Чешките цариници во соработка со полицијата успеа да разбие мрежа на нелегални производители и продавачи на цигари, завршувајќи ја операцијата што траела две години и притоа запленила неколку милиони цигари и десетина тони тутун.
„Во текот на 2008 година царинската управа на Прага успеа да добие детали за група луѓе од Чешка и од Македонија, која организирала увоз на суров тутун и цигари“, изјави портпаролот на царината, Јиржи Бартак, опишувајќи го почнувањето на акцијата, при што е откриено затајување на данок во висина од 70 милиони круни, односно 2,8 милиони евра. Бил извршен претрес
на 14 станбени објекти, при што биле притворени седум лица. Полицијата запленила повеќе од четири милиони парчиња цигари, 30,5 тони режан тутун, четири тони необработени тутунски листови. (МИА)