За македонските здруженија во Бугарија, резултатите од пописот се изманипулирани
Македонците во Бугарија нема да ги признаат за официјални резултатите од пописот во Бугарија. По инцидентите со граѓаните што се декларирале како Македонци на пробниот попис, македонските организации во Бугарија се убедени дека конечните резултати од пописот во март ќе бидат манипулирани и недемократски.
Како што ни изјави Стојко Стојков, претседател на Здружението ОМО „Илинден“-ПИРИН, скандалозното казнување на граѓаните што ја пополниле графата „Македонец“ во списоците за попис е само еден од редот активности во Бугарија за да се испрати јасна порака дека се ограничува правото на самоопределба. Стојков нагласува биле испратени јасни пораки, дури и од министерот за дијаспора, Божидар Димитров, дека нема да има графа со националност „Македонец“ во пописниот список, како и дека нема да има толеранција за такви малцинства при пописот. На овој начин, како што вели Стојков, отворено се ограничува правото на самоопределба во Бугарија.
„Пописот е веќе компромитиран и ако не се направи нешто, ако не се преземат конкретни мерки, ние ќе ги оспориме официјалните резултати“, нагласи Стојков. Претседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН заедно со уште три македонски здруженија испратил декларација до сите амбасади и меѓународни организации што ќе го следат пописот во која се образложува дека резултатите од новиот попис ќе бидат изманипулирани. Стојков нагласи дека во никој случај нема да бидат прифатени притисоците, а резултатите ќе ги прогласат за неточни и изманипулирани.
Новиот попис за Стојков ќе биде само повторување на сценаријата од претходните два пописа кога резултатите биле изманипулирани. Казнувањата и отпуштањата на граѓаните што се изјасниле како Македонци ги гледа само како начин да се заплаши македонското малцинство, што во минатото се покажало како успешно. Според Стојков, најмногу за казнувањата од пробниот попис стравуваат граѓаните вработени во државната администрација. „На првиот попис околу 10.803 лица се декларираа како Македонци, додека веќе на вториот, заплашени од казнувањата и заканите, како Македонци се декларираа само 5.700 граѓани“, вели Стојков, тврдејќи дека и во минатото и сега преку медиумите отворено се упатува закана до македонското малцинство во Бугарија. Како пример за овие закани ја посочува и полициската истрага што била поведена против „ОМО Илинден“, а била постојано јавно пренесува преку медиумите.
До скандалот со слободата за самоопределување во пописот дојде откако беше откриено дека на попишувањето што ќе се спроведува преку Интернет им нуди на граѓаните да се декларираат и како Македонци. Веднаш беше поведена истрага по налог на премиерот Бојко Борисов за одговорноста за ваквиот состав на пописниот лист, што доведе до отпуштање на тројца, директорката и нејзини заменици од Националниот институт за статистика. (Н.Р.)
abre ne se zanesuvajte!tesko da najdes makedonec vo Makedonija, a ne vo Bugarija.
Од: Veles
Датум: 17.09.2010 12:15:16
Za 50 ili kolku i da se samoproglaseni makedonci nema grafa se razbira.A i ako ima tamu sto ne viknete bre nekoi novinari da napravat nekoi video zapis pa povikajte i evropski pratenik da gi vidime tie obespraveni luge.Ovaka samo eden covek fukcionira a toa e Stojkov pa zar da mu stavat li nego grafa kako se deklariral aplus toa zaprasajte se dali ke ima grafa za 300.000 bugari vo Makedonija vo makedonskiot pasos.Neli e poarno doma prvo da gi sredime rabotite paposle da gledame vo komsii.
Од: martin
Датум: 17.09.2010 14:06:44
nie tuka vo makedonija da gledame kako ke bide i dali se planira da se odvoi posebna grafa na nasiot popis za makedonskite bugari oti od den na den gi ima se poveke a veke i dobivaat podrska od nekoi politicki partii zatoa sto brojot na makedonski bugari vo momentov se procenuva na nad 100.000
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 17.09.2010 14:09:06
vaka li vo evropska unija??vakvi li katastrofalni zaostanati drzavi imaat pogolem ugled i benificii i se clenki na unijata i nato za razlika od makedonija koja gi priznava site prava na site gragjani vo drzavata???
bugarite se plasat da priznaat deka ima makedonci vo bugarija zatoa sto navistina ima..zatoa sto dogodina izminuvaat 100 godini od dogovorot za podelba na makedonija vo bukurest???kade e pirinskiot del na makedonija???kako moze posle vtorata svetska vojna da priznavaat deka imalo makedonci,da se priznaat site prava na nasite,a posle 1948 naednas isceznuvaat???kade im se ocite na tie evropjani koi doagjaat vo makedonija kako pratenici i eksperti da ni solat pamet?zosto ne otidat vo bugarija da napravat uvid i da kazat javno deka taa drzava,kako i grcija i albanija gi prekrsuvaat osnovnite covekovi prava??ama ete
koj si ima muva na kapata taka e....ke osporuva,brka,zataskuva od edna strana,a od druga strana ke glumat ludilo pred svetot...
Од: do"od Veles"
Датум: 17.09.2010 14:26:40
PO koga ti si Bugarin bre veleshanec, po dedoti od Prcorek? Ajder molci ne isturaj gluposti,ne zboruvaj vo tugjo ime i prodolzi da gi korists parite sto ti gi dava "tvojot" minister Dimitrov od koi duri trebe da pravis spomenici za Vanco Mihailov i Aleksabdrov, dodeka ne te shutnat kako stara krpa koga veke nema da im trebes. Zasram i se bre covek, go jades lebot od zitoto sto viree na makedonskata pocva
koja slobodno ti dozvoluva da gi davas tvoite valkani komentari na ovie stranici. Vo ovaa zemja si se rodik, si se odskoluval, blagodarenie na sto znaes da pisuvas iako nerazmisluvajki!
Од: cile
Датум: 17.09.2010 14:39:52
abre na kolku makedonci vo bug dadvte pasos ako gi ima tamu??????????????tuka vo mak i jas se vcleniv vo radko no nikako da dobijam priznanaica deka sum clen vikat imalo eden kup sto se prijavile za clenovi??????????
Од: SASO
Датум: 17.09.2010 20:36:40
Bugarite se plashat da dadat grafa Makedonec bidejki site Makedonci sto zemale Bugarski Pasosh ke glasaat kako M A K E D O N C I i ke izlezeme mnogu taka da gradonacalnik vo Blagoevgrad,Petric,Sandanski i mnogu drugi ke izglasame Makedonci
Napred OMO ILINDEN PIRIN
Od Makedonec so bugarski pasosh
Од: citatelka
Датум: 18.09.2010 00:28:15
Kade e vladata da reagira? Kjuti i mu gradi spomenik na Vancho Mihajlov - krvnikot na makedonskata nacija.
Од: Od strana gledano
Датум: 18.09.2010 07:27:36
Ova ce im se vrati kako bumerang, ako ne sega togash na sledniot popis, kako shto tie tvrdat deka ima tolku Bugari vo Makedonija, zatoa shto delea pasoshi za taa propaganda, istite tie na popisite ce se izjasnat kako Makedonici vo Bugarija, samo bolni umovi mozat da kazat deka se neshto drugo od ona shto se bez nikakov interes. Makedoncite shto zemaat bugarski pasoshi go pravat toa od logicen interes da slobodno patuvaat i da vozat poeftini koli, shto toa poleka poleka ce iscezne i tie benificii ce bidat popristapni kako vo Makedonija nego vo Bugarija!
Од: do "citatelka"
Датум: 18.09.2010 07:35:31
Bravo, kade e taa vlada, drzava i diplomatija da reagira i da gi odbrane nasite i nasite interesi!!??
Од: Благоја
Датум: 18.09.2010 11:33:23
Откако во оваа Македонија на власт дојде Никола Груевски и го тргна од функцијата застапник на правата на Македонците во Пиринска Македонија г-дин Мицов,а на негово место ја постави Доста од Групчин,Македонците во Пиринска Македонија не видоа бел ден,како и да не постојат.Ова е само едно од делата на „патриотот “ Груевски.