пустош и беда и кои во нашата држава ја донесоа малодушноста, криминалот, лагата и искривените вредности. Време е да ги пресретнеме нивните обиди да го дискредитираат она што го започнавме“, напиша во борбениот повик Груевски. Вториот е грубиот напад од власта врз Уставниот суд со образложение дека „ги уривал сите реформи на Владата“. Заслепена од омраза, власта заборава дека Уставниот суд е формиран, а судиите се платени да уриваат се' што е - неуставно, па и законите на Владата. Како колатерална штета, на Трендафил Ивановски, експретседател на Уставниот суд , му се случи лустрација!.

„Политичкиот јазик - а со некои разлики ова важи за сите политички партии, од конзервативците до анархистите - е замислен да направи лагите да звучат како вистина, а убиството како достојно за почит и на обичниот ветер да му даде изглед на постојаност“. И ова е цитат од Орвеловиот есеј, а укажувањата на сличностите со нашите состојби се намерни.


#
Статијата е прочитана 1736 пати.

Испрати коментар

Од: sime
Датум: 07.11.2010 09:10:46
Me cudi sto nema komentari na vakva izvonredna analiza za aktuelnite zbidnuvanja.DEali lugjeto go primenuvaat ona molcenjeto e zlato ke vidime?

Најди! во Утрински
Анализа






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status