|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Едностран говор на Иванов
Соња Крамарска
Едностран и небалансиран говор на претседателот Ѓорге Иванов изгледавме вчера во парламентот. Ниту збор самокритичност за застојот на преговорите за името, загрозената меѓународна позиција, влошените услови за живејачка, и општата депресија во која се наоѓа македонското општество.
Претседателот ја амнестира ВМРО-ДПМНЕ од состојбата околу името и целиот проблем и' го префрли на Грција од која побара „со нас да се однесува европски“. Истовремено, целосно го игнорира важниот факт дека Брисел и Вашингтон ја притискаат македонската Влада за преземање активна улога во преговорите. Иванов речиси до последна точка и запирка го пренесе како своја порака делот од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за името. Од ставот да не се задира во националниот интегритет до условот за референдумско изјаснување на граѓаните.
Аплаузите на пратениците од владејачката партија, со кои во неколку наврати беше прекинуван говорот на Иванов, најдобро ја отсликуваат неговата провладина интонација. За претседателот Иванов, главната причина, како што рече, поради која нема решение на спорот за името, се грчките политичари, а не политичарите во Македонија. Со таквиот став претседателот покажа дека не успеал да ги слушне критиките во домашната, но и во меѓународната јавност, за провокациите на Скопје кон Атина.
Мек или, подобро речено, целосно хармонизиран со политиката на ВМРО-ДПМНЕ е впечатокот за вкупниот говор на Иванов. Тој целосно ќе ја потврди оваа оцена завршувајќи го својот говор со пораката дека никој нема да успее да внесе кавги во државниот врв. Како да е ерес да се има спротивставени ставови, па дури и политички конфликти во пирамидата на власта.
Иванов е речиси рамнодушен кон опозицијата, но она што изненади е неговиот дискретен напад врз невладиниот сектор. Прв пат во историјата на едно претседателско обраќање се вклучени оцени за невладиниот сектор, и тоа прилично сугестивни. Иванов направи преседан и осврнувајќи се на состојбата во медиумите. Би рекле, на граница на напад запакуван во отфрлање на тезата дека македонскиот журнализам е замолчуван од страна на Владата.
На планот на надворешната политика, Иванов заборави да се осврне на извештајот на Европската комисија. Изнесувајќи го, пак, својот впечаток дека светот има поголемо разбирање за Македонија околу името, отколку што нам ни се чини, претседателот, свесно или несвесно, шири лажна слика за меѓународните позиции на нашата земја во повеќегодишниот спор. Кризата во односите меѓу двете главни партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот кампус, и ДУИ и ДПА во албанскиот кампус, како да не го загрижува претседателот. За овие состојби не најде место во своето редовно новогодишно обраќање во парламентот.
Во говорот на Иванов за сумирањето на 2010 и за плановите за 2011 година отсуствуваат пораки до нацијата, што се вообичаени за претседателски обраќања. Македонските граѓани се разочарани од влошените услови за живеење и постојаното негирање на националниот идентитет и посебност од страна на соседите. Или од бесконечното чекање пред портите на НАТО и на ЕУ. Во таа смисла граѓаните не добија сигнали за оптимизам од таткото на нацијата.
Балансирањето на говорите при годишните обраќања изгледа не им е силна страна на македонските претседатели. Од вчерашното обраќање на Иванов, се чини ќе биде задоволен само премиерот Груевски. Другите бездруго не се ни важни. Како и впрочем секоја година со секој претседателски говор. |
#
|
Статијата е прочитана 1159 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: 3G |
Датум: 15.12.2010 12:40:28 |
|
Ova e demokratija i politicki pluralizam. Vam nikoj ne vi brani da ziveete vo iluzija na planot A. No nedemokratski i totalitaristicki e da go nametnuvate na parlamentarnoto mnozinstvo i voljata na narodot. Samo vistinskite zelbi stanuvaat realnost. Ostavete go imeto, fatete se za reformi. Grcija poraca deka pred da se napravat reformi nema da razgovara za imeto. Inaku Pretsedatelot se odluci da go brani identitetot a da go prinese za zrtva imeto za megunarodna upotreba. Dali Grcija ke se zadovoli so takva "troska" ne znam no so takvata strategija Makedonija definitivno e glokalizirana odnosno kapitulira na globalen plan a ke igra samo kako lokalna provincija. Takvata strategija prosto isklucuva progres vo sporot. Da se recese dvojna formula, togas zapadot ke ja znaese crvenata linija i ke razmisluvase sto ponatamu a vaka-pak predlog na kucesko od Makedonija so ljubov. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 15.12.2010 12:45:59 |
|
Makedonski mentalitet,i sebe se osecam kako takov,priklonuvanje kon pojakiot.Dali e toa dobro,ocigledno ne. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 15.12.2010 13:37:37 |
|
Od govorot nema da bide zadovoen samo Premierot. Milenko istotaka ce kaze deka e ova odlicen govor na golem drzavnik so vizija. Koj sto znae stoe toa "razumen kompromis". Sepak vo ovoj govor ima nesto novo. IMETO ne vece sveto i nemenlivo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 15.12.2010 14:01:33 |
|
Говорот понуди само безнадежност. Името е свето, тој е свет, ВМРО е свето, се е свето, освен реалните потреби на граѓаните. Тие се само да заокржуваат ливчиња на избори. Да им се вети ЕУ перспектива и да се изиграат со излитени тези. Празен, партиски говор. На писмени во гимназија сме пишувале поконкретно, критички и поиздржано. Барем така не учеа нашите професори. |
|
|
|
|
|
|
Од: student |
Датум: 15.12.2010 14:36:28 |
|
Zosto Grcija bara promena na imeto i kakvi posledici ke ima po identitetot i jazikot vo idnina.Koj od ovie vo opozicijata moze da garantira i so sto ke garantira.Sakame vlez vo EU i izlez od siromastijata,no po koja cena...........se raboti za idnite generacii.Odgovornosta e ogromna.Ako bese lesen problemot sto ne go resea onie prethodnite....tuku samo odolgovlekuvaa |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 15.12.2010 14:59:24 |
|
Makedonskite gragjani vo princip se nevernici vo golema merka. Koga bi veruvale deka Gospod se' gleda i slusa i gi sledi site nivni postapki, verojatno ne bi imalo tolku masovno podmituvanje, korupcija , nezakonitoasti , krazbi i dr. boguneugodni dela. Znaci,"vernicite",ili voopsto ne veruvaat, ili lazno se prikazuvaat kako vernici.
Zatoa, ubavo e sto gosti na sednicata bea verski visokodostojnici. Taka i parlamentarcite moze ke stanat pocesni . Inaku, jas ne veruvam spored religiskite standardi! Duri i neznam dali Papata prisustvuva na parlamentarnite sednici vo Italijanskiot Parlament ili samo na sednicite vo Vatikan ?! Kako da e , ima mnogu drzavi koi se pokorumpirani spored proneverenite iznosi, a sepak se poveke "verski zadoeni"!Interesen e toj fenomen! Logicki bi bilo kriminalot da e obratnoproporcionalen so rasirenosta na verata?!? |
|
|
|
|
|
|
Од: caki |
Датум: 15.12.2010 15:08:24 |
|
Pa sekako deka grchkite pol. ne skaat da se reshi imeto,nego koj?A problemot ne e vo imeto tuku erga omnes DA ili NE |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 15.12.2010 15:42:57 |
|
G-dine student,ti ne si student ili vo najmala raka
si nekoj "vecen" student.
Ova go velam zosto eden student ne moze i ne smee taka da zboruva. Student vo koj ja gledame idninata na zemjata!!! Koja crna idnina so vakvo razmisluvanje.
Pa g-dine student,ako navistina si toa bi bil vo moznost sam da napravis analiza i da gi
sogledas posledicite i od ednata i od drugata opcija!!
Napravi,koj ti brani!! Upotrebi go kapacitetot na student-ne e tesko. |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 15.12.2010 15:51:07 |
|
Втората страна, страната на грчките шовинистички уцени, ќе мора да ја браните вие и вашите грчки ментори. Иванов е избран од мнозинството на Македонци, кои одлучиле да се борат за своето право да постојат. Така мора и треба да се однесува. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 15.12.2010 15:53:31 |
|
Student, kako akademski graganin (se nadevam ne od livadskite fak) bi trebalo da naucis sto toa znaci identitet, kako se cuvstvuvas i kako moze nekoj da ti odzeme identitet. VMRO so ovaa izmislotija za "identitetot" treba da dobijat Nob.nagrada zasto do sega ne sum cula kako nekoj mu go zel identitetot na nekoj drug! Fenomen. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 15.12.2010 19:41:34 |
|
Би се задржал на она за невладините. Почитуваната г-ѓа Крамарска нека посочи барем еден пример во светот да невладини организации делуваат опозициски дури се членови на највисоките органи,таков е примерот со Сорос,Па имаме како оние ГЕМ кој од петни жили одработуваат за соседот а нивни член според БИЗНИС се служел и со махинации на штета на сопствената држава. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ангеле Л. Вретоски |
Датум: 16.12.2010 02:57:06 |
|
ЕУ па ЕУ, плачиме за таа Европа која била и останува Вавилонска Блудница а вие продолжувате да кукате за ЕУ. Штоа направила фамозната "ЕУ" за правата на Македонскиот народ во границите на: Грција и Бугарија - НИШТО? Барате од Претседателот и Владата на Р. Македонија да се одкажи од нашето со илјади години име а ништо од Грција. ЕУ ја наградува Грција со милијарди Евра за кршењето на човековите права, за корупцијата и клептоманството. За мене Европската Заедница била и останува Вавилонска Блудница. |
|
|
|
|
|
|
Од: afion |
Датум: 16.12.2010 07:22:35 |
|
Skoropocinatiot diplomat R.Holbruk na edno predavanje na univerzitetot John Hopkins odgovaral i na prasanja. P:Kako treba Makedoncite da se narekuvaat sebesi?O:Makedonci.P:A tatkovinata? O:Makedonija.P:A jazikot? O: Makedonski.P: Kako da se resi sporot so Grcite? O: Grcite mora da naucat kako da se promenat. Itar peso, gambit i site ljubiteli na sirtaki prevedete mu go ova na g.Dimitris Drucas. Da na onoj od grckoto za nadvoresni so "tipicno" anticko ime od koe nesomnitelno se gleda grckiot ekskluzvited nad antikata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 16.12.2010 07:43:44 |
|
Среќко,а знаеш ли дали некаде во светот член на невладина владина организација може да биде крава? |
|
|
|
|
|
|
Од: sv diitrija |
Датум: 16.12.2010 10:06:42 |
|
Luge pomislitr pred da skoknite kako vo 90 godini.20godini pominaa od togash nikakva spogodba nema a dali se prashal nekoj zoshto.Prvo ieto na drzavata iidentitetot se povrzani i edno bez drugo ne e mozno .Shto znachi ako se prifati (severna ) znachi Severno Makedonci isto kako KOREA denes JUZNi i SEVERNI .No vo ovaj nas sluchaj koj ke bidat Juzni Makedonci GRCITE ?.Gospodine Ivanov ,Opulete si gi ochite .edna mala promena ke bidi golema katastrofa .Zapadnite zemji i Grcija ne pritiskaat sami da se otkazime od toa shto sne e posle ednostavno ke vi rechat "nikoj so sila ne ve terashe " i toa ke bidi krajot za MAKEDONIJA .Sami se otkazuvame od toa shto sne i ZBOGUM za sekogash .Nikogas poveke Makedonija drzava nema da postoj a toa e celta na nashite komshii a i ZAPADOT. |
|
|
|
|
|
|
|
|