Број 3320  среда, 30 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

ВАЦ секогаш строго се придржува до законите

ЕСЕН - Медиумската групација ВАЦ со чудење го прими написот „Измамен партнер во политички брак“ на авторката Лилјана Смајловиќ во неделното списание „Време“ од 24 јуни 2010 година. Во врска со наведениот текст, Петер Ланге, претставник на ВАЦ во Србија и член на управата на медиумската групација ВАЦ, изјавува: „Обвиненијата дека групацијата ВАЦ во текот на својот ангажман во Србија се обидела да профитира така што користела корупција, целосно се неосновани. Фактите се токму спротивни. Медиумската групација ВАЦ секогаш во целост се однесувала во согласност со законите на Република Србија, при што постојано ја советуваа и ја застапуваа меѓународно признати и искусни адвокатски канцеларии. Покрај тоа, учество во Ост холдинг на групацијата ВАЦ, што е задолжен за работата на ВАЦ во Југоисточна Европа, има и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Стандардите на ЕБРД при изборот на деловни партнери се исклучително високи. Тие соработуваат исклучиво со друштва кои во целост работат во согласност со законот“.

Исто така, договорот за давање консултантски услуги со уредникот на „Вечерње новости“, Манојло Вукотиќ, кој се спомнува во написот, во целост е склучен во согласност со законот. Вукотиќ му се понуди на ВАЦ како советник, со намера да му помогне при легалното преземање на „Новости“. Со Вукотиќ е склучен коректен договор за давање услуги. Како аконтација Вукотиќ доби 75.000 евра, при што бараше вкупно 500.000 евра како надомест за успешно завршената работа.

Директорот на ВАЦ, Бодо Хомбах, во ниту еден случај не го нападна претседателот Борис Тадиќ, како што тврди „Време“. Во доверливото писмо упатено со претседателот Борис Тадиќ, директорот на ВАЦ, Бодо Хомбах, ги опиша искуствата на својата медиумска куќа како инвеститор во Србија и најави дека ВАЦ ќе ги повлече своите инвестиции и ќе почне со продажба на своите учества во фирмите во Србија.

Медиумската групација ВАЦ не го услови тој чекор со што било. Напротив: Бодо Хомбах го замоли претседателот Борис Тадиќ да и' помогне на групацијата ВАЦ, со цел нејзиното излегување од земјата да биде проследено од страна на државните органи и служби, во согласност со законот и на чесен начин. Бодо Хомбах го изрази своето лично почитување и признание на претседателот Тадиќ.

Исто така, неточно е дека групацијата ВАЦ „непријателски“ го презела друштвото „Ардос“, кое има удел од 24,89 отсто во акциите на „Новости“. Како што е повеќе пати соопштено, преземањето на „Ардос“ во целост е извршено во согласност со законот. Тоа на ниту еден начин нема да влијае на намерата на медиумската групација ВАЦ да го заврши својот ангажман во Србија и постепено да се повлече.


#
Статијата е прочитана 284 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Правен факултет дел од мрежата на земјите во ЈИЕ
Законот за комуникации го привилегира МВР
„Заеднички визии“ ги зближи тетовци
Флуоризираното млеко, сепак, е истражувачки проект
Клиниките со најискористени капацитети
Крајна мерка - одземање на ингеренциите на Мерко