ДЕБАР - Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, на вчерашната средба со шестемина кандидати за градоначалник на Дебар, ја пренесе пораката на претседателот на САД, Барак Обама, и на шефицата на дипломатијата, Хилари Клинтон, за мирни, фер и демократски избори. „Изборите треба да бидат фер и демократски и нема потреба од оружје и насилство“, изјави Рикер, заблагодарувајќи се за ветувањето на кандидатите за мирна кампања и демократски изборен ден. Рикер им порача на кандидатите за градоначалници дека изборите во Македонија се многу важни за иднината на државата и за Дебар. (МИА)