Иванов го омекнува тонот на ВМРО-ДПМНЕ спрема Атина
Пораката на Иванов за средба со претседателот на Грција е промена во кампањата на десницата
Соња Крамарска
Претседателскиот фаворит Ѓорге Иванов на својот прв предизборен митинг ја упати една од најсериозните пораки во врска со идните политички случувања во и околу нашата земја. Тој рече дека доколку биде избран за претседател ќе побара средба со претседателот на Грција.
"Ќе одржувам пријателски односи со соседите на Македонија а една од првите средби што ќе ја одржам доколку бидам избран за претседател ќе се потрудам да биде со претседателот на Грција", рече Иванов.
Оваа порака на адутот на владејачката десница за нов шеф на државата, доколку нема само предизборна употреба кон странските дипломати во земјава, може да значи пресврт во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
Самиот Ѓорге Иванов во неговото прво интервју за македонските иселеници во Мелбурн, Австралија, само пред три седмици ќе порача дека "уставното име на Македонија ни е дадено од нашите дедовци и прадедовци и треба да биде зачувано".
Тогаш, која е поентата на Иванов за средба со грчкиот претседатела. Дали тој, по серијата разговори со највлијателните амбасадори во земјава ги доби насоките по кои треба да се движи идниот претседател на Македонија. Или пак можеби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски одлучи да ги даде првите сигнали за спуштање на топката кон Грција преку "новото лице" на неговата партија Ѓорге Иванов.
Тоа се анализи кои веројатно во идните денови ќе добијат на интензитет ако изјавата не била само предизборен блеф со краток здив. Во меѓувреме, да дадеме неколку корисни потсетувања. Доколку навистина биде избран за претседател, а анкетите засега се во негова корист, Иванов во својот грчки колега Каролос Папуљас нема да пронајде само сог��ворник од спротивставениот сосед на Македонија, туку и угледен доктор по меѓународно приватно право кој се образувал во Атина и во Минхен.
Но, она за што идниот македонски претседател Иванов треба добро да се подготви, е фактот што Каролос Папуљас е неколкукратен шампион на грчката дипломатијата и стар волк во надворешната политика на нашиот јужен сосед. Неговите услуги меѓу другото се користени во израелско-палестинскиот конфликт во '80-тите години, подобрувањето на односите меѓу Грција и Египет, пристапните разговори на Кипар со ЕУ а беше и член на контакт групата за поранешна Југославија заедно со Ворен Кристофер, Клаус Кинкел и другите.
Она што е најважно е дека Папуљас е министерот за надворешни работи на Грција што заедно со македонскиот колега Стево Црвенковски ја потпишаа Времената спогодба меѓу Македонија и Грција во 1995 година, која што сега е предмет на судски спор што го иницираше Скопје пред Меѓународниот суд во Хаг. Оттука, Папуљас е еден од најупатените за содржината на Спогодбата и за тоа дали истата е прекршена од страна на Атина со попречувањето на Македонија да добие покана за членство во НАТО минатата година во Букурешт. Папуљас, кој годинава полни 80 години се смета за легенда на ПАСОК, и еден од најдоверливите соработници на таткото на Јоргос Папандреу, Андреас Папандреу.
Се разбира, се уште е рано да се предвидува дали навистина ќе дојде до средба меѓу новиот македонски претседател (кој и да биде избран) и неговиот грчки колега, особено ако се знае дека актуелната грчка шефица на дипломатијата Дора Бакојани во својство на претседавач со ОБСЕ ги посети сите земји од регионов а намерно ја заобиколи Македонија.
На македонската страна, како и да е, и останува добро да се подготвува за средбите со своите грчки соговорници бидејќи е воочливо дека на политичката сцена во Скопје доминираат млади и неискусни луѓе во споредба со политичките тешкаши на Атина.
a bre utrinski namesto da go falite ivanov vie navivate za grkot , kakvi choveci ste vie od sds i bog nemoze da ve razbere.
Од: mitko znae tablica mnozenje
Датум: 04.03.2009 01:37:02
Djole e tri pati poglup od Ljube za drugite da ne zborime.
Од: Filip Shumski USA
Датум: 04.03.2009 01:50:36
Dali da muse veruva na gospodinot Gorge za promena na imeto koga proizleguva od partija koja e sprotivnana toa i onie negovi podrzuvachi koi javno gi narekuvaat site onie koi se za kompromis okolu imeto kako izdajci i plus ako na toa se reshil i negoviot lider zashto toa nego stori porano pa nemashe da bideme sega vo vakva slozena setoacija . No posite izgledi deka e toa samo predizborna verzija za koja posle kese reche deka na chovekot toa mu izleze od koncep.
Од: jas
Датум: 04.03.2009 02:50:17
aj be sonja ti pa na zborot na vmrovec veruvas deka e dolgotrajno nesto??? pa ivanov vo debatata nekolku pati sam na sebe bese kontradiktoren. prvo zborese deka drug se nafatil na pregovori sramni, a posle toa ne se pregovori tuku razgovori . toj pokaza deka e covek so kratok nerv i se pali odma ko bolen majmun , na novinarkata i se skara , nejke duel mashki so frchko da mu se izvinel prvo nebare na bendisuenje ke ide, pa so ostanuva so pretsedatel na grcja da se sretne, ke bara li prvo zvinuvanje?
Од: milko
Датум: 04.03.2009 03:11:38
sto e loso da ima sredba.
ne znaci omeknuvane na stavot ako rucaat zaedno.
Од: Mihajlov
Датум: 04.03.2009 06:22:52
So VMRO na Grujo, nema EU, shto znachi ne ochekuva raspad na MKD, pa ne ni ostanuva nishto osven da se pripoime kon majka Bugarija ili bratska Srbija, no mozhebi kje se rodi ushte eden Aleksandar Veliki, pa kje gi spoi i trite dela od Makedonija.
Од: Трпе
Датум: 04.03.2009 08:22:10
Џабе е поправки кога нешто ке се испокака.Кога газ ке испокака се чисти.Но тоа што уста ке испокака не се чисти со ниедно средство.
Од: sonja
Датум: 04.03.2009 08:25:49
tesko nas so onolku glupav pretsedatel kako gjorgje.Pa toj neznae da kaze ama bas nisto,se nadevam deka ima Gospod i ke ne spasi o ova cudo od covek.Pa ljube e za nego doktor na nauki ovoj ti bil bre trup truposan.
Од: Kuzman
Датум: 04.03.2009 09:20:42
Makedoncite se realnost, taka se identifikuvaat DENES, a ne se grci. Taa realnost mora grcija da najde nacin da ja prifati. Kako inaku ako ne preku direktni razgovori, omeknuvanje na grckiot ksenofobicen stav. Nema drugo resenie. Zaplasuvanje, voena retorika, nepriznavanje na identiteti, pesimizam, kako nekolku stavovi na negovite konkurenti za trka za pretsedatel, isto ne gi ima. Ivanov ja ima mojata podrska.
Од: Acev
Датум: 04.03.2009 09:33:48
Koj i da bidi pretsedatel, ubavo ke e da se sretni so Grkot. Zloto treba da se pipni,da se osvetli,da se neutralizira pa posle da se vlijae so pozitivna energija!
Од: acko
Датум: 04.03.2009 13:05:36
Sto da se kaze covekot e kako kosmodisk sasav no dali funkcionira celosno toa e prasanje........
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 04.03.2009 13:06:56
Во Република Македонија повеќето се грижат што ќе речат другите отколку цврсто да застанат на сопствениот став како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов. И во Република Македонија има силни политичари не сметајќи ги оние од СДСМ.
Од: BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 04.03.2009 13:19:18
BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI:
PS:USTE NEKOI NAPOMENI VO VRSKA SO PROBLEMOT ZA IMETO I CLENSTVOTO VO MATO.
Imeno,kako sto veke imam kazano, duri i DPMNE da pristapi kon promena na imeto i so ustavni izmeni, toa nema da pomine vo OON kade ke bide blokirano od postojanite clenki na Sovetot za bezbednost koi ke postavat veto za takviot akt na krsenje na covekovoto pravo a toa se Rusija i Kina(sto bese eden od klucnite ako ne i najvazen faktor za otkazuvanje na zapadot od nameravaniot talibanizam kon Makedonija).
Inaku pretpostavuvam i ocekuvam deka prenasocuvanjeto na DPMNE i odot po patot trasiran od sdsm, sto znaci spremnost na pregovori i promena na imeto i t.n. iznenaduvanje vo kampanjata na nivniot kandidat a imeno deka najprvo bi se sretnal so grckiot pretsedatel ke ima efekt vrz rejtingot na DPMNE i nivniot kandidat vo negativna smisla odnosno pad bidejki toj rejting e nabildan so nivniot veke bivs principielen stav za imeto.
Konecno ako identicno na razdvojuvanjeto na Cr
Од: slartibartfast
Датум: 04.03.2009 13:24:35
Aj i da saka pretsedatelot na Grcija da se sretne so Ivanov, koja drzava ke ja predstavuva FIRO li, Makedonija li Republika Makedonija, koja?
Lesno e da se presta gluposti, taka i Kedev tresese deka ke vodel proaktivna politika kon Grcija i ke baral sredsbi. Bozeeee.
Од: od mene
Датум: 04.03.2009 14:40:31
Tekstot kako da e pisuvan od grcki novinar, za grcki vesnik "се смета за легенда на ПАСОК" katastrofa
Од: Стојко
Датум: 04.03.2009 17:00:03
Текстот воопшто не е прогрчки, туку е реален. Дежурни пљукачи на ВМРО-ДПМНЕ, мали, ситни, квазипатриотчиња нека се образуваат малку повеќе, а не да ��итаат само памфлетите на Грујо. Никој не ни е крив што немаме асални дипломати и воопшто политичари. Дај боже да беше така, тоа ќе значеше дека образование ни е во ред и дека се ценат стручњаци, а не подлизурковци, како сега.