Број 2843  петок, 21 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Синот што го уби татка си пуштен дома по една година лечење

Ѓорѓи Танев (21), кој со нож 50 пати го прободе татка си, еднаш неделно мора да се јави на психијатар

Горан Адамовски

Ѓорѓи Танев (21), кој во ноември 2006 година го уби својот татко Благоја, е пуштен од Психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, откако во оваа установа помина 14 месеци. Во судскиот процес, Танев беше осуден на задолжително лекување, бидејќи убиството го извршил во состојба на непресметливост, но по една година (декември 2007), стручен тим од болницата дава мислење дека состојбата на момчето е задоволителна и му предлага на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 да го пушти на слобода. По два месеца, судот го прифати стручното мислење.

Ѓорѓи сега е дома. Живее со својата мајка и сестра, но има обврска еднаш неделно да се јави на психијатриски преглед.

„Лекувањето продолжува од слобода. Ѓорѓи има обврска да се јавува еднаш неделно на преглед и засега се' се одвива во најдобар ред. Ако направи некој проблем, момчето ќе се врати во болница“, вели д-р Ѓорѓи Хаџиангелковски од болницата во Бардовци, кој заедно со д-р Ненад Симоновски го изготви стручното мислење за состојбата на момчето. Д-р Хаџиангелковски објаснува дека за време на лекувањето во болницата немале никакви проблеми со Танев.

„Кај не го болеста не е трајна, повеќе е резултат на односите во семејството и претепувањата од татко му“, укажува докторот.

Јавноста беше згрозена на 6 ноември 2006 година кога дозна дека во својот дом во бараката број 23 на улицата „Румена Хаџи Панзова“ во Драчево е пронајден мртов сопственикот на бутикот „Квиксилвер“, Благоја Танев (48). Полицијата го пронајде со десетици убоди од нож. Веќе утредента, полицијата го осомничи синот Ѓорѓи дека поради омраза го убил татка си. Истрагата утврди дека убиството било извршено во 8 часот наутро. Откако мајка му и сестра ми излегле, Ѓорѓи го начекал татка си додека спиел во дневната соба и со нож почнал да го удира по главата и телото, при што му нанел педесет убодни рани, од кои Благоја починал. Медиумите пишуваа дека Ѓорѓи ги соблекол искрвавените алишта и заедно со ножот ги ставил во црна најлонска ќеса. Потоа ја измил крвта од себе и откако се преслекол се упатил во центарот на Скопје, а потоа и пеш кон шумичката во Гази Баба. Таму ги покрил крвавите алишта и ножот со сува трева и кори од дрва, а потоа ги запалил, уништувајќи ги доказите, кои евентуално би ја упатиле истрагата кон него. Сепак, полицијата пронајде негова крв под ноктите од двете раце, како и од часовникот, кои се совпаднаа со трагите од крвта оставени низ целата куќа по бруталното злосторство.

Во судскиот исказ, мајката Гордана појасни дека Ѓорѓи имал психички проблеми уште во средно образование, а првпат стручна помош побарал кога бил осмоодделенец. Благоја го носел синот на разни психијатри. Кога Ѓорѓи бил трета година во гимназија, родителите го испратиле во САД да учи еден семестар, иако тој се спротивставувал. Се вратил во многу тешка психичка состојба. Со татка си постојано бил во расправии, а кога неговите родители ќе се скарале, тој постојано бил на страна на мајка си.

Мајката во исказот тврди дека еден месец пред злосторството, Ѓорѓи и' се заканил дека ќе ја повреди, бидејќи настојувала да има мир во куќа и да го одржи семејството и бракот. Гордана Танева појасни дека се плашела да се размине со синот од страв да не биде повредена. Самата му сугерирала на судот дека лечењето на Ѓорѓи е најдобро и за него.

Врз основа на лекарски наоди, во декември 2006 година, судот прифати дека Танев го извршил убиството како непресметлив, во психотична состојба, кога не можел да го сфати значењето на своето дело и не можел да управува со своите постапки поради растроеност на неговите когнитивни и конативни функции.


Статијата е прочитана 1369 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
За девет месеци поднесени пријави за 150 директори за економски криминал
Од џамија украдени 35.000 евра
Во Македонија има 8.345 евидентирани наркомани
Ограбен клуб за игри на среќа
Полицајци му барале поткуп на Германец
Грчки газди не плаќале данок