Зошто оставката на лидерот на српските радикали Томислав Николиќ на сите функции доби димензија на првокласна политичка бомба?
БЕЛГРАД - Кога најмилитантните пратеници на радикалите пред една недела му упатија цел арсенал пагански клетви на шефот на државата и лидер на Демократската партија Борис Тадиќ, а попатно ги проколнаа и „сите радикали кои се состануваат со него“, се знаеше дека нешто сериозно чкрипи во врвот на најсилната опозициска српска партија. А откако, неколку дена подоцна, нејзиниот лидер (заменик на претседателот на СРП) Томислав Николиќ соопшти дека радикалите ќе гласаат за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, откако владејачкото мнозинство им го прифати амандманот со кој „законски се одредува“ дека Косово е составен дел на Србија, беше само прашање на момент кога долготрајниот, но притаен раскол на радикалите со полна пареа ќе излезе на површина. Се' уште не се смири задоволството на демократите на Тадиќ што ќе се постигне „национален консензус“ на прашањето за европски интеграции, од притворската единица во Шевенинген реагираше вистинскиот „сопственик“ на партијата Воислав Шешељ. И се' молскавично падна во вода: на радикалите им е забрането да гласаат за Спогодбата, а Николиќ веднаш поднесе оставка на сите функции.
Така навестуваниот судир на „тврдите “ и „меките“ радикали за време на викендот доби димензија на првокласна политичка бомба. Протерувањето на „прагматичниот“ лидер на радикалите Томислав Николиќ го означи крајот на некои негови не баш уверливи, „реформаторски“ обиди да ја „доведе до пристојност“ и да ја „европеизира“ СРП, односно почетокот на подготовките на теренот за (очекуваното) враќање на Воислав Шешељ од Хаг во Србија. Како што се прогнозира на големо во српската политичка чаршија дека Хашкиот суд или „поради недостаток на докази“ ќе го ослободи „војводата“ или „поради вербален деликт“ ќе го осуди на четири-пет години затвор (колку што тој веќе отслужи), приказната за неговото враќање се' повеќе го разнишува врвот на партијата. Најпрво „поради тврдата внатрепартиска автократија“ си замина популарната новосадска градоначалничка Маја Гојковиќ, а притоа и самата најави дека следниот за отстрел ќе биде - Николиќ. Посебно по неговото јавно манифестирано незадоволство што Шешељ зад грб се договарал со Коштуница за трет премиерски мандат иако СРП, поединечно, на мајските избори, беше најсилна партија.
Повлекувањето на Николиќ потврди дека неприкосновен лидер на радикалите, сепак, е претседателот на таа партија, хашкиот обвинет Воислав Шешељ. Николиќ долги години важеше за најистакнат „шешељовец“ во партиската хиерархија, најблизок соработник на „постариот војвода“, и тоа, секако, би останало да не се покажеше дека Шешељ не трпи конкуренција. Особено обидите некој да му ја „одземе“ партијата. Кога по заминувањето во Хаг, неколку дена пред убиството на Зоран Ѓинѓиќ во март 2003 година, Николиќ ја презеде партијата, таа имаше околу 300.000 гласачи, за само неколку години ја „збогати“ за уште еден милион гласови. Фактот дека Николиќ на претседателските избори доби 2,2 милиона гласа (што не му појде никогаш од рака на Шешељ) и дека Српската радикална партија стана убедливо најбројна партија, ги јакнеше тензиите во самиот врв, предизвика реакција на Шешељ. Се чекаше само вистински повод за „конечна пресметка“, која следуваше по процените на Николиќ дека времето на војување помина, и одлуката радикалите да гласаат за ратификација на Спогодбата за асоцијација и стабилизација, а притоа јавно никогаш не се одрече од „славното“ екстремно националистичко минато на српските радикали.
Со протерувањето на Николиќ, Шешељ сака да ја врати партијата таму каде што беше во времето на владеењето на Милошевиќ, игнорирајќи го фактот дека европска Србија моментно е посилна отколку што покажува односот на силите во српскиот парламент. Николиќ го сфати тоа и се обиде да се приспособи и, логично, ја плати цената на амбициите, и програмски и лидерски да ја преземе партијата од Шешељ. Затоа аналитичарите во Белград речиси апсолутно се согласуваат дека враќањето на Воислав Шешељ во каква било форма на политичката сцена во Србија ќе го намали изборниот рејтинг на СРП, а тоа значи дека сите обиди за нејзино „цивилизирање“ биле едноставно попусти.
Најзадоволен од ваквиот исход, без сомнение, е лидерот на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница. Одлуката на Николиќ радикалите да ја поддржат Спогодбата ги остави без вистински и посилен сојузник во отпорот кон европските интеграции. Сега во Шешељ повторно доби „соборец“ и „сопатник“, и покрај фактот дека српската националистичка десница на последните избори претрпе тежок удар. А со губењето на можноста (со „предавството“ на социјалистот Ивица Дачиќ) ДСП да формира влада со радикалите, создаден е амбиент во кој партијата на Коштуница ќе се бори и за гол опстанок на политичката сцена.
Затоа во некои белградски кругови се смета дека Николиќ повлече добар потег за Србија со оставката, затоа што со тоа е овозможено антиевропските политички сили полесно да се препознаат и да се лимитира нивното опструкциско дејствување. И што е најважно, дека шешељовскиот вид радикализам ја губи почвата под нозете. А тоа дека ќе има влијание на понатамошен тек на случувањата на политичката мапа во Србија, не треба да постои сомневање.
kutrite srbi, se uste ne mi e jasen toj narod koj ima takov nagon za samounistuvanje, nacionalizam koj se granici so varvarizam, dali im ide od sljivovicata,koj znae. uporno stojat na nacionalizmot i vo 21 vek, velite 2,2 miliona glasa za radikalite. ne zaboravajte deka istiot toj sizofrenik, paranoiden halucinogen idiot seselj (so malo s), se fotografirase vo vukovar so sajkaca, prakase ''dobrovolci'' vo BiH i hrvatska,pijani kako klenovi,hrabri pokraj tenkovite na srpskata JNA, i velese deka ''srbija i grcija imaat zaednicka granica na gevgelija,a makedonija e juzna banovina''...i pokraj tolku kotek i razurnuvanja,gubenje na kosovo,pak 2,2mil glasovi.kutrite srbi,nivnata zabluda e apsurdno neobjasniva...barem go ''porazija'' nato, a evropa ne im ni treba,si gi imaat seselj i kostunica
Од: Bastion
Датум: 09.09.2008 13:07:30
Srbskite radikali stradaat od nacionalistickiot balkanski sindrom(turkanje zid so glava),no ne se barem sami na balkanot,si imaat i svoi istomislenici vo Makedonija(prerodbenicite) koi se borat protiv Grcija,SAD(koja mu kaza deka krajno vreme e da se resi sporot za imeto i toa na naj-bezbolen nacin) i i prkosat na EU velejki ni deka i bez EU i bez NATO ke sme opstanele,da dragi gospoda ke opstaneme,sme opstanale i vo tursko 500 godini,samo prasanjeto e kako?? ke opstaneme gledajki go cel Balkan vo EU,a nie ke se borime za da go preziveeme sekoj den