Брoj 2789  среда, 17 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

ПЕЛАГОНИЈА

Преполовени приносите на тутунот во Прилепско

Тутунот како стратегиска земјоделска култура е на добар пат да го изгуби приматот

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Приносите од годинешната реколта со тутун во најголемиот регион за производство на тутун во државава нема значајно да се зголемат и покрај обилните дождови што паднаа деновиве. Според процените на агрономите, долготрајната суша во летниот период остави сериозни последици и ги намали приносите за приближно 40 проценти. Кога ќе се земе предвид и намалениот обем на тутунопроизводство, очигледно е дека тутунот како стратегиска земјоделска култура е на добар пат да го изгуби приматот што го имаше со години, велат познавачите на приликите.

„Годинава беа планирани 5.100 хектари со тутун, но прилепските земјоделци од за нив познати причини ги намалија површините со оваа култура за 200 хектари. Од друга страна, сушата предизвика сериозни реперкусии врз оваа култура, така што од очекуваните околу 8.500 тони, прашање е дали ќе се соберат околу 5.000 тони со тутун“, вели Абдула Бајрамоски, земјоделски инспектор во прилепската Подрачна единица на Министерството за земјоделство.

Како што оценуваат во Подрачната единица, задоцнетите дождови можеби ќе ги зголемат приносите, но само на мал дел површини каде што тутунот е засаден подоцна и каде што се' уште не е завршена главната берба.

„Факт е дека во Прилепскиот регион тутунот се бере и до средината на октомври, но на најголем дел од површините тутунот веќе има цвет, што значи бербата е завршена“, потсетува Бајрамоски.

Потфрлувањата во приносите, сепак, се однесуваат на површините кои се наоѓаат во атарите на прилепските села кои не се опфатени со хидросистемот.

Значи, летната суша предизвика штети кај најголем број тутунари од селата на кои тутунопроизводството им е единствена можност за егзистенција.

„Стравувам дека годинава ќе можам да ги покријам трошоците. Единствено на што се надевам се 45 денари премија за секој предаден килограм тутун ,што ја вети Владата. Ако оваа премија биде исплатена, некако ќе врзиме крај со крај, во спротивно нема да ни останат пари ниту леб да си купиме“, оценува Митре Станкоски, долгогодишен тутунар, кој егзистенцијата за своето семејство ја обезбедува од тутунопроизводство.

А, тутунарите чии насади им се покриени со мрежата од хидросистемот, сепак, ќ�� соберат повисоки и поквалитетни приноси.

Според земјоделските стручњаци, овој тутун ќе биде најквалитетен, бидејќи годинава културата не беше нападната од ниту еден штетник, освен тутунската болва која ги зафати расадите.

„Тутунската болва вирее само кај расадот, но не и на нивите со тутун“, истакнуваат агрономите.

Тутунарите склучија договори со пет откупни фирми: Тутунскиот комбинат, „Алијанса 1“, „Соко-мак“, „Центро-табак“ и „Струмица- табак“. Неизвесна ќе биде и трката на откупувачите за да откупат поквалитетен тутун. Поради преполовените приноси, тутунарите очекуваат и повисоки просечни откупни цени со почетокот на кампањата и напуштање на старата тактика, кога сите откупувачи вршат откуп по најниски цени тактизирајќи со производителите.


Статијата е прочитана 165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Денационализацијата ја кочи приватизацијата на градежното земјиште
Сите битолски такси-возила ќе бидат жолти
Зелен пазар според повисоки стандарди
Ќе се развива еколошката свест на учениците во Битола