Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Илинден, континуитетот и дисконтинуитетот

Трајче Грујоски, Скопје

На празникот Илинден, кој е светилник во историјата на македонскиот народ, може да се согледува континуитетот на неговата борба за слобода и државност. Тоа го остварувале неговите досегашни четири генерации, секоја во своето време. Сепак, мора да се констатира дека поделбата на Македонија во 1912 година имаше катастрофални последици - се чини, засекогаш е изгубена целоста на Македонија. И по таа трагедија, борбата продолжила сама, тогаш станало видливо манипулирањето и идентификацијата на ВМРО со официјалната политика на бугарската држава. По таа поделба, со силата на објективните околности, во кои ја вбројуваме и силата на политичкиот репрезент, крајниот успех се оствари само во Вардарскиот дел на Македонија.

Духот на времето пред Втората светска војна во Европа го карактеризираше антифашизмот. Тие идејни и политички бранувања ја зафатија и Македонија. Во тоа битна улога добија македонските комунисти. И нив им беше блиска идејата што се пласираше од Коминтерната за балканска федерација во која би била и Македонија. Меѓутоа, објективниот тек на настаните брзо ја отфрли таа идеја. Македонските комунисти, осознаени во рамките на КПЈ на чело со Јосип Броз Тито, убедени дека во националната програма на таа партија е единствено реално решението за опстојбата на македонската национална индивидуалност и држава во составот на југословенската федерација, за што ги заложија своите животи за да се оствари тоа. Впрочем, во 1934 година ВМРО беше забранета и ликвидирана. Со тоа КПМ остана единствениот организиран политички субјект што го предводеше македонскиот народ во неговото единство победничко востание во 1941 година.

Големо визионерство претставуваше што се одржа Првото заседание на АСНОМ на 2 август, како втор Илинден, зашто се потврди дека тој празник е „националниот код на народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија во 1941-1945 година“ (Вера Вангели). Така е разбиена „ослободителната мисија на Бугарија“, бидејќи таа заврши со ослободувањето од бугарската крвава фашистичка окупација на Македонија, која носеше опасност и од геноцид. Континуитетот на вториот со првиот Илинден беше докажан низ востан��чките акции во 1941 година, секој партизански одред носеше име на прославен илинденец од 1903 година, на митинзи се величаше илинденското дело, партизаните пееја: „На илинденците сме наследници“. На Првото заседание на АСНОМ се изрази суверената волја на македонскиот народ, се прокламира слобода и самоопределување, создадена е државата Република Македонија. Тоа беше ѕвездениот миг во кој се оствари вековниот сон на сите генерации Македонци. Одржувањето на Првото заседание на АСНОМ беше овозможено со восхитувачките резултати од борбата, веќе дејствуваше многуилјадна македонска војска, функционира органи на нова народна власт, пулсираше Македонскиот народен фронт како политичка основа на новата власт. Одлуките на АСНОМ и нивното значење се познати. И денеска возбудува извичникот од Манифестот на АСНОМ за соединување на „сиот македонски народ“, што, за жал, во старо-новата констелација на светските големи сили објективно не можеше да се оствари.

Од овој кус преглед, очигледно е дека континуитетот на национално ослободителното движење на Македонија овозможи нејзино ослободување и создавање на државата. Тој продолжи успешно и во целиот период до прогласувањето на самостојноста на Република Македонија. Тогаш амбиентот за функционирање на државата радикално се измени - се спроведе „ново читање на историјата“, што претставуваше обид да се проблематизира создавањето на македонската нација. Тогаш се актуализира тезата дека македонската нација е творба на Коминтерна. Се брануваше јавноста со целосно негирање на развојот на Македонија во периодот 1945-1990 година, имаше обид да се валка и востанието од 1941 година со поимите - „србизација“, „задоцнето“, а се пушти и безобразно обвинение: „не се оствари обединување“, упростувајќи ги приликите и не водејќи сметка за односот на големите светски сили кои прифатија постоење само на Република Македонија во составот на југословенската федерација. Распадот на социјализмот во Источна Европа одеше во прилог на ваквиот деструктивен притисок, потврдувајќи го идеолошкиот судир како антикомунизам.

Штетата од тој дисконтинуитет станува видлива во споредба со пример со Словенија, каде што цела дотогашна комунистичка номенклатура се задржа на власт, транзицијата заврши без фрустрации, државата се осамостои и беше внесена во НАТО и во ЕУ. Врвна драматична точка на дисконтинуитетот беше меѓуетничкиот судир, при што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во својство на премиер, објави потреба од размена на територии и население, а сето заврши со неопходниот притисок од меѓународната заедница.

Целта на актуелниот обид дрско да се разори битието на македонската нација (напуштање на одамна верификуваното словенско потекло и изнасилено спроведување маглива антиквизација), стимулирано од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски, преку политиките на Владата веќе не може да се крие (за тоа ќе се отвори музеј на ВМРО и музеј на жртвите од комунизмот). Провоцирањето на Грција го направи неминовен крахот во Букурешт, се проблематизира македонскиот национален идентитет. Ако брзо не се надмине, овој дисконтинуитет се заканува со тешки последици.

Останува неопходноста духот на првиот и вториот Илинден да ја растресе зачмаената свест и апатијата на граѓаните-избирачи да го прекинат разорното дејство на дисконтинуитетот, да се оствари интеграција на државата во НАТО и во ЕУ и да продолжи нормалниот развоен тренд. Тоа е патриотскиот предизвик за сегашната петта генерација.


Статијата е прочитана 708 пати.

Испрати коментар

Од: Ace od Avstralija
Датум: 27.07.2009 01:44:47
Imavme dva Ilindena, a Nostradamus rece na tretiot ce bide Makedonija cela i povtorno silna. Sega jas tresam gpuposti, Nostradamus ili nekoj od citatelite ce ja zapecati?
Од: Знаењето е сила, знаењето е моќ
Датум: 27.07.2009 01:51:30
Востание во 1941 секако дека немало. Сечењето на два-три кабли и убиството од зад грб на еден стражар не е востание. Тоа беше акт спроведен по наредба на Тито за да се покаже божемно незадоволство во Македонија и таа да остане под капата на КПЈ и Југославија (што подоцна и се случи). Главниот организатор беше Колишевски заедно со неколкумина други коишто се школуваа во Крагуевац во просрпски и пројугословенски дух. Кога станува збор за АСНОМ, да не заборавиме дека тие кои што се бореја за Македонија и против србизација беа затворани и ликвидирани. Се знае зошто беше убиен Кочо Рацин. Се знае зошто беше затворен Ченто. Поистоветувањето на 1903 со 1941 е незамисливо. Македонците и во двата случаи се бореа за една цел, слобода на Македонија, но за жал во 1945 година таа слобода се претвори во терор на вистинските Македонци кои противејќи се на србизацијата и југословенската федерација беа убиени или затворени. Голем дел од партизаните се бореа за Срем, за интересите на Србија.
Од: pameten
Датум: 27.07.2009 05:03:40
ослободувањето од бугарската крвава фашистичка окупација на Македонија, која носеше опасност и од геноцид... Ovoj mit e ludilo. Bugarskata okupacija mora da se sporedi so temniot rezhim na kralevinata, so nacistichkata okupacija na Srbija, Montenegro i Bosna (koja bi bila alternativa na nedoagjaneto na Bugarskata vojska) i so krvaviot komunistichki rezhim po 1944. Koga se napravi objektivna analiza togash ke najdeme izlez od magepsniot krug.
Од: Александар северномакедонски
Датум: 27.07.2009 07:52:02
„...духот на првиот и вториот Илинден да ја растресе зачмаената свест и апатијата на граѓаните-избирачи...“!!!!!???? Според овој, Илинденското востание го кренале активисти на СДС, само што народот тоа не го знаел и не гласал за нив. Какви генијалци сме имале! Какво чувство за историја! Да не биле комунистите, Македонија немала да се осамостои. Какви префинети анализи. Прекрасно.
Од: Zivi ucesnici , razjasnete!
Датум: 27.07.2009 11:41:13
Kolku mi e poznato, vojnikot ubien nocta na 110ktomvri 1941 godinia bil po od strana na Naumovski , bil po poteklo makedonec koj sluzel vo bugarskata vojska. Ako e toa to;no , znaci celata oktomvriska epopeja se sostoela vo toa da makedonec ubil makedonec vo korist na drugi( stranski) interesi. I se prasuvam po koi pricini e doveden Kolisevski vo Mk od Kraguevac, kogo Mk revolucioneri voopstio ne go poznavale i cule za nego i e postaven na najvisokata funkcija? Koja bila i ulogata na Svetozat Vukmanovic Tempo? Neka toa go objasnat onie preostanati zivi ucesnici na tie nastani, a ne da ni raspredaat bajki i prikazni za deca.Planot so Mk bil drug, i istata ce bila pripoena postepeno kon Srbija, no imavme sreca sto Tito,vizionerski, plasejci se od golemosrpskiot hegemonizam napravi se za formiranje na R. Makedonija kako sostaven del na togasna Avnojska Jugoslavija, a isto taka na Srbija im gi formira dvete pokraini( Kosovo i Vojvodina)I
Од: Antonio
Датум: 27.07.2009 15:26:14
Znaenjeto e sila,znaenjeto e mok,tvojov komentar vsusnost go pokazuva tvoeto golemo neznaenje i frustracii so patoloski razmeri.Velis ne postoela NOV,a sto mislis ti?deka nekoj slobodata ni ja podaril nekoj naposluzavnik? Namesto da mlatis prazna slama,treba da se zasramis ako ne od samiot sebe,togas od iljadnicite zrtvi koi gi dale svoite zivoti,za ova parce zemja.No zalosno e sto denes slobodno setaat i vakvi bednici kako tebe.Samo tolku.
Од: komunist / socialist / humanist
Датум: 27.07.2009 15:51:53
Makedonija ja ostvari svojata drzavnost (za prvpat vo dolgovekovnata istorija) blagodarenie na komunistite. Dodeka tatkovcite i dedovcite na denesnive glasni i nevospitani patrioti (VMRO) se kriea vo burinja, tatko mi i cicko mi ja osloboduvaa Makedonija. Vo nivnite osloboditelni pohodi se najdoa i vo Albanija, Grcija i sekako i Sremskiot front. Tatko mi ucestvuvase vo osloboduvanjeto na Skopje kako del od 12 Skopska Udarna Brigada kojasto napagase od pravecot na Matka pri sto zaginaa mnogu mladi makedonski komunisti. Cicko mi (prvoborec) zagina vo 1945. Posle vojnata, dodeka nivnite tatkovci i dedovci povtorno bea nevidlivi, tatko mi i negovite drugari gradea prugi i patista - infrastruktura sto se koristi i denes. Ne znam koj film go gledaat denesnive patrioti no znam edno - moeto semejstvo pridonese vo izgradbata na Makedonija, sto e sprotivno na unistuvanje na drzavata (filmot sto go gledame denes). Blagodaram za vnimanieto ...
Од: nacional-patriot
Датум: 27.07.2009 16:46:05
Pred dva meseca Bugarija pobara od Makedonija da izgradi spomenici na bugarskite vojnici padnati vo prvata, vtorata balkanska vojna,prvata i vtorata svetska vojna.VMRO-DPMNE ova baranje go ODBI. Buckovski koga bese premier predlozi zaednicka proslava na bugarskite i makedonskite praznici.Toa bi znacelo praznik vo Bugarija da se slavi vo Makedonija.SDSM ova go prifati sto znaci deka SDSM e BUGAROFILSKA partija.
Од: MAKEDONEC
Датум: 27.07.2009 17:23:22
PSIHOPATI mozat da ja negoraat 1941-1944. Da se negira Stiv Naumov, Elpida Karamandi,Kuzman Josifovski, Chento, Tunelot i drugi i drugi, znachi da ste psihopati. Da se negira drzavnosta, da, ogranichena kako federalistichka. Diktaturata jas ja proziveav i bev pod UDB-a , i stradav i stradav , zashto sakav nezavisna Makedonija i cela, i po seto shto go proziveav, vas ve dozivuvam kako psihopati. Chesttka Trajche Gruevski.

Најди! во Утрински
Писма