Број 3321  четврток, 01 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Граѓаните ќе плаќаат за миење на улиците

Висината на новата такса допрва ќе се утврдува и веројатно ќе биде вградена во сметките за ѓубрарина

Сања Наумовска

Скопјани во иднина ќе плаќаат и за одржување на хигиената на улиците според примерот на главните градови во соседството. Градоначалникот Коце Трајановски најави дека на една од следните седници Советот на Скопје ќе треба да го разгледа ова прашање и доколку одлучи да им наметне нова давачка на граѓаните, ќе треба да ја одреди и нејзината висина. Новата такса, веројатно, ќе биде вградена во сметките за ѓубрарина.

Со новата давачка ќе се финансира јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое има обврска рачно и машински да ги мете и да ги мие улиците. Ваква давачка скопјани плаќале пред дваесетина години, а пред две години повторно се воведува како законска обврска, слична на онаа за јавно осветлување, која исто така ја плаќаат граѓаните преку сметките за струја.

Надоместокот за јавна чистота на сообраќајниците е предвиден во Законот за управување со отпадот и „Комунална хигиена“ бара од градската власт да започне со наплатата. Моментно, одржувањето на улиците се финансира од парите што ги плаќаат граѓаните за собирање на сметот од домаќинствата. Според директорот на „Комунална“, Ракип Дочи, тие средства не се доволни, а како илустрација го посочува Загреб, чие јавно претпријатие за оваа намена од градскиот буџет добива 16 милиони евра годишно.

„Градските улици се метат и се мијат во три смени, за што се ангажираат работници и цистерни. Оваа дејност била финансирана преку посебна такса до 80-тите години од минатиот век кога е укината. Оттогаш ниту градската власт не го покрива овој трошок, што не е случај во градовите во соседството, па дури и кај нас, бидејќи во Куманово граѓаните плаќаат ваква давачка“, вели Дочи.

Тој објаснува дека со оглед на тоа што „Комунална“ ја одржува јавната хигиена на градските улици, собраните средства ќе треба да се делат со општините, кои, пак, ќе бидат задолжени за чистење на општинските сообраќајници. Дочи вели дека постојат повеќе методологии за одредување на висината на надоместокот, но крајната одлука ќе биде на Советот на Скопје.

Тој потенцира дека во ревизорските извештаи за работењето на Јавното претпријатие од 2008 година како забелешка ревизорот побарал „Комунална хигиена“ да ја воведе давачката како еден од изворите на финансирање, бидејќи има законска основа за тоа, а на тој начин и ќе ја подобри својата финансиска состојба.


#
Статијата е прочитана 812 пати.

Испрати коментар

Од: месар
Датум: 01.07.2010 01:29:30
папапапапапапа, уште што нема да им текне, леле мајко моја.ова веќе станува перверзија, па како ќе ги мијат улиците кога само две цистерни има во градов..... а кој ќе ми плати мене што чистам цело лето ѓубре од липата пред врата, а.
Од: trpe original
Датум: 01.07.2010 02:13:41
Posle voveduvanje na haosot so zakon za domuvanje, ne e cudo da plakame i ulicarnina zatoa sto odime po ulici!Pa predlagam da narodot plaka i vozdusnina, prosecno potrosen kislorod.Ima i drugi genijalni predlozi ama ne sum tolku glupav da gi kazam.Moze i da gi prifatat!
Од: emil
Датум: 01.07.2010 07:53:15
do trpe noriginal: trpe jas ziveam vo planinsko mesto vo ceska i nie plakame kako ti ja narekuvas "vozdusnina" pa nikoj ne se buni. taka da ne misli deka si najpameten. sakate vo evropa, pa morate da se naucite da plakate taksi a ne da zekate se od drzavata.
Од: Скопје
Датум: 01.07.2010 08:51:42
Катастрофа....
Од: lisice
Датум: 01.07.2010 08:53:29
metewe vo tri smeni?! Tragikomicno. So godini nikoj nitu ja smel nitu ja izmil ulicata vo koja ziveam (naselba Lisice).A koj mene ce mi plati sto ja metam ulicata pred barakata i mijam na sopstven trosok?
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 01.07.2010 12:17:22
Ма,Коцкица е Светски шампион!Роден во Париз,шетан поред Сена и низ Барокната Версајска Палата (сè повеќе се сомневам во податоците дека можеби таму и се родил)се труди секојдневно да не развесели пренесувајќи ни ги на нему својствен начин доживувањата од аџилакот и од висините на Ајфеловата Кула!Во Ред!Ќе плаќам и за чистењето и метењето на улиците,иако,сето тоа спаѓа во Ѓубрарина,а градот се Гуши Во Ѓубре!Но,ако задолжениот за метење,пропушти да ја измете мојата улица,макар и еднаш (од тие три пати дневно) ќе го назначам Лично Коцкица да го Стори тоа!!!
Од: jimmy1
Датум: 01.07.2010 14:01:18
Ako de, naviknati, ma otrpnati se veke od plakanja. Pa zosto plakaat porezi??? Ako veke sakate da vovedite za sve da se plaka ukinetegi site porezi i davacki kon drzavata i opstinite na serifite.

Најди! во Утрински
Скопје
Oтчет за бесплатното користење на градската плажа
Уставен ја урна триумфалната порта
Катните гаражи ќе чинат 18 млн. евра
Признание за Цементарница „УСЈЕ“