Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

МРТ ја откажува „Отворено со народот“

Емисијата заедно со водителот се прославија откако Томиќ го нарече Груевски „пастир на македонскиот народ“

Светлана Унковска


Емисијата „Отворено со народот“ на Слободан Томиќ од јули нема да се емитува на програмата на Македонската телевизија. Ваквата одлука ја донел Советот на МРТ на завчерашната седница откако едногласно било решено да не се продолжи договорот со продукциска куќа на Томиќ, „Кралот Александар Македонски“, кој истекува на трети јули. Одделни членови на Советот предложиле да се раскине договорот веднаш, но со оглед на тоа што договорот завршува за само две-три недели, одлучено е тој да не се продолжува.

Претседателот на Советот, Миодраг Игњатовиќ, за „Утрински“ ги потврди овие информации и образложи дека одлуката е донесена поради тоа што рејтингот на емисијата на Томиќ бил многу низок, дека не е соодветна за националниот сервис, но и дека не го остварува јавниот интерес на граѓаните. Оттаму ги отфрлаат како неточни информациите дека МРТ за откуп на авторските права за емитување на Томиќ му инкасирала 90 илјади евра.

„Точно е дека Советот ја донесе одлуката да не го продолжи договорот за емитување на ’Отворено со народот’ на Слободан Томиќ. Ние размислувавме дури и да го прекинеме договорот, но бидејќи набрзо истекува, одлуката беше да не се продолжува. Добивме и мислење од програмскиот уредник дека рејтингот на емисијата е мошне низок и освен тоа дека таква емисија не е соодветна за јавниот сервис на граѓаните“, ни изјави Игњатовиќ.

За неколкумина членови на Советот изненадување било што за одлуката да не се продолжи договорот гласале сите, иако во неа членуваат лица блиски до десницата. Емисијата заедно со водителот се прославија откако во јавноста се дозна за писмото со кое Томиќ го поканил премиерот Никола Груевски да учествува во емисијата. Во него Груевски бил наречен како „пастир на македонскиот народ“, а било наведено и дека како гости во емисијата можеле да се јавуваат граѓани со договорени прашања, кои ќе ги обезбедел Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на програмската комисија Иван Бојаџиски вели дека ова тело со години поднесувало иницијативи Советот да ја тргне од етерот, бидејќи контроверзноста на самата емисија, но и уште поконтроверзниот водител Томиќ го уривале угледот на МРТ.

„Нашата комисија две години водеше активност за да се симне емисијата, бидејќи никогаш не го остварувала јавниот интерес. Гледаноста е со просек од 1,3 проценти или на ниво на Македонија е гледана од 25 илјади луѓе. Само во Скопје просекот е 6.500 лица што покажува дека не допрела и дека нема интерес кај граѓаните. За исклучителна ниска се смета кога гледаноста е под 3 проценти и таквиот проект е неуспешен“, вели Бојаџиски, кој вели дека информации се добиени од Аналитичкиот сектор на МТВ, кој прави истражувања на програмските содржини.

Програмскиот уредник, Алјоша Симјановски смета дека терминот што го имал „Отворено со народот“ треба да се искористи со нов вид емисија и на тој начин телевизијата вистински ќе се отвори кон граѓаните.

„Нема потреба да давам мислење за емисија, која авторот ја користеше за сопствена промоција. Новата концепција е да се направи телевизијата отворена кон граѓаните“, вели програмскиот уредник Аљоша Симјановски.

Емисија и претходно се емитуваше под насловот „Гласот на народот“. Откако беше повлечена, по извесен период се склучи новиот договор, за чија промоција на „Отворено со народот“ беа закупени многу билборди. Набргу потоа, во јавноста протекоа информации дека МРТ за правата на Томиќ му платила 90 илјади евра. „Финансискиот дел го обезбедуваше самиот и не се точни гласиштата дека се дадени илјадници евра. Ниту еден денар не му е даден, тоа се шпекулации“, тврди Игњатовиќ.


#
Статијата е прочитана 4795 пати.

Испрати коментар

Од: debrestanec
Датум: 12.06.2010 00:16:26
Nisto povece ne gi peri od propasta. Ako ne drugo barem se secavaat na glupostite sto gi pravat.Tomoc stana najvalkana mifka. Pocna da se vrti trkaloto vo obraten pravec,pa taka sekoj den se slucuva po nesto logicno.
Од: Ostanavme siroti bez Tomica
Датум: 12.06.2010 00:20:37
Aman ludje , sto pravite!? Pa kako ce ziveeme bez onaa antologiska emisija "Gnasot na narodot" i bez " "vrvniot" voditel Tomic.Pa koj sega ce ne dozira redovno so propisanata doza na patriotizam. BBC i SNN edvam go cekaa ovaj moment i sega ce se ispokaraat koja poprvo da go angazira. Pa vakvi" voditeli" retko se radjaat , edvam po eden do dvajca na 100 godini.
Од: Миле - Охрид
Датум: 12.06.2010 00:36:21
Оркестрирано се чисти медиумскиот простор од сите оние кои се обидуваат да дадат придонес во битката за сочувувато на името. Дали ќе успее грчката пропаганда тој пристор да го пополни со свој „кадар“? Иако малубројни тие се организирани и дебело мотивирани да ја наметнат идејата за промена на името како сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија. Се плашам дека нивната „бургија“ пробива во сите пори на нашиот живот. Но нека не се секираат. Македонците ќе најдат начин да ги разобличат нивните шовинистички намери и да го сочуваат името.
Од: тета
Датум: 12.06.2010 02:44:02
Затоа го запослија во администрација. Пак НИЕ го плаќаме... :(
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 12.06.2010 05:54:27
Видоа дека секоја пропаганда не е само пропаганда може да биде и анти реклама.Пастирот го губи стадото и се разбира ситните штрафови на механизмот ќе се обидат да ги заменат со други.Не помага ништо.Возот тргнал надолу и ништо не го запира.ГОТОВ Е. ( Мислам на пастирот).
Од: Петар
Датум: 12.06.2010 06:07:01
Што Ви треба оваа статија! Прв пат слушам за емисија на МРТВ! Зарем има сеуште гледачи кои ја гледаат МРТВ - мизерија од ТВ.
Од: Трпе
Датум: 12.06.2010 07:46:05
Откако таканаречениот новинар и тоа партиски.Томич добро се набалира (еден просечен новинар толку пари неможе да заработи за цел работен век) сега го раскинале договорот,се додека не пронајде уште позвучно име на пастирот.Нормално дека веке нашиот пастир е нешто поголемо.Но ги прифакам и коментарите на прњетходните,што би правеле сега без неговите емисии.Голема штета.....
Од: ...
Датум: 12.06.2010 07:51:36
Штета, уште една помалку од емисиите со хумористична содржина. Уствари и не ни менува. Се сомневам дека има уште некој што "врти" на МТВ.
Од: jovan
Датум: 12.06.2010 08:17:15
Za vreme na ednoumieto postoeshe nevidena propaganda deka od site strani demnee neprijatelTakva taktika primenuvaat pogolemiot broj politicari,a prednacat novopecenite komunisti(DPMNE) i nekoi nivni glasnici kako Tomik.Ne deka tie drugite se mnogu podobri.Pravo cudo e shto dosega nekoj ne ne " udril po glava"
Од: забеган.
Датум: 12.06.2010 08:52:47
А даја укинете цела телевизија Па кој се уште ве гледа.Се што испрљавте Вардар неве пере.Само Пастирот како ли ќе се осеќа?.
Од: Nato-Jato
Датум: 12.06.2010 08:54:06
Petar A1,A2 bojli se neli????
Од: pretplatnik
Датум: 12.06.2010 09:11:32
srbinot tomic imal producentska kujca alaksandar makedonski cudo ne videno da ne e aleksandar karadjorgjevic uste ed na peralna na pari za tomicot 90000 evra a mene dedo ce mi pusta izvrsitel
Од: јас
Датум: 12.06.2010 09:22:12
ШТЕТА !!!!!!! Кој сега ќе го ословува овчарот со „пастире “??? А дали некој воопшто гледа МРТВ??? Еј луѓе , па 21 век е има милиони ТВ-канали..Кај мене дури и не се меморирани тие канали на телевизорот...
Од: Bitola
Датум: 12.06.2010 09:57:18
Dali stvarno ke imame kurtulvacka od Tomici i slicni nanego?
Од: jas
Датум: 12.06.2010 09:59:37
E stvarno steta taa emisija mozese da sluzi kako primer za studenti po novinarstvo kakvi ne treba nikogas da bidat. Nevideni gadosti se iznagledaa negovite obozavateli.
Од: "vodolija"
Датум: 12.06.2010 10:09:26
Fala mu na Gospod, i na na TIE sto naj posle resija da turaat kraj na IDEOLOSKITE TERORISTIi ZLOTO makedonsko kakvo sto e Tomic, Latas, Nedelkovski ,novinarkata Mirka i da ne gi nabrojuvam gi ima vo izobilie, i dodeka na ovakvi zlocinci na Makedonija im e dozvoleno da rabotat vo javni elektronski i pisani mediumi, Makedonija sekogas ke koraci kon naj bliskata grobista. Takvite ljugje se Zlo za Makedonija. Kako prvo Tie nemaat nitu makedonski gen !!?? Molam Vebmasterot da go objavi napisanoto ZATOA STO ima znacenie !!??
Од: Petko
Датум: 12.06.2010 10:35:10
Е од сега не плаќам ПАРДОН до сега не плаќав претплата баш за вакви ајвани...
Од: Ljube
Датум: 12.06.2010 11:04:53
Na OVCA sigurno i e potreben pastir.Ponizuvacki e da nekoj ,kako ovca,se poistovetuva so makedonskiot narod.No neli sme demokratska drzava,pa sekoj ima pravo da se proiznese kako sto se cuvstvuva.Za pozdravuvanje e ukinuvanjeto na emisijata a ovcata slobodno neka odi na pasenje po sirokite polinja niz Makedonija.
Од: Карокан-гамбит
Датум: 12.06.2010 12:42:20
До Миле - Охрид: Миле или како што некој рече "Мила", и ТомИЌ беше твојот бренд за зачувување на името и посебно идентитетот и јазикот.Тебе мора нешто да ти фали,некоја даска или повеќе такви.Друго не можам да измозгам.Нешто не е во ред!!!!!!!!!!!!!!! ТомИЌ бил "живо заинтересиран"за мојот идентитет и јазик.Повеќе од мене самиот. (Во народот велат " се прави поголем католик од папата"). Твоето видување да не е трагично ќе беше комично.Па имаш ли човече друштво во кое се движиш,може ли некој од нив да ти чукне по некоја чврга,белким ќе направи каков-таков контакт со реалноста.Катастрофа,катастрофа, катастрофа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: grazerin
Датум: 12.06.2010 13:05:25
Kasnite so odlukata da go simnete od eterot na MRT.no sepak e opravdana,nemozese da se gleda emisijata .Toa bese katastrofa ni vo Africkite zemji ovaa nemoze da pomine.No kaj nas blagodarenije na pastirot mozese samo za tije lica sto veruvaa vo lagata od STO CEKORI VO LAGI I SAMO LAGI:aLI IZGLEDA SEKOJ FILM IMA I KRAJ ;pa taka i na ovaa vlada ce i dojde krajot .A stetata ca ja placaa Makedonskiot Narod. pozdrav od Graz do utrinski nema vi ravni vo makedonskoto novinarstvo sekoja cest za site vo UTRINSKI.
Од: Tomic Veliki
Датум: 12.06.2010 13:10:53
Otkako dobro se "nadinga" toj i tie sto go "dingaja", a so cel da ne izleze uste pogolema bruka Tomic "Veliki" se vgnezdi pak na drzavni jasli. Normalno!!! Toj e "Veliki" i nezamenliv. samo neznam, osven Felix i com. dali nekoj drug go gledase?Koga Tomic bese vo "eterot" jas go gledav Tom i Jery.
Од: graganinot Kejn
Датум: 12.06.2010 14:30:17
"Sjasi Murto da dodje kurto"- go izbrkaa Tomic ama zatoa na Makedonsko radio vtora programa go pribraa Janko jadi burek. Sramno!!!! Izgleda pastirot ne saka da go igra Tomic, sovetot nosi odluki po direktivva
Од: maak 2010
Датум: 12.06.2010 15:46:23
Поголем полтрон и „подолно“ човече не било и нема да биде на телевизија. Предводник на имбицилизмот на полуписмените и на недоучените. Замислите еден таков приучен човек сака да креира јавно мислење .Зборува за поштеност, а се јавно се чалами со скапи костими и часовници, невидена мизерија......Ооо жална Македонијо дочека вакви да те бранат.
Од: mile
Датум: 12.06.2010 21:48:57
До:Карокан-гамбит-„„Утрински весник“ го задржува правото да не ги објави коментарите кои содржат навреди, клевети, непристоен речник, лични дисквалификации, национална, расна и верска омраза...“, освен ако се тие упатени кон македонците кои не ги прифаќаат грчките шовинистички барања за промена на нивното име и одбиваат да се самоукинат (самоубијат). Да можеше да се дебатира во весников би се согласил со Вас дека моите критериуми во вреднувањето на новинарите се ниски . Томиќ го вреднувам во однос на Греоски, Милеска, Ризаов, Чомоски, Секулоска и слични заговарачи на идејата за промена на името како сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија. А навредите? Тие говорат за тој што ги упатува.
Од: ....................
Датум: 12.06.2010 22:03:46
Незнам дали некој и го приклучува ТВ на МТВ и дали има некој кој го следи Томк јас за ова и прв пат слусам дека имало вакво несто на МТВ,кој следи МТВ??????????????????
Од: Ајван Доктор®
Датум: 12.06.2010 22:35:20
Телевизијата која не ја гледам ниту кога имам желба да гледам „Песна на Евровизија“,заради разбибрига!Преносот И оваа година го гледав преку други Телевизии,избегнувајќи го празноглавиот коментар на К.Петковска!Што е тоа што има да ни понуди оваа Пропадната ТВ-куќа,која одамна го изгуби квалитетот?Моментот,кога најквалитетните кадри ја напуштија: Хонорарци,кои никогаш не најдоа таму вработување и афирмација на својот Квалитетен Труд и на кои,заедно со редовно вработените Професионалци,им беше доста од Работењето За Мрзливите Незнајковци,оваа куќа престана да го продуцира дури и оној минимален квалитет што постоеше дотогаш!Разноразни Лигавци,Томиќи,Чешмаџии,Миљаими,Сабрии и полјоделци,дактилографки,вратари,кои се претставуваа како режисери,камермани и графички дизајнери,си го најдоа Рајот за живеење на Сметка и на Терет на Народот!
Од: realen
Датум: 13.06.2010 10:00:04
Ne znam i ne me interesira kolku iznesuva % na gledanost na MTV celosno ili poedinecno, no Tomik trebase da se trgne (ima novo rabotno mesto, i obrazovanie koe e slicno na novinarsko-ne e bitno koe). MTV e balast vo elektronskiot sistem za informiranje, poranesno leglo na dobri novinari i prezenteri e sega samo reminiscencija na toa "komunjarsko" vreme.

Најди! во Утрински
Втора страница
Опозицијата се мобилизира со антивладини реклами
Колачињата на „Кејблтел“
Вербатим

"""