Број 3372  среда, 01 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Скопје

Нова улица и нови фасади за жителите на „Илинденска“

Градоначалникот одлучил да ги обнови фасадите од Влада до фонтаната

Деспина Трајковска


Откако им ја прошири улицата, градоначалникот Коце Трајановски сега на жителите на „Илинденска“ ќе им ги обновува и фасадите. Планира да го освежи надворешниот изглед на зградите на потегот од раскрсницата пред Владата до фонтаната „Лотос“. Во Градот веќе прават анализи и пресметки кои и колку фасади ќе треба да се обноват за по проширувањето на улицата реонот да добие комплетно подновен лик.

Според досегашниот увид на теренот, надлежните констатирале десетина објекти на кои ќе треба да им се освежат фасадите. За неколку од нив, кои се водат како заштитени објекти, ќе треба се изработат идејни решенија. Врз основа на тоа, градските власти ќе извршат пресметка и за висината на средствата потребни за реализација на планираното.

„Иако обврската за одржување на фасадите е на куќните совети, односно на сопствениците на куќите, јас лично одлучив тоа да се направи на градска сметка, за целиот амбиент во реонот да биде комплетен. Начелно пресметавме дека за реализацијата на идејата нема да ни' бидат потребни многу пари, а ќе завршиме голема работа. Верувам дека сите се согласни оти не личи со ваква убава, проширена улица амбиентот да се нагрдува поради неодржувани фасади“, вели Трајановски.

Тој засега е сигурен дека фасадата на куќата на аголот кај фонтана, сигурно ќе биде обновена во автентичен стил, бидејќи се води како културно наследство. Останатите фасади, пак, како што тврди Трајановски, по обновата нема воопшто да отстапуваат од сегашниот препознатлив изглед, значи нема да им се менува стилот.

„Нема да употребуваме никакви бароци и слични стилови, едноставно, само ќе ги освежиме постојните бои и сето тоа во договор со сопствениците на објектите“, тврди Трајановски, кој вели дека е рано отсега да кажува дали евентуално ќе продолжи да обновува фасади на други објекти што се препознатливи во Скопје, а се наоѓаат на градски улици. Според неговите процени, фасадите на зградите на „Илинденска“ ќе добијат освежен лик до крајот на годинава.


#
Статијата е прочитана 1614 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 01.09.2010 08:15:24
Fer ponuda. Navistina bez novi fasadi ne lici
Од: skopjanka
Датум: 01.09.2010 08:53:57
Imam samo dve prasanja. Dali idejnite resnnija za fasadite ke bidat vo barok? I dali gradonacalnikotna Skopje, koj se zalagase za zeleno Skopje ke go obnovi i drvoredot ili prasina i izduvni gasovi ke gi gusat zitelite na Ilindenska?
Од: gledac
Датум: 01.09.2010 10:47:17
Колку да се потсетиме - во генералниот урбанистички план беше предвидено Илинденска да оди во две нивоа, т.е. наместо да се шири, едниот правец да оди подземно. Ама горе нема место за комерцијални бизниси!!!
Од: vera
Датум: 01.09.2010 11:53:31
A koj e Koce licno da oluci da se obnovat necii fasadi id dzepot na site gragani?Pa daj neka dadat po nekoj denar i na nasite kuki da im stavime novi fasadi,neli toa se pari od narodot.Pa i stanovite vo zgradite se privatna sopstvenost neka povelat stanarite neka si platat od dzebot za novi fasadi!!!

Најди! во Утрински
Скопје
„Веро“ ги отвора вратите
Реконструирана улицата „Иван Козаров“
Тајни планови за центарот на Скопје
Атлетски терен во СУГС „Арсени Јовков“
Градска плажа ќе работи и во септември
Слободни за учениците до трета година



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing