Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

Едиторијал

Владата во улога на Суперхик

Мирче Јовановски

Македонскиот Суперхик остана на цедило. Остана без можност да набави алкохол каде што сака и колку што сака во кое било време на денот. Симпатичниот пијаница од популарниот стрип „Алан Форд“ кој го користи здивот (полн со одвратни алкохолни испарувања) за да ги ограби сиромашните и да им го даде планот на богатите, сепак, го нема (барем не во таква форма) меѓу домашните љубители на алкохолот. Но, радикалниот потег што го повлече Владата со кој временски ја ограничи продажбата на алкохолни пијалаци, а истовремено ги заостри критериумите кој се' може да продава алкохол и како да го обезбедува личи токму на постапките на Суперхик: според сите согледувања, на удар на оваа мерка ќе се најдат малите (читај сиромашните) продавници наспроти големите кои можеби дури и ќе профитираат.

За измените во Законот за трговија со кои практично ја промовира делумната прохибиција, Владата беше мотивирана од зголеменото консумирање алкохол меѓу младата популација, пијанките на отворено и последиците кои зголеменото ниво малигани во крвта го носат со себе: мали или големи бели кои ги прават опијанети млади, тепачките кои многу лесно можат да резултираат и со трагични последици.

Скопјани (но не само тие) во летните месеци се сведоци на непријатни сцени во Градскиот парк, кој особено во ноќните часови се претвора во место каде што во алкохолните пијалаци се бара спас од летната апатија и можност за евтина забава.

Во изминатите години не помогнаа многу забраните кои беа воведени за продажба на алкохол на помлади од 18 години. Трговците не ги есапеа ниту соопштенијата закачени на видно место во нивните продавници и во трката за поголема заработувачка им продаваа не само пиво и вино, туку и жестоки пијалаци на младите, па и на деца.

Дали во немоќ да го спречи растечкиот тренд на консумирање алкохол меѓу младите, или водена од својата конзервативна идеологија или, пак, во обид да копира некои слични решенија во земјите во регионот, Владата во законски измени го преточи она што го предложи: се забранува продажбата на алкохол од 19 часот до 6 часот наутро, а на бензинските пумпи и на зелените пазари забраната е целосна. Покрај ова, оние кои сакаат да продаваат алкохолни пијалаци мора да имаат соодветни просторни услови, посебни шкафови, но и да извадат двегодишна лиценца која ќе ги чини 20 илјади денари.

Скептиците сметаат дека и покрај во основа оправданите мотиви, мерките на Владата тешко ќе ја постигнат саканата цел да се намали потрошувачката на алкохол, особено кај младите. Аргумент повеќе во ваквите нивни ставови се приложуваат досегашните обиди за прохибиција, кои на крајот пак завршувале со либерализација. Вака само се отвора можноста со нелегална продажба некој да профитира или, што е уште поопасно, како алтернатива на ракијата или вињакот да се употребува опасна мешавина на чист алкохол и вода, или други уште поопасни алкохолни смеси.

Вистинска алтернатива на предизвикот од алкохолот е можноста младите да се реализираат на други полиња, како што се спортот, културата, економијата, а тоа, за жал, се' уште го нема доволно.

Посебно паѓа в очи што Владата презеде мерки без притоа да им понуди алтернатива на оние кои најмногу ќе бидат засегнати. Станува збор за малите дуќанчиња за кои и самата лиценца е прескапа и кои поради малата површина (од 5-6 квадратни метри) нема да можат да ги обезбедат другите законски барања. Ако се покажат реални нивните предупредувања дека ќе ги затворат колонијалите, тогаш се удира по една категорија луѓе кои нашле начин да го прехранат семејството и да обезбедат каква-таква егзистенција. Тешко е да се поверува дека ваквите предупредувања ќе наидат на разбирање кај Владата, која и со досегашните мерки, како што е, на пример, со патриотските фискални каси, веќе им ја наруши математиката на малостопанствениците.

 


Статијата е прочитана 938 пати.

Испрати коментар

Од: Kolonijal
Датум: 05.09.2008 06:22:29
Pa G-dine Mirce, toa i im bese planot na Vladata, da gi zatvorat malite dukjani od koi edvam se vadi egzistencija od strana na onie koi ja izgubile svjata "drzavna rabota" a se razbira za da profitiraat golemite- kapitalistite ko vo proces na privatizacija od nisto napravija milijardi Evra. Isto bese so fiskalnite kasi, pa so patriotskitesmetki , so kompjuter za sekoe dete, so obavenoto sredno i besplatni knigi- koi ke gi prodavaat "nasi lugje" i t.n. so dozvoli za uvoz izvoz i se sto moze da se kontrolira preku G-gja Ministerka.
Од: Пинг
Датум: 05.09.2008 08:04:21
На ред е сузбивањето на проституцијата. Мои предлози за таа цел. Најпрво за лиценца, секоја припадничка на најстариот занает да плати по 2000,оо евра-годишно противвредност во денари, се разбира. Потоа, дасе забрани продажба на презервативи по 19:оо часот, или уште подобро по 17:00 часот. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: Pero
Датум: 05.09.2008 11:33:53
A be Ping, imas li ti popameten predlog? Da se ukine prostitucijata? Pa posle treba da im se svrtime na nasite zeni.Nasata Vlada i na toa misli. Tie rabotat za nas i za nase dobro. Rabotat duri i na po tri mesta (direktori, upravni odbori, agencii ...). Ne e toa ednostavno. A ako nekomu ne mu e jasno sto sakam da kazam, neka go procita Alan Balok ,,Hitler, slika na tiranijata,, (,,Hitler slika tiranije,,) pa mozebi ovoj naiven i zaslepen do lobotomicnost narod ke sfati deka go vodi Vodac, a ne mislitel. So praktikuvaweto na vlasta pod negova komanda definitivno ja sfativ sustinata na makedonskiot sindrom na samounistuvawe. Hajl.
Од: macor
Датум: 05.09.2008 15:04:25
bravo za Pero

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.