Владата на Груевски разви огромен арсенал од она што Орвел го нарекува „новоговор“ или „двосмислен“ говор
Со денови ја гледаме на телевизијата кампањата на Груевски за веронауката со аргументите на малиот Ајнштајн. Во тој мал телевизиски филм тој прашува: Хер професор. Постои ли темнината? А кога професорот му потврдува дека постои, малиот Ајнштајн „го матира“ со одговорот. Не професоре. Според законите на физиката темнината не може да се измери. Може да се измери само силата на светлината. Темнината значи само отсуство на светлина. Пораката од малиот Ајнштајн, кој цел живот и' го посветил на науката, треба да биде дека „не пости зло, туку постојат само места до кои не допрел Господ“. Ајнштајн повеќе од сигурно би се превртувал во гробот кога би знаел дека неговото име некој си Груевски го користи за кампања во која од народот се бара да се врати кон религијата. Но, за осоколениот Груевски веќе нема ништо свето. Со своите реклами е во состојба да ги убеди децата дека Ајнштајн бил поп или дека бил глуп и срамно да се потпишува под тоа со „знаењето е сила, знаењето е моќ“. Зошто?
Прашањето на малиот Ајнштајн од спомнатата реклама, на пример, би можело да гласи и: постои ли глупост, хер професор? А, ако професорот тврди дека постои, одговорот на малиот генијалец би бил: не, хер професор. Глупоста не може да се измери. Може на некого само да му го мерите умот. И ако го нема, тоа значи само отсуство на ум, а не постоење на глупост. Уште поинтересен би ни бил заклучокот на малиот Ајнштајн ако праша: постои ли лоша влада, хер професор? А на потврдниот одговор од професорот, умниот одговор би бил: не, хер професор. Не постои лоша влада. Постои само отсуство на добра влада. Под ова треба секако да пишува. Влада на Република Македонија
Но, ова кај нас поминува. Една група луѓе на власт заради која почнавме секој ден да се крстиме и да велиме: Господ нека ни е на помош, ја воведе веронауката во државните училиште и покрај тоа што во Уставот пишува дека Македонија е секуларна држава и дека државата е одвоена од Црквата.
Веронауката за новата власт е новиот марксизам со кој мора децата да се запознаат уште во основното училиште и тоа не преку марксистички курсеви организирани од партијата, туку преку задолжителна настава во основните училишта. Тоа е така зашто кај нас се смета дека веќе не е важно што пишува во Уставот. Важно е што мислат силните на денот, а тие себе се сметаат за демохристијани. Уставниот суд, кој порано со леснотија го укина овој Закон, денес не смее ниту седница да одржи. Тоа е новото ниво на демократијата во Македонија.
Кога демохристијаните во Италија пред повеќе години поведоа акција за воведување на веронауката во училиштата, и тоа не како задолжителен предмет, туку како факултативен час што ќе го посетуваат само децата чии родители се согласиле со тоа , италијанската левица, чиј гостин бев во тоа време, организираше невидени протести. Цела Италија беше на нозе. Таа ја принуди тогашната влада на демохристијаните да прифати, со државни пари, во исто време во кое некои од децата сакаат да слушаат веронаука, за сите други да биде организирана настава не по историја на религијата, туку настава од убавите уметности (литература, сликарство, музика) или да им се овозможи да спортуваат, да посетуваат изложби и слично. Така, дури и во една католичка Италија стана јасно што навистина сакаат децата на таа возраст и како родителите, но и демократските политички партии, можат да ги заштитат децата од манипулацијата и верското насилство на власта.
Но, зошто сето ова е важно. Денес станува јасно дека како што одминува времето и колку повеќе се заострува економската криза и колку подолго остануваме изолирани, Владата на Груевски се' повеќе ќе ги користи своите реклами за целосно замаглување на стварноста. Тоа што го гледате не е тоа. Тоа е само отсуство на она што вие сакате да го видите, а него го нема. Овој веќе познат модел на пропагандно замаглување на стварноста го имаат исмејувано голем број писатели и научници во историјата. Џорџ Орвел во делото „1984“, кое е извонредна пародија на тоталитарните пропаганди, објаснува како со користењето на посоодветни зборови може на нештата да им се дадат и други, па дури и сосема спротивни значења. Во неговата тоталитарна држава властите воведуваат „новоговор“ со создавање нов речник за збунување на јавноста. Во тој говор, на пример, не постои зборот војна. Тој збор е заменет со изразот „борба за мир“ и така војната станува мир.
Во комуникациските науки зборовите кои се користат за разубавување на нештата се викаат еуфемизми. А Орвел во неговиот есеј „Политиката и англискиот јазик“ вели:„Користењето на еуфемизмите во политичкиот говор е со цел да се скрие разликата меѓу прокламираните цели и скриените намери. Политичкиот (демагошки) говор, вели тој, е конструиран така да ги направи лагите да звучат како вистина, убиството да изгледа достојно за почит, а на чистата магла да може да и' се даде привид на нешто стабилно и цврсто“.
Владата на Груевски, која е вешта во користењето на говорот за прикривање на своите цели, разви огромен арсенал од она што Орвел го нарекува „новоговор“ или „двосмислен“ говор. Таа, на пример, не вели дека се противи на прифаќањето компромис за името, туку дека „постои црвена линија“ под која таа нема да оди. А никој не знае која е таа црвена линија. Во новоговорот на Груевски изразот „изолација на земјата“ се нарекува „одбрана на националниот идентитет“. Контролата врз структурата на потрошувачката Груевски ја нарекува „патриотски фискални сметки“. Експертите кои си дозволуваат да ја критикуваат владата за неа се само „луѓе кои одработуваат туѓи агенди“. Македонија, според овој новоговор, „ќе добие извештај од Европската комисија само без датум за започнување преговори“, а не лоши оцени за она што досега го сработила Владата.
Овој говор, сметаат експертите, е особено ефикасен во убедувањето на масите во земји каде што нема кој сериозно да му се спротивстави, да го разобличува и исмејува, но уште поопасен е во земји во кои власта располага со инструменти за казнување на оние кои не сакаат да и' веруваат на „жими мајка“. Македонија во овој момент е една од таквите земји. Власта е убедена дека може да не' убеди дека и магарето лета! Инфлацијата не е инфлација, туку привид. Зголемувањето на цените и не толку големо колку што се чини на прв поглед. А ние не само што не назадуваме во развојот туку сме топ- реформисти и тоа многу подобри од Грција и од многу други земји. Во такви услови омилениот водач е најомилен и тоа секојдневно го потврдуваат неговите институти за вистината. Но, и тоа не е доволно. Омилените водачи сакаат се' да биде под нивна контрола. Нивното животно мото е „Во Господ ние веруваме, а сите други ги проверувам“.
barem vo nesto se dobri, a SDSM?! kradi i molci, reformi nema,komu mu e gajle? Ruzvelt rekol: dzabe se pari ako nema moral!!!a toj otsustvuva vo naseto opstestvo, Gruevski go sogleda toa i ni ovozmozi casovi po religija...
Од: Nedolicen spot
Датум: 17.09.2008 00:59:30
Vo spomenatiot spot na najnecesen nacin se zloupotrebuva Albert Ajnstajn vo propagndni celi, prestavuvajci go kako golem vernik. No tie tvrdenja se nevistiniti. Vo nekolku dokumenti Ajnstajn nedvosmisleno go deklarira svoeto mislenje za religijata , kade eksplicitno pokazuva deka antropomorfniot karakter na ideite za bog se smesni. Ajnstaj ne veruval vo teoloskata , toj veruval vo " kosmickata "religija i akcentiral deka istite dijametralno se razlikuvaatToj tvrdel deka vo materijalniot svet postojat univerzalni prirodni zakoni koi naukata se trudi da go otkrie , no nikogas tie univerzalni zakoni ne gi spojuval so imeto na Boga. Isto taka poznato e deka Ajnstaj silno veruval vo darvinovata teorija , koja e najsilno anatemisana od site teoloski religii. Prema toa toj spot e nedolicen i siri lagi za Ajnstajn
Од: odvratni reklami na Vladata
Датум: 17.09.2008 04:16:27
E, navistina na GLUPOSTITE na ovaa Vlada a posebno na Gruevski im nema kraj. Neznam so sto uste ne ke se posluzat za da se prikazat pred javnosta kako uspesni. Sakam da im poracam deka ovoj narod ne e glup. Sekogas koga na TV ke gi vidam reklamnite GLUPOSTI na vladata ODMA go gasnam televizorot. Veke mi se zdosadeni i zgrozeni.
Од: Koki
Датум: 17.09.2008 05:08:15
Profesore dali ova znaci deka narodot ni e mnogu glupav pa ne moze da vidi ili da procita nekogo? Ne sakam ni edna vlada i stalno gi kritikuvam ama vie imate pomalku pravo da kritikuvate zosto bevte del od vlada ama narodot posto e glupav i ne gleda si rekol aj da ve smeni ako ste dobri.
Од: rade
Датум: 17.09.2008 05:50:55
I nie kako slepci nazad vo 1991 veruvavme vo vasiot "svet"SDSM ama se izgorivme i sega duvame i begame od vas
Од: Osnovna kelija
Датум: 17.09.2008 07:38:11
Курсевите по марксизам, беа организирани од твојата бивша партија, и тоа на сл. начин. Една година во основно, четири во средно и две на факултет, каде што и црнците од неврзаните мораа да го полагаат испитот по марксизам. Заради тоа наследство, е дојдено и до оваа ситуација. Комунистичкото наследство е перманентно присутно, без разлика од која страна се спроведува. Уште важи командата ` комунисти слева, комунисти здесна`
Од: sega si pameten?
Датум: 17.09.2008 08:20:59
Profesorski napisano, dokaz za postoenjeto na UMNI lugje vo makedonija. A zosto ne bese vaka UMEN koga bese na vlast? Ti si edna od ikonite na SDSM, koga zobruva Gjorgi Spasov, zboruva SDSM. Togas bevte IZBEZUMENI od kradenje. Znam vo pravo si no od tvoeto pero vistinata zvuci kako cinizam.
Од: Ефтим
Датум: 17.09.2008 08:28:52
Демагошкиот говор е конструиран така да ги направи лагите да звучат како вистина, геноцидот врз Македонија да изгледа достоен за почит, грчкиот фашизам да изгледа како “европска цивилизациска вредност“, и, нормално, достоинството и почитта кон своето да изгледа како приврзаност кон Милошевиќ. Груевски секако може да се обвини дека ги злоупотребува еуфемизмите во пропагандни цели, односно дека е ваш добар ученик. Но нема ученик кој го надминал својот учител. Вам, господине Спасов, Гру��вски може само вода да ви носи.
Од: jordan
Датум: 17.09.2008 09:05:43
Kako ne vi e sram bando komunisticka!Unistivte se sto e Makedonsko pa sega ke kritikuvate pa plus i ke pisuvate kolumni.
Од: Nikola
Датум: 17.09.2008 09:47:32
Odlicno! da dopolnam! "Novogovorot" na ovaa Vlada ne e samo za obmana na masite, tuku istovremeno sluzi za biznistite na Vladata (kampanjite vodeni od firmi vo sopstvenost na premierot, fiskalni i patriotski kasi vo sopstenost na premierot, tenderi dodeleni na nepoznati firmi, gradba na teatarot i crkavata dodelena na bliski firmi i mnogu drugi...)
Од: Atanasija
Датум: 17.09.2008 11:04:20
Organizacijata vo koja rabotev,i ja napustiv pred da bide stavena vo stecaj,se zdobi so stotici stecajci.Nim,pred parlamentarnite izbori,premierot togasen im veti po 5.000 denari mesecno'so toa gi potkupi (koj rece deka se bori protiv korupcijata!?) i odnovo go dobi premierskoto stolce.
Vcera,tokmu na pladne sretnav edna koleska-stecajka,i zbor po zbor,mi kaza deka uste nisto ne dobile od vetenoto,deka odat vo Vlada,a togas se vrakase od zavodot za vrabotuvanje'so novo razocaruvanje.Im rekle-ne ste samo vie,znaete kolku ve ima,pa cekajte,v cetvrtok ke zasedava vladata.Toa e utre.
Toa utre,rece go cekame od juni.
A reklamnite pojavuvanja i objasnuvanja od vlasta nezapirlivo si tecat.Tolku za realizacijata na vetuvanjata od strana na vlasta.A zosto nekoi se nafrlaat na opozicijata,koja eve tri godini e nadvor od "igrata"-vsusnost ni eden predlog ne i pomina vo Sobranieto. A nie gledame i toa go dozivuvame zasega ne kako vladin uspeh. Barem taka velat stecajcite
Од: катастрофа
Датум: 17.09.2008 11:13:08
текстот е катастрофа и не доликува на еден колумнист а уште помалку на универзитетски професор како што сака дотичниот колумнист да се нарекува. Прво, цитираниот спот се однесува на образованието воопшто односно „знаењето е сила, знаењето е моќ“, а во никој случај не е поврзан со религијата во образованието. Второ, половина од текстот е тогаш промашен затоа што не зборува конксретно за религијата, туку е критика за работата на владата, што ќе се види дека е и главниот мотив за колумната а не цитираниот спот. Трето, во последната реченица, колумнистот несакајќи потенцира „Во Господ ние веруваме, ......“. Знаеме дека ова е слоган кој се наоѓа на секоја УСД банкнота. Значи и они се слушат со ситна политика на „новоговор“, за заблуда на своите граѓани?!?!??!
Од: ha-ha
Датум: 17.09.2008 11:27:35
Ha-ha-ha... A be vmro-ovci se isplasivte od silinata na textot, pa pisuvate shtabski komentari protiv Spasov a? Ke vi dojde krajot, gledam. Kako uplaseni zajcinja ste. A textot e odlicen.
Од: Трпе
Датум: 17.09.2008 12:14:56
Се додека има ОВЦИ ке има и волна за зимски дземпери.По заминуванјето на диктаторот ке мора да го прогласиме за светец.
Од: Stojan
Датум: 17.09.2008 13:28:51
Г.Спасов, дали напишаното погоре значи дека СДСМ и Вие како негов претставник ПРИФАЌАТЕ промена на името? ДА или НЕ?
Ако е ДА, можете ли да одговорите кое име е прифатливо за Вас?
Од: IGOR
Датум: 17.09.2008 14:40:32
Cinizmot prisuten vo stilot na G-din Spasov govori sam po sebe za losata namera vo gore napisanata mu statija.Daleku od toa deka textot ne sodrzi golem del i vistinski sostojbi,NO za politicar od visok rang vo opozicionata partija SDS e povekje od stvojstve i za sekoj nivni clen.Takviot cinizam ne e voopsto za potcenuvanje koga se znae deka cela partija na SDS se sluzi so nego i najverojatno takviot im stil gi dovede do vakviot reiting,ne zaboravajte gospoda politicari od vlasta i opozicijata deka vo drzavava ima povekje od 500 000 neopredeleni glasaci i vaka ako prodolzite toj broj sigurno ke se zgolemuva.
Од: Ide Dunav
Датум: 17.09.2008 14:47:37
Gledam eden kup komentatori po mediumive koj si kazuvaat se i svasta ,i toa ne e loso da procitame razni mislenja i pogledi. No edno neznam kako na nikoj ne mu e jasno deka nevredi da se analizira, debatira i kritikuva nekoj koj e vo totalna panika i haos. Ne li gledate deka ovaa Vlada na celo so bokserot veke ne razlikuva ni babi ni zabi ,pa duri i kako onaa babata od kumanovsko koga vika "i da pogines kolku mozes ke se spasis", Taka i ovie, znaat deka ginat ama se ubeduvaat deka kolku mozat i ke se spasat. Tragedijata e sto i nas ne vlecat nataka.
Од: stefan
Датум: 17.09.2008 15:09:24
Abe VMROVCI vi dojde krajot neznaete kaj da se kriete,vi se gleda stravot od daleku.zatvorite ke gi napolnite i te kako.nema da ve apsime so kameri i paradi tuku od krevet preku prozorci ke izlegate.ovaa vasevo ne se trpi,ali gotovo e da pukne..........!!!!!!!!!!!!!!!!!!