Број 2796  четврток, 25 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Со секс се почнува се' порано - и тоа без заштита

Светскиот ден на контрацепција одбележан без податоци за бројот на абортуси

Јасмина Јовановска

Старосната граница на младите кои првпат се одлучуваат на секс се' повеќе се симнува, но надлежните не знаат колку таблети за контрацепција се употребуваат, ниту пак колку девојки и жени завршуваат на абортус. Светскиот ден на контрацепција вчера во Македонија беше одбележан без овие податоци. Министерството за здравство немаше официјална статистика, затоа што таа била во фаза на подготовка. Срамната ситуација донекаде ја спасија стручњаците кои излегоа со податоци за 2003 година.

„Стапката на употреба на орална контрацепција во Македонија е многу ниска и изнесува два до три проценти, додека во светски рамки е 11 проценти“, истакна на вчерашната прес-конференција по поводот Денот на контрацепција д-р Горан Димитров од Клиниката за гинекологија и акушерство. Според податоците за земјите од регионот од декември 2006 година, Македонија е на дното според употребата на орална контрацепција. А колку е битна свеста за контрацепцијата укажува фактот што на секоја петта жена во светот која забременува, кај најмалку една од нив се работи за непланирана бременост, што во најголем број од случаите завршува со абортус, објасни д-р Димитров. „Многу млади жени имаат незаштитен секс во текот на првиот сексуален однос. Едно од десет раѓања е кај мајки кои и самите се' уште се деца“, истакна д-р Димитров, кој додаде дека во Македонија 80 отсто од младите не консултираат гинеколог при првиот сексуален однос.

Студиите спроведени од Министерството за здравство, како што рече претставникот д-р Едис Рамо, укажуваат дека неинформираноста за сексуалното и репродуктивното здравје е главна причина за зголемен ризик од несакана бременост и сексуално преносливи болести. И покрај ваквиот заклучок, таа немаше податоци кога е направена последната студија, какви мерки се преземени во училиштата, колку се користат таблетите за контрацепција, ниту пак колку абортуси годишно се прават во земјава, со објаснување дека извештајот се' уште се подготвува.

Гинеколозите предупредуваат дека се' помлади се одлучуваат на прв секс и тоа без заштита, дури и деца од 13- годишна возраст и дека бројот на абортуси се' уште се доближува до бројот на раѓањата, а голем број од нив, неофицијално, се вршат нелегално во приватни гинеколошки ординации. Овие случаи најчесто се откриваат кога ќе дојде до загрозувачка компликација за животот, поради што за помош тие се обраќаат во болниците. Во приватната болница „Мала Богородица- Систина“ годишно се прават од 800 до 900 абортуси. Лани од компликација од нелегален абортус извршена во друга ординација кај нив биле третирани два до три случаи, вели д-р Васил Јовковски. На Клиниката за гинекологија, пак, за разлика од 1990 година кога биле правени и до 4.100 абортуси, годинава има само 300 абортуси, но нема подат��к за лекувани пациентки од последици од илегален абортус.

Затоа, велат гинеколозите, треба да се стави акцент на контрацепцијата со која младите треба да ги запознаат прво родителите, а клучна улога имаат и медиумите.

Светските истражувања покажуваат дека 33 проценти од младите преку Интернет се информираат за заштитата од несакана бременост, сексуалното и репродуктивното здравје, а овој процент расте до 93,9 проценти кога ќе се вклучат и другите медиуми. Меѓутоа, според д-р Татјана Гуржанова од Клиниката за гинекологија, главна улога има и образованието, па затоа таа предложи покрај веронауката, во училиштата да се воведат и часови за сексуална едукација.


Статијата е прочитана 3659 пати.

Испрати коментар

Од: Janeta
Датум: 25.09.2008 09:37:34
sekoja mu ces na roditelite na tinejdzerite ,mu dozvolile na decata mnogu mali da se drogiraat da se pijanat i da se seksaat
Од: verag
Датум: 25.09.2008 09:53:09
Во нашите училишта,кои мене ми личат на оние од 19 век со веронауката,нема шанса да се воведе сексуално образование. Овие наши демохристијани на власт нема ниту да сакаат да разговараат за оваа тема.А и повеќето од нашите граѓани се на исто ниво со демохристијаните, не напреднале многу од она време пред петнаесетина години кога имаше обид од власта да се воведе,но поради отпор од граѓани пропадна. Младите отидоа многу напред со практикување на сексот,но постарите не сакаа т да го видат тоа и полесно им е да ја пикаат главата во песок како нојот.
Од: Toni
Датум: 25.09.2008 13:22:00
Имав намера да оставам коментар, но откако ги прочитав правилата во кои е предвидена цензура се откажав. Цензурата во било кој облик е со Устав забранета. Поздрав Тони

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Партиски вработувања во велешката болница
Виктор Цветаноски – живот посветен на новинарството
ЕЛЕМ го одложи барањето за поскапување на струјата
Трка по петки, а не по знаење
Улица во Тетово посветена на артистот Панче Камџик
Прилеп се збратими со американската општина Гарфилд
Штипската Саат-кула ќе го добие автентичниот изглед
Продолжи штрајкот на грчките цариници
Штипските стечајци загрижени дека ќе останат со куси ракави
Џепчиштани бесправно пробиваат пат кон Сетоле за да сечат дрва