За жал, сите во Македонија во изминатите години наседнавме како опиени на национализмот што ни го обвитка Владата на Никола Груевски преку поимот патриотизам. Почнавме да си замислуваме дека светот не не' сака, дека сите големи држави се против нас...
А, всушност, само партијата на власт добиваше политички поени, освојуваше избори, додека целиот народ тонеше во сиромаштија, стандардот се уништуваше, сметките станаа сто проценти повисоки од пред пет години. Им аплаудиравме на Груевски и на Милошовски дека, наводно, ни го бранеа името и идентитетот додека градеа споменици и музеи и ни кажуваа се' ќе било подобро и се' ќе донело повеќе пари за секој наш граѓанин.
И така поминаа пет години, помина повеќе од мандатот на оваа власт и сите целосно излеговме од филмот. Се вртиме околу себе и не ни се верува како изгледа Македонија. Не ни е јасно како сите земји од соседството не' претркаа и донесоа милијарди евра инвестиции за секоја година, станаа полноправни членки во НАТО или не претркаа на патот кон членството во ЕУ.
Ги слушавме и се' уште ги слушаме главните дека сме на прав пат, а поразите на Македонија само се зголемуваат. Нашата гордост, нашето достоинство, нашиот идентитет ги губиме од ден на ден: не станавме членка на НАТО, иако Албанија и Хрватска го добија членството; не започнавме преговори за членство во ЕУ, иако Албанија, Србија, Црна Гора веќе добиваат кандидатски статус; немавме Македонско претседателство со Советот на Европа; деновиве го губиме македонскиот јазик како официјален во Обединетите нации и во Советот на Европа.
И сево ова се случува во изминатите пет години власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Ни ден порано од пред тој да дојде на власт. Ова се дефинитивно години на порази за Македонија, независно колку ПР-службите на Груевски сакаат да не' убедуваат дека на патот до Брисел сме стигнале до Виена или дека лидерот на опозицијата му бил виновен за поразите на ВМРО-ДПМНЕ.
А, бевме научени да славиме, и тоа многу да славиме како држава. Славевме зашто во 2003 година станавме дел од Јадранската повелба под покровителство на САД, кои го гарантираа нашиот влез во НАТО заедно со Албанија и Хрватска.
Колку само славевме кога во 2004 година Америка не' призна како држава под нашето уставно име – Република Македонија. Ги наполнивме плоштадите и ден денес се гордееме со тоа признавање.
Се сеќаваме многу добро како во 2005 година на Градскиот плоштад во Скопје го славевме добивањето на статусот кандидат за членство во Европската унија. Им се придруживме на Хрватите и речиси го фативме брзиот воз за членството во ЕУ што за нас значи наплив на инвестиции, а со самото тоа отворање огромен број приватни работни места и сериозна борба против сиромаштијата во Македонија.
Тоа беа години на победи за Македонија во периодот од 2003 до 2006 година. Дали некој се лутел, дали сметал дека е тоа политички став, но не, ова се фактите и граѓаните ги паметат!
Е, па, ајде да се решиме што сакаме – да славиме порази или победи?
Edno isto posuvate so godini,za zal i izmislici ili totalni nepoznavanja.Tekstot mi nalikuva kako da e pristapnica priem na platniot spisok na SOROS
Од: nekoj
Датум: 22.11.2010 12:34:55
Makedonija trpi porazi skoro dve decenii. Tocno e ona sto go pisuvate, no zaboravate i na prethodnite porazi Za da se trgne napred trebaat NOVI LUGE, koi ke sozdadat uslovi za eknomoski napredok. Samo clenstvo vo EU ve spasuva nisto drugo, kolku i da sonuvate. Onie koi ja pustosija Mk vo poslednive 20 godini, koga togas ke odgovaraat.
Од: caki
Датум: 22.11.2010 12:38:01
Kako sto razbrav,vie tvrdite deka ako ne vl. voEU i NATO identitetot kego izgubime????A od nas se bara ako sakame da vlezeme treba da prifatime nov identitet?????
Од: читателка
Датум: 22.11.2010 13:05:16
Во контекс на гореспоменатото, и останавме уште ФИРОМ или БЈРМ, од периодот на гореспоменатите постигнати успеси.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.11.2010 13:19:13
Одличен и скроз непартиски напис,човек да се крсти и со рака и со нога.На авторот воопшто не му пречи тоа што сакаат да го национално унередат него и сите нас и да не сведат на ,,чергиче за бришење нозе,, дури и на него и на нас ни го избришаа јазикот од официјалните документи. Придонес на ,,големите,,невиден во корист на нашата штета.Инаку Хрватите немаат вакви одработувачи на туѓи интереси.
Од: Години на порази за СДСМ
Датум: 22.11.2010 13:26:12
Г-не Богоевски, дали промената на нашето име и губењето на нашиот идентитет за тебе е победа???
Од: gimi
Датум: 22.11.2010 13:35:57
Od tolku mnogu slavenje i pobedi vo periodot od 2002 do 2006 god,dojdovte vo situacija da na izborite vo 2006 i posebno na vonrednite vo 2008 doziveete takov *nokaut* sto ke treba uste dolgo vreme da pomine za da bidete seriozna politicka opcija.Inaku vo
site anketi narodot jasno se izjasnuva deka ne saka vo EU i NATO so navednata kicma kako sto toa go predlagaat tie sto slavea *pobedi*.
Од: koki
Датум: 22.11.2010 14:07:39
Nenade, za desetina godini od Makedonija na Balkanot ke ostanat samo svetite bukvi VMRO??????? Nisto drugo, ama VMRO-vcite ke se skrijat vo gustata suma na gluposta....SADENJE DRVCA.........
Од: TOSO
Датум: 22.11.2010 16:32:31
Bravo Nenade se e tocno mozebi tvoeto gledanje na rabotite trebse da bide vo stil:
-Odkako dojd VMRO na vlast zivotot vo MK se podobri site se veseli i zadovolni da ne ti se odi doma kolku ubavo e nadvor srekavas nasmeani prijateli i komsii.Eve sinot nasol rabota a ne ni zavrsil skolata i tnn...A za FELIX ti drugarce izgleda mu gi brises nozete na tvojot firerr so cergiceto zatoa si tolku glasen vo tvoite komentari inaku nemase ni da te cuevme da ne go imase toa cergice...
Од: karokan "gambit"
Датум: 22.11.2010 16:35:27
Moj,g-dine Felix,pocna da se obiduvas da gi vospevas i sopstvenite porazi!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ne slucajno vo eden komentar ,indirektno ti posociva za toa so paralelata (ti neli bese po paralelite,ama
polukruzni-vinozitni,koi i logicki ne postojat) na
Portugalija i Spanija.!!!!!!!!!!!!!!!!
Makedonskiot jazik postoese i vo ON i vo EU.
So takvi igraci i takva "igracka"strategija i taktika,
gi izgubivme,ili sega 'ne sme od tuka".
Mora nekoj drug da vlegol na terenot i odigral
loso.A malku da se pozanimavame koj toa taka loso odigral,a??????? Sto ce reces???????????
Se do naredniot poraz!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: valerija
Датум: 22.11.2010 18:42:03
Ovoj narod go zasluzuva Gruevski, utre ke place ama ke bide docna dodeka da se svesti kolku bil glupav.