ТЕТОВО – Трагедија се случи завчера во Тетово, кога вујко паркирајќи го возилото го прегазил тригодишниот внук. Несреќниот случај, според полицијата, е регистриран во неделата, околу 17 часот, на улицата „113“ во Тетово.
Тригодишното дете било на гости кај својот вујко. Во еден момент излегло на улицата, додека вујко му П.З. (38) влегол во своето возило „БМВ-Х5“. Движејќи се назад Бајазит не го забележал детето кое истрчало зад него и го прегазил со задното лево тркало. Веднаш потоа тешко повреденото дете го пренел во тетовската болница, но било доцна. Тригодишното дете им подлегнало на здобиените повреди. Увид на самото место извршиле истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа. Телото на починатото дете било предадено на семејството и во текот на вчерашниот ден е погребано на муслиманските гробишта во Тетово. (Г. Е.)
Vo Avstralija se slucuvaat golem broj na takvi nesreki, za zal mnogu od niv fatalni. Treba na sekoe vozilo so los vidik, (djipovite) posebno zadniot, da ima kamera. Vo najnovo vreme se instaliraat fabricki na site golemi vozila. Socuvstvo za familijata. Greota za maliot.
Од: Valentina
Датум: 29.09.2009 15:53:21
Pile malechko, bog da go prosti... A teshko i na vujkoto, kako ke zivee so toa na sovesta... Sochustvo za celoto semejstvo.