Број 2925  понеделник, 02 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Диви копачи

Милко Стоjоски, Скопје

Како земја имаме голем број археолошки наоѓалишта кои датираат од најстари времиња. Колку властите во минатото се грижеле за нив кажува нивната запуштеност. Имено, одредени наоѓалишта се обраснати со трева и трње, немаат никаква ограда, а за пристапен пат и да не зборуваме. Како пример за негрижата и немањето сенс за т.н. археолошки туризам зборува и Римскиот аквадукт во Скопје, кој се наоѓа само неколку километри од градот и до кој се' уште нема изградено никаков пристапен пат, па секоја желба да се посети било од домашни или странски туристи уште во почеток е неостварлива, освен ако не се користат теренски возила.

Сиве овие години сме цел на разни трговци со артефакти пронајдени и ископани од нестручни лица кои прават многу штета: покрај одлевањето на предметите надвор од границите, прават зло и со самото нестручно ископување. Никој не знае колку предмети од непроценлива важност се однесени надвор од држава без никаква контрола и ничија одговорност, а никој не може да ја утврди штетата направена со нестручното копање т.е. уништување на археолошките богатства. Државата се однесуваше тотално незаинтересирано за овој криминал со шверцување вредни артефакти, а инвестирањето во нови ископини речиси и да немаше или се издвојуваа само скромни средства со кој не можеа да се покријат дури и дневниците на археолозите, а не камоли да стане збор за вистинска работа на терен.

Треба со измени на Кривичниот законик за да се зголемат казните за прекршителите, да се зголеми граничната контрола, да се едуцираат граничните цариници за да можат лесно да го препознаат шверцот со ваква стока, да се соработува со интернационалните полиции за да се спречат шверцерските канали и да се обезбеди соодветна парична награда за оние кои ќе пронајдат некој артефакт и да го пријават до надлежните.

Преку овие неколку мерки може да се придонесе за намалување на бројот на дивите копачи, не велам да се искорени затоа што тие постојат и во многу поразвиени држави и речиси нема држава која не се соочила со ваков проблем. А по примерот на некои држави, кои вратија дел од своите археолошки богатства после поднесените жалби во ОН, треба и Македонија да си ги побара назад ар��ефактите кои се наоѓаат во музеите во Белград, Софија, Лондон итн. Свесен сум дека станува збор на долготраен, можеби долгогодишен процес, но мора да се вложат напори овие предмети да се вратат таму каде што припаѓаат - во Македонија.


Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 02.03.2009 07:41:40
Главно занимање им е копање на артефакти антички предмети во цела Македонија.Смешани се сите потполно сите,на дивите копачи карти и налози им даваат тие вашите скопски мангупи археолози..и со помош на стручни лица од ГР и БГ одат е прекопуваа М сите овие 2о години.Ние во мојот град ги викаме златари..сите се збогатија...богами ама и некој умреа од тоа што откопуваат гробови,гробарите,и сигурно ги фака некоја радијација...Инаку смешани се шумарите,сите скоро копаат во Македонија.Добро ви рече дебелата амбасадорка Александра многу е чиниме и Грција многу пари ни дала,ама на мафијашите кои е прекопуваат Македонија.Не биле будали пред 199о година, што било забрането да се копа и да се препродава,криминалот е тука најголем,ама никој не сака да види,оти сите се вмешани..сите продаваат.Мислам дека во оваа наша МК се пронајдени сите предмети кои ги има грција,па ги прекопува во Пела..Лажна е нивна Пела..од кај нас се ова е Македонија...отука и хистеријата на Грција...Лажни патриотишта....

Најди! во Утрински
Писма
Напад на слободата на медиумите