Број 3337  вторник, 20 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

ВМРО-ДПМНЕ подготвува кадровски чистки


За почеток, вмровците кои извршуваа повеќе функции ќе мора да отстапат по една фотелја

Александра М.Митевска


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ подготвува смена на дел функционери од партијата, главно, директори на државни институции и на јавни претпријатија, како увертира во можна владина реконструкција наесен.

Според партиски извори, кадровската чистка би опфатила неколку категории функционери - оние што покажале слаби резултати, оние за чие работење имало негативни реакции во јавноста или посочувања од надзорните институции и оние што дошле во судир со партиското раководство.

На тој начин, наводно, би се амортизирало се' поголемото незадоволството во базата - поради неисполнети амбиции на поединци и поради одредени персонални решенија и би се обезбедила поголема кохезија во партијата. Истовремено, власта би манифестирала ажурност и самокритичност во период кога државата ќе се соочи со нови предизвици што би можеле да бидат вовед во предвремени парламентарни избори.

На оваа тема, како што дознаваме, се дискутирало на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на минатата недела, по што завчера заседавал и Централниот комитет на партијата, кој ја донесе првата одлука во насока на кадровското проветрување: вмровците кои досега извршуваа две или повеќе функции и добиваа и функционерски плати и надоместоци ќе мора да ги ослободат вишокот фотелји.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одлучил сите партиски кадри кои се на повеќе од една функција до крајот на август да останат само на една позиција, за да избегнат судир на интереси, што како проблематика е регулиран со корпусот антикорупциски закони. На засегнатите функционери ќе им биде оставена можност сами да одлучат од кои позиции ќе заминат.

Владејачката партија донесе ваква одлука откако Антикорупциската комисија сигнализираше дека голем број функционери истовремено имаат раководни места во јавни институции и се советници или претседатели на општински совети. Според Комисијата, тоа е класичен пример на судир на интереси, бидејќи антикорупциските закони не дозволуваат избран или именуван функционер паралелно да биде и одговорно лице, како директор или член на управен или на надзорен одбор во јавно претпријатие.

Владата извесно време ги игнорираше предупредувањата од Антикорупциска, а дел од спомнатите функционери тврдеа дека не го прекршуваат законот. Од ВМРО-ДПМНЕ и сега велат дека со извршувањето две функции истовремено не е прекршен Законот за локална самоуправа и дека тој закон, всушност, бил во колизија со антикорупциската регулатива што се донесе подоцна. Сепак, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, конечно, реши да ја послуша Антикорупциска комисија, но и да реагира адекватно на реакциите на јавноста, која со неодобрување ги прифати информациите за дуализмот во практикувањето на власта.

„Овој чекор е придонес на ВМРО-ДПМНЕ во јакнењето на демократските процеси во Македонија. Апелираме до другите партии да го сторат тоа“, изјави вчера Зоран Петрески, член на ИК на партијата.

Во ВМРО-ДПМНЕ немаат прецизна бројка колку нивни членови истовремено извршуваат по неколку функции. Сепак, првичните и неофицијални процени се дека операцијата за повлекување на „двојните функционери“ ќе претставува своевидна персонална реформа во институциите на локално ниво и во пониските ешалони на власта, бидејќи најчестите случаи на конфликт на интереси се кај општинските советници кои истовремено се и директори на јавни институции - училишта, претпријатија, установи. Такви случаи има и кај другите партии, но најкарактеристична е ситуацијата со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи оваа партија е на власт и во повеќето општини во државата.

Како примери за конфликт на интереси беа спомнати Владимир Здравев - директор на МЕПСО и претседавач на Советот на општина Центар, Владимир Бахчовановски - советник во Центар и директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, Виктор Камиловски - директор на Градска болница во Скопје и претседател на Советот на општина Аеродром...


#
Статијата е прочитана 6009 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 20.07.2010 00:02:31
Redno bese, pola kadrovi se bivsi SDSM ili luge na Singo.
Од: Hari
Датум: 20.07.2010 00:12:19
Ja pozdravuvam idejata za kadrovski proimeni. najdobro za Makedonija e site nepismeni DPMNEobci da si dadat ostavka so cela Vlada i da gi snema od politicka scena za navek. Dosta zlo i nanesoa na drzavata.
Од: DX
Датум: 20.07.2010 00:30:47
Ne gledam nisto loso vo toa. I taka treba da bide. Sekoj poedinec na kogo mu se dala sansa a ja prokockal e negova vina. Ima dosta lugje koi ne se vo patrijska asocijacija ali imaat golem kapacitet so koj mozat da pridonesat za sekoja vladeacka partija. Pa toj sto e na pozicija ima potpolno pravo da bira koj sto ke raboti a narodot toa go ocenuva na izbori. Nesto nejasno?!!!
Од: Baba Kata od Sekulica
Датум: 20.07.2010 01:07:40
Edno pitanje.Znaete li koja kniga ke bide NAJTENKA KNIGA NA SVETOT? Knigata na clenovite na DPMNE koi pokazale dobri , funkcionalni rezulati vo rabotata. KE IMA SAMO KORICI!
Од: sirma vojvoda
Датум: 20.07.2010 01:38:01
partiskite cistki ne se ni najmalku poradi losi rezultati,rezultatite se losi vo sekoj domen na naseto ziveenje taka da samo eden e kriv za toa,partiskite cistki se samo poradi toa sto tie ljuge javno pocnaa da zboruvaat protiv ovaa diktatura i intenzivno pravat sostanoci so celnicite na SDSM a toa glavniot go znae no mnogu se nema mesto za site po zatvorite pa zatoa barem da gi trgnat od vodeckite pozicii no veke e kasnooooooooooooooooooooooooooooooo!!!!!
Од: PRILEPCANEC
Датум: 20.07.2010 02:52:14
Во Прилеп има седум функционери на ДПМНЕ кои се и директори и советници,А ТОА СЕ ЗЛАТКО ДИМОСКИ,ГОЦЕ ИНГИЛИЗОВ,ИЛИЈА БОГАТИНОСКИ,ЈОВАНКА ТУТЕСКА,СОЊА БЛАЖЕСКА,САШО НИКОЛОСКИ И БРАНКО НЕШКОСКИ,кои без срам и перде земаат и плата и паушал,а се декларираат како партија која мисли за народот.Тоа е невидена демагогија и ароганција.Она што го изјави битолскиот градоначалник е брука и срамота дека немало други кадри,ако немаат од ДПМНЕ нека позајмат ОД АМДИ БАЈРАМ,тој има во сите градови кадри на претек.
Од: petlovac
Датум: 20.07.2010 03:41:18
Aj uste malku pa site ke ve smenime za navek.LOPUZI nizaedni...Sram da vi e.....
Од: marija
Датум: 20.07.2010 06:32:05
Interesna konstatacija :" VMRO-DPMNE, nemaat precizna brojka kolku nivni clenovi istovremeno izvrsuvaat po nekolku funkcii....." . Na novinarski prasanja do premierot ili ministerot za finansii, kolku pari Vladata im dolzi na firmite " ne ja znaat tocnata brojka"( ne ja kazuvaat ), a znaeja deka na mitingot na SDSM pprisustvuvale okolu 8000-8500 gragani.Koga se raboti za niv nisto ne znaat, pa koga ne znaat NEKA SI ODAT
Од: Do: Baba Katu od Sekulicu
Датум: 20.07.2010 07:41:12
Си заборавила само да истакнеш дека Кориците ќе бидат бланко страници - без текст!
Од: realen
Датум: 20.07.2010 07:43:05
Ova e vistinska reforma. Golem pozdrav za ovaa golema odluka. Sepak nekoj imase hrabrost ova da go pokrene , a drug imase uste pogolema hrabrost da ja sprovede vo delo ovaa golema reforma i na svoite da im kaze stop na zloupotrebite na drzavnite pari. BRAVO!!!
Од: mitko so povik
Датум: 20.07.2010 08:21:13
Stavre-kumceto prvo da se sutne!
Од: Pavle
Датум: 20.07.2010 08:24:03
Treba da se smenat i Inspekciite,tova sto se pravi od poedinci na celo,ili tie sto rabotat e krajno bezobrasno.Kako ne vi e stram i aram da zemate p[ari narodni i da ostavate bezakonie. vo aerodrom kioscite,na stara5ka,pravat sto sakat.Kablovi da visat nad glava i tova energetski pod napon,,da vlezat vo zelenilo,da postavuvaat masi,stolici,da secat grank,za da postavat reflektori,da vleguvaat so koli,da se istovara roba na kolonijalite,vo zabraneta zona,tova go ima samo vo aerodrom
Од: vlatko
Датум: 20.07.2010 08:35:59
,,Во ВМРО-ДПМНЕ немаат прецизна бројка колку нивни членови истовремено извршуваат по неколку функции“. - Кого лажат?
Од: demokrat agronom
Датум: 20.07.2010 08:44:00
Arno veli Brane em Vmrovcinja em mangupcinja. Koj samo im gi kazuva ovie pametni potezi , sigurno ne nekoe sovetnice od 25 30 godinki, mora da e nekoj golem Vmrovec (Bugarofil) koj ima pomito se i sesto i stvarno site politicki skoli. Se dodeka go slusaat ke bidat eden cekor pred SDSM , ama vo posledno vreme na Vmrovcinjava slavata se poveke gi malavo glava.
Од: Трпе
Датум: 20.07.2010 09:06:11
Тоа е нашата четиригодишна блада.Кога ке дојде нож до коска се присвестува.Има многу касно палење.Затоа ја доведоа земјата до таму каде што сме.Тоа е од незнаење или само од личен интерес.Многу не му се секират што обичниот народ трпи и пати.Важно е ним да и биде убаво.Зарем не се власт.Но каква?
Од: natasa
Датум: 20.07.2010 09:15:13
Kakvo licemerie,pa zarem partiite koga gi kandidiraa na listite za sovetnici,nositeli na listi i sl. ne zanea deka tie lica se veke direktori!!!!!!
Од: Скопјанец
Датум: 20.07.2010 09:24:26
Џабе им е! Требаше уште во почетокот да почитуваат одредени норми при вработувањата. Самите одлучија дека "стандардот" на СДСМ, при кој единствената компетентност е партиска книшка, вреди да се продолжи. Сега ќе сркаат - што дробеле! Не дека има шанси СДС да се врати на власт, ама за било кого ќе биде тесно. Сега, дури и да одлучат да спроведат вистинска департизирана јавна администрација - веќе е доцна. Па дури и да успеат (што е нонсенс) веќе народот е измачен од нивните партиски војници кои незнаеја да работат. Веќе знаеме како е "судирот" со државните бирократи и нивната незаинтересираност да му помогнат на "обичниот" граѓанин. Партиската книшка е таа која за кратко функционира, меѓутоа на подолг рок, ги симнува партиите од власт. Штета што се политичариве кај нас кретени, па не го разбраа ова досега.
Од: trevor
Датум: 20.07.2010 09:31:24
Tie se iznakradija, ovie sega ke gi menuvale...bog da cuva....ostavete gi da si gi vratat parite nazad....
Од: Rade
Датум: 20.07.2010 09:32:18
Сега им текна !!! После 4 години членување во 4-5 управни одбори и комисии!!! Сега им текна дека во државава има Закон !!!! А уште овој кутар народ очекува дека истиве луѓе кои не знаат за Закон и не почитуваат Закон, ќе им донел ‘преродба‘ !!!
Од: donco
Датум: 20.07.2010 09:42:14
abe prv treba da se smeni samiot sebe GRUJO
Од: tomi
Датум: 20.07.2010 09:58:09
a Sto so onie vidni javni licnosti od umetnosta, koi clenuvaat vo ne 2 ami vo 4, 5 upravni odbori. Vo edniot se pretsedateli na Upraven, vo drugiot se chelnoci, vo tretiot se kadrovici, vo cetvrtiot se finansiski sovetnici. Znachi 5 vo 1 coek.
Од: gimi
Датум: 20.07.2010 10:20:44
DO *Sirma vojvoda* Ne moze komunjar da bide vojvoda vo nikoj slucaj pa makar ni zenski.Preispitaj se ili kaj vas e se izmesano?
Од: Daliborka
Датум: 20.07.2010 10:38:03
Babo Kato dobro e sto ima korici i toa e nesto nekoj bea dolgi godini na vlast ni korici ne uspeaa da ima nivnata kniga koja nikoj ne ja razbirase.
Од: ivona
Датум: 20.07.2010 10:46:20
ova e priznanie na se ova sto go osekame kako gragani deka site se nepismeni i nemale dovolno liuge i morale da stavaat ist covek na dve i poveke funkcii dobro,a koj ja prasuva g-ga Taseva za mislehje ,pa narode zarem zaboravivte deka taa bese Direkror na fakuletot za bezbednost,pretsedatel na komisijata za antikorupcija i pretsedatel na Transparentnost Makedonija vo isto vreme ,pa taa trebe da kaze nesto.Takva koncentracija na funkcii kaj eden covek nee demokratija,samo toj da ima i da uziva a drug ako e so fakultet neka nema leb da jade ako nema kniska crvena ili sina toa ja unistuva drzavata od koren i pravi glomazna i neefektivna administracija,Sega e na red da gi ispusti site sto zemaat plati a sedat doma ,pa onie sto sedat na dve stolcina na edno biro, pa nepismenite vmro-ovci koi ete smi priznavaat kako ja unistija Makedonija.E zatoa nesakaa aranzman so MMF za da ja nakalemat jakata administracijata na grbot na narodot toa e krazba na sopstveniot narod od strana na vladata.
Од: Svetlana
Датум: 20.07.2010 11:05:04
cestitki za vakvata odluka na vladata.Toa od poodamna stvara revolt kaj graganite zosto site pari odat vo isti luge a ostanatite trpat za leb.Dobro e sto konecno se resi i ova bidejki direktorite samo sto dojdoa na vlast si gi pokacija platite kolku sto i realno treba ,megutoa samo na niv a ne i na rabotnicite i toa bese stvarno znak na samovolie,a plus pak i vo isto vreme se ili sovetnici i clenovi na nekolku upravni odbori i tie ke ziveat a drugite ke umirat. ZNACI SEPAK SE REDAT RABOTITE POLEKA.....
Од: Struga
Датум: 20.07.2010 11:34:17
Koj rece deka SDSM-ovcite nema da dojdat do izraz. Eve sega ke se oslobodat najmalku 5.000 rakovodni mesta kade se pozicionirani VMRO-ovci, koi mesta nesomneno ke gi popolnat nekoi drugi ovci a najverovatno SDSM-ovci. Samo za zal se somnevam deka i novite ke bidat isti kako i dosegasnite. Stani Kurto da sedne Murto.
Од: b
Датум: 20.07.2010 13:35:10
Леле, леле, каква прашина фрлање в очи. Што ке каже сега Талевски од Битола, нели мора да има двојни функции, немале кадри, (што е општо-позвато за вемерото)? Или оној министер за правда, се спроведувал Законот!. А каде беше овие четири години да го спроведуваш. Не ме чуди дека по четири години проучување на тој Законот дека конечно си го сватил, но сепак, закон за тебе е само твојот шеф!
Од: ti
Датум: 20.07.2010 13:55:16
zosto ne im dadoa pokratok period tuku rok od 50dena.site prodavaat demagogija i site si go tovaraat tovarot koj moze poveke da fati.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 20.07.2010 14:41:31
Циркус на македонски начин.Партијата ги повикува своите функционери- по 4 години да ги почитуваат законите за судири на интереси?Леле мамо...ваму за плукање на улица, за пушење, за чењање? за...за...за...за се и сешто казни апс за сомненија а на битангите со неколку функции и фотељи, апел да го почитуваат законот.Срамота и за државата и за владеачката партија која владее со партиски прокламации и програми...еееееј има ли овдека закони, институции...одговорност...се разбира на привилегираните од ДПМНЕ???Срам да ви е...Вие сте знаеле што е тоа држава и нејзино функционирање?...Ма ајде ве молам...дунстери...
Од: gv
Датум: 20.07.2010 15:07:56
Gi polnea tovarot sega da imaat edna fukcijata,kakva populilizam nevidena.VMR-ovci sramota.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Политиката ги покри маките на млекарот
Плетњов се врати на Тајланд да сведочи
Кузман Јосифовски - Питу архитектот на македонската држава (2)
Прилеп ја крена Македонија на нозе
Прилеп град на рекорди
Судските извршители го чистат Домот за постдипломци
Петиција за млекарот од Битола
Лани не ги зедоа, годинава не можат без парите од ММФ
Чиј кредибилитет се урива?
Фалише во очај поради грешките во името на селото
Во судар на два воза во Индија над 60 загинати
Атентат во македонскиот парламент?
Стил