Број 3267  понеделник, 26 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Прво карабина на објектот, потоа улица под кејот

 

Инвеститорот не се откажува од изградбата на подземната сообраќајница

Подземната улица што ќе биде единствена сообраќајна врска со деловната зграда што се гради на местото на некогашна Народна банка, ќе почне да се гради до почетокот на јули, најавуваат од „Дивелоп груп“, кој заедно со „Латис“ се инвеститори на објектот вреден 10 милиони евра. Тврдат дека не се откажале од изградбата на улицата, која според досегашните најави, веќе требаше да биде во фаза на изведба. Иако за неа инвеститорите имаат и готов проект, ги образложуваат причините за кои се' уште не преземаат конкретни градежни активности.

„Нелогично е истовремено да ги градиме и улицата и објектот, бидејќи се' уште имаме потреба од дотур на градежни материјали до градилиштето. Дел од трасата каде што минуваат камионите со градежниот материјал е токму дел од теренот што ќе треба да се раскопа за подземната сообраќајница, па од тие причини чекаме објектот да се изгради до фаза на карабина. Тогаш нема да има потреба од дотур на градежен материјал, а теренот ќе се ослободи за изведба на проектот за сообраќајницата“, објаснува Александар Ивановски, управител на „Дивелоп“.

Тој ги демантира се' почестите шпекулации дека се откажале од инвестирање во подземната сообраќајницата. Вели оти тоа е незамисливо, бидејќи нелогично би било фирмата да инвестира 10 милиони евра во деловната зграда, а притоа да не ја изгради и улицата, која, според процените, би чинела 10 пати помалку и ќе претставува единствен сообраќаен линк до објектот.

Инаку, изградбата на зградата е стасана до петти кат од предвидените шест. Според процените на Ивановски, карабината ќе биде завршена најдоцна до почетокот на јули, по што ќе почне и изградбата на подземната улица. Таа е предвидено да оди по должината на кејот од киоскот кај „Холидеј ин“ до новиот објект. Ќе биде 6,5 метри под земја со ширина од 6 метри. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар

Од: Tomas
Датум: 26.04.2010 01:14:41
Abe ne gledate deka ve raboti ko bavca. zoshto ke mu e posebna soobrakajnica za dotur na roba koga moze da go koristi kejot kako i site ostanati dukani. Ne e budala da frla pari vo bunar

Најди! во Утрински
Скопје
Одбележан Денот на планетата Земја
Изменет режим на возење на „Радишанска“
Гази Баба ќе троши буџетски пари за ТВ-промоција