Меѓу две вселенски далечини се наоѓаме ние и нашата горчлива сегашност
Најновата државна стратегија за заштита на уставното име не се сведува веќе на тоа дали ќе се смени или нема да се смени името, туку кој ќе биде виновен за тоа. Оваа загрижувачка констатација јасно произлегува од последните изјави на премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски. Не треба голема аналитичност за нивните најнови јавни настапи за да се сфати дека, прво, највиновна ќе биде Грција, која го наметна ирационалниот спор. Тука нема разлики меѓу Груевски и Црвенковски, ниту, пак, имало. Потоа, според Груевски, највиновна ќе биде опозицијата, која не го реши проблемот речиси 20 години. Иако тој и неговата партија се осум години на власт во овие две децении. Дел од вината е резервиран за големите сили, ЕУ и ОН. А, на крајот, тоа треба да се префрли на товар на граѓаните, како нивни избор на референдум и на нив да падне најголемиот дел од одговорноста. Груевски бара силно национално единство се' да излезе како што испланирала оваа власт. Според Црвенковски, за се' ќе биде виновна оваа влада. Потоа спокојно можеме да одиме на предвремени парламентарни избори.
А, што друго има денес во Македонија освен војна меѓу патриоти и предавници, распнати во исчекување меѓу нашето славно минато и светлата иднина.
Одговорот на ова прашање повеќе децении е ист. Меѓу тие две вселенски далечини се наоѓаме ние и нашата горчлива сегашност. Веќе 20 години во независна и слободна Македонија чмаеме во чекалницата на Европа се' подлабоко завлезени во провинцијализам, примитивизам и балканштината. Како копаме подлабоко во потрага по корените и убавото минато, така назадуваме во сегашноста на повеќе генерации македонски граѓани. А, светлата иднина се' повеќе се поместува во космичка далечина.
Некни беше најголемото помрачување на Сонцето досега во 21 век, кое можеше да се види најдобро од Индија. Такво помрачување ќе има дури 2132 година кога сите нас ќе не' нема. Затоа, пак, во Македонија 20 години се изнагледавме помрачување на иднината. Но, тоа не е зако�� од астрономијата и физиката. Тоа е закон на умот. Нас тоа не не' засега. Повеќе го сакаме минатото од иднината. Затоа близу три илјади луѓе се ангажирани во најголемото македонско претпријатие, предводени од неодминливиот претседател на подземниот катастар Паско Кузман. Илјадници луѓе под негова диригентска палка копаат да го откријат Александар Македонски како денешен чистокрвен Македонец. Нашиот прататко. Ни требаат само уште две илјади луѓе, па да имаме ист број вработени колку што ќе има гасоводот „Набуко“, кога ќе работи со полн капацитет, најголем енергетски проект во Европа кој деновиве почна да се копа низ Турција, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Луѓето таму ќе ги копаат најважните енергетски подземни автостради кои ќе ја осветлуваат иднината на цела Европа со најмоќното политичко мирољубиво и просперитетно оружје - енергетиката. Гасоводите и нафтоводите ги копа мудрата политика на развој. Во тоа длабоко се впрегнати претседатели, премиери, научници, економисти, разузнавачи, футуристи, енергетски стратези... И кај нас копаат претседателот и премиерот да го најдат катникот на Филип Втори, да ја откријат Јустинијана Прима, како Шлиман - Троја.
Претседателот Ѓорге Иванов и Паско Кузман, качени на политичкиот булдожер, го бараат идентитетот на Македонецот под Горна Порта во Охрид и низ македонските ридови и долини. А, тој идентитет, одамна кажа Блаже Конески, е на ѕидовите на охридските куќи под кандилцата што ги осветувале со векови ликовите на св. Климент и св. Наум, кои ни го зачувале јазикот и духот македонски. А, што ќе ископаат Иванов и Кузман. Ништо друго, освен веќе потврдени историски вистини од најголемите светски историчари осознаени и од домашната наука. На територијата на денешна Македонија, како и на територијата на целиот Балкан, Блискиот, Средниот и Далечниот Исток е преполно со откриени и неоткриени остатоци и докази на некогашните цивилизации, империи... Тука е крстосницата на сите култури речиси од најраната појава на човекот, па до античките времиња, империи, царства, Источното и Западното Римско Царство, раното христијанство, средниот век, Отоманската Империја, па се' така до 19 и 20 век кога се формирани првите национални држави на балканските народи. Сите тие пресеци на култури се дел од минатото на народите што живееле во разни историски околности во време на големите преселби, војни, болести... Низ целата повеќевековна историја сите тие меѓусебно се мешале како и сега. На крајот, ќе мора да научат и нашите политичари дека во 20 век е создадена и првата македонска национална држава, како и сите други на Балканот и во Европа, во историски период од само 100 години, што е само еден миг во неколкуилјадигодишната историја на човештвото на овие простори.
Археолозите, историчарите, како и сите други вистински научници си ја работат својата работа, давајќи огромен придонес со своите откритија за да се дешифрираат историските загатки, да се откријат докази за неразјаснети прашања во науката, да се пополнат празните места во историјата, да се прикажат на светот цивилизациските дострели од поодамнешното и поблиско минато на народите. Нивната работа е исклучително значајна и вредна. Тие го откриваат културното богатство и наследство кои имаат непроценлива вредност. Секоја држава се гордее со археолошките откритија и со артефактите кои се изложени во музеите и кои вечно сведочат за културниот и историскиот развој на цивилизациите во минатото. Секаде големите археолошки откритија носат силни возбуди и своевидна културна сензација.
Меѓутоа, политиката успева да внесе заблуди и злоупотреби во историјата, со идеологија да го разубавува минатото. Тоа повеќе или помалку го прават и го правеле сите. Но, секогаш порано или подоцна вистинската наука ги донесува работите таму каде што припаѓаат. Тогаш е многу поболно соочувањето со реалноста. Научните лаборатории работат полека и стрпливо, а не ударнички, потврдувајќи ги или негирајќи ги веќе прифатените историски лаги и вистини. Од тоа нема бегање. Само политиката, брзо со ударни дневни дози, сака превласт, со бојадисување и кич политичка археологија да обезбеди пославно минато за својот народ. По некое, пак, непишано правило желбите за разубавување на минатото најчесто не се вклопуваат со историските вистини. Значи, треба да се истражува, да се открива, да се дава придонес кон светската и домашната научна мисла. Никој разумен не може да има ни��то против тоа. Тоа го прават сите како долг кон науката, кон историјата, кон сопствените народи и за тоа секаде се обезбедуваат повеќе или помалку пари, во зависност од можностите. Но, само со научен предзнак и научна сериозност и спокојност може да се испитува минатото. Но, кога политичарите стануваат археолози, кога тоа го работат бригади во три смени, кога копаат претседатели, во тоа никој не верува, дури и кога е вистина. Нашата иднина не е под земјата. Таа е на земјата.
А, што има во овој обичен ден, сега и тука, во нашето секојдневје. За тоа не треба археолози. Тоа е тажен приказ во живо. Криза, длабока. Во секој поглед. Економска, политичка, морална. Чепнете каде што сакате, дури и во најсекојдневните вести, ќе откриете чудесии.
Еден ден, сепак, ќе станеме членка на Европската унија. Но, Европејци веројатно никогаш. Тоа е нешто друго. Многу поразлично. За тоа никој не може да одлучува во Брисел. Ниту каде било. За тоа одлучуваме сами, секој одделно, само за себе. А, тоа изгледа е најтешко.
Vo Globusmagazin eden Grk jasno veli deka Makedoncite za dvaesetina godni site ke veruvaat vo plodovite na bukefalizacijata. Odnosno seta ovaa mladost koja se true so falsifikuvana istorija ke veruva vo ona sto ke im go serviraat Pasko, Mitko Panovski, Bosevski tentov, Milenko, Djole i slicni na niv. Toa e sustinata na problemot, narodot e glup i veruva vo se i sesto. Videte samo sto se slucuva so organizacijata VMRO. Komunistite zaradi togasnite tekovni pricini ovaa organizacija od bugarski konjusari ja unapreduvaat vo patriotska. Toa im bese i kletvata koga ja falsifikuvaa istroijata. Sega taa organizacija gi simna od vlast i kako trgnalo tie nema nikogas da se vratat. Gadni raboti ke se slucat i na nasata generacija. Ke bideme prinudeni da si go smenime imeto i identitetot.
Од: Acko
Датум: 24.07.2009 01:42:08
Abre Erole go slusna li sto kaza Oli Ren za rabotata na vladata ili ne gledas vesti ke umres od maka od sklet oti se nekako i odi na ovaa vlada poleka pobrzo ama si raboti posteno kakvi ne tekstovi pisuvas za da nastetis i neli gledas deka si procitan ne palis poveke duri si smesen i imeto ke se smeni ne se sekiraj i najvaznoto ti koj ne si MAKEDONEC koj znae sto si cigan turcin nemas ama bas nikakvo pravo da kazuvas za makedonstinata za bukefalizacija i za slicni raboti nie sto ke pravime ke pravime ti oladi malce.
Од: jas
Датум: 24.07.2009 02:10:43
G-ne Rizaov, tekstov stvarno ti e dobar. Me bendisa posebno sto uspesno gi spoi gluposta, slabosta, nemokta, na glavnite od dvete partii.No, zosto ne sakas da se vpustis dokraj-zosto e toa vaka. Po mene, ogromnata mozocna dupka na nasiot narod koj zemja na koja i' trebaa kvalitetni luge, poveketo od koi ke bea so seriozno iskustvo od zivotot ja dade na nedokvakani decista od po malku poveke od dvaesetina godini! Sega imame politicki patuljaaci, perverzni politicari so 30-40 godini vozrast koi osven vlast vo zivotot nisto drugo ne videle. Samo trojcata najvazni vo ovie dvaestina godini videte gi so kakvo neznaenje se postaveni da se soocuvaat so najteskite problemi kakvi sto se politickite. Crvenkovski pocna vo GG pretprojatie "Semafor" kade edini uspeh mu e smenata na stariot direktor, Ljupco pocna od skolski klupi kako vojvoda cii hordi trebase da tepaat lugje po ulici ako se protiv vojvodite i koj ke drzese kongres vo Solun, Grujevski broker pocetnik na takareci berza????????
Од: replika do mitko
Датум: 24.07.2009 03:18:52
nema menuvanje ime,nema menuvanje identitet.VMRO ja brani makedonstinata od predavnicite kako tebe.
Од: Jas
Датум: 24.07.2009 04:30:22
Dobredojdovte vo realniot svet. Zarem navistina ste do tolku zabludeni deka ovie stari mitovi za chistotata na nekojasi nacija se sluchuvaat samo kaj nas? Razlikata e shto kaj nas tie se "falsifikacii" zatoa shto se vo kontrast na mitovite na nashite sosedi. Zarem veruvate deka tugjite mitovi se neshto po realni od nashite?
Од: Brian , Canada
Датум: 24.07.2009 05:27:42
Mitko ti si pesimist od poveke pricini. Prvo ti si komunjar, mnogu neuk, i covek sto ne videl nisto podaleku od nosot. I treba da bides pesimist. Tesko deka ke gi vidis tvoite skoro na vlast. Vo edno si vo pravo. Bugarskoto krilo e isfrleno od VMRO, za sekogas. Narodot toa go gleda, isto kako sto ja gleda predavnickata uloga na SDSM vo odnos na sporot za imeto sto go ima Grcija so nas. Se iazvinuvam do cesnite isklucoci vo SDSM. Ocebijno mitko se gleda deka realnosta ne ti e bliska, sto te pravi frustriran i nesreken. No ke ti projde.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 24.07.2009 07:19:50
Edno vreme ovcite se derea "Solun e nas" po plostadi i palanki. Smetkata stigna. Vreme e da se plati.
Од: 09
Датум: 24.07.2009 07:30:24
Ероле едно збораш друго мислиш,значи сите околу нас можат да копаат и да се фалат со се и сешто а ние Македонците ако копаме значи греф е,дали имаш барем малку свест што пишуваш,Ние бевне во длабок сон во комунизмот оти така ни беше наредено да се чуствуваме слепи и никој и никаде.Али сега кога сам можиш да си го побараш вистинскијот пат никој нема право пак да ни го успорува,ни ти ни Југот ни Еврпската дама а посебно комунистите што све продадоа и дадоја од древна ни наша Македонија сите вие кои се противите на оваа преродба еден ден ќе бидете само лоша мисла за паметејне.Бидете во слога со повеќето Македонци што го очекуваме за доброто на Македонија.Амин за Македонија
Од: Saso Germanija
Датум: 24.07.2009 07:49:35
G.Rizaov.Niz antikata ne negirat i nea kako i ostanalite epohi mora da gi koristime za da se odbranime. Celi armii kopaa vo Troja, koja sega
turskiot narod ja smeta kako arheoloska ostavstina na turska pocva, a toa makar i zakasneti so vekovi sakame da go realizirame i kaj nas. I tuka da idat iljadnici turisti, kako na bregot na
Mala Azija. Vo Egipet pak kopat lugje od cel svet.
Erole, daj te molam smiri zivcite. I kaj nas e arheologija a ne politika bre covece. Razberi go toa.
Од: Жт вк
Датум: 24.07.2009 08:23:03
Ако ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувал историјата, тогаш што прават грците кога велат дека Античките Македонци биле грци? Какви грци биле тие кога самите не зборувале грчки јазик!!! Никогаш грци не живееле во Македонија, освен во неколку гратчиња покрај морето. Сега - Македонија била грчка, Александар бил грк, ние сме немале врска со Античките Македонци. Па каде отишле тие Македонци? Зошто сите ДНК анализи кажуваат дека ние сме нивни наследници, а само политички заслепените домашни предавници не сакаат да го видат тоа?
Од: George od NJS
Датум: 24.07.2009 08:52:47
Добар почеток на колумната и баш мислев дека нешто се променило, еве ти ја пак таа работаЧ да оставиме се, да се правиме интернационалци, да бидеме први, да прескокнеме скалила, ... со еден збор комунистичка работа. Господине Ерол, нема напредок со револуции, како што не учеа до пред 20 години, демек од феудализам ќе прескокнеме и преку социјализмот во комунизам. Природата па и развојот на човекот си имаат свои законитости и бараат да се изодат сите скалила на напредокот. Ние сме вратени неколку скалила назад и колку вие и таквите како вас да се против, тие скалила ќе мора да се изодат.
А за другите ваши заблуди, зошто не одите да им солите памет на НЈСовци?
Од: Donald Duck
Датум: 24.07.2009 08:54:42
Malce istoria za neukite...kako Brajan od Canada....Makedonija kako drzava e formirana 1944 od komunistite. Toa e istoriski fakt.
Sto se odnesuva na paralelite so Troja....Turcite vrsea arheoloski istrazuvanja za prestiz i za turizam....Troja e zlatna kokoska za turizmot. Ne kopaa, kako kaj nas, da dokazat na svetot deka se naslednici na trojancite...bidejkji site kje im se smeeja, kako sto ni se smejat nas.....
Од: Stole
Датум: 24.07.2009 08:58:57
Za inat na Grcite kopat nasite i dene i noki da go najdat grobot na Aleksandar, posle dva-tri meseci nasle edn cerep i neli go davaat na ekspertiza (kaj Pasko i drugarite) i posle nekoe vreme ide izvestaj vo koj pisuva deka toa e cerepot od Aleksandar. Ise razbira site radosni. No nasite nezadovolni od toa sto go pronasle samo cerepot kopaat uste poveke, posle pet-sest meseci pronasle uste edno malo cerepce i pak go davaat kaj ekspertite.Posle nekoe vreme stiga izvestaj i vo nego pisuva: I OVA E CEREP OD ALEKSANDAR MAKEDONSKI ama KOGA BIL MAL.
P.S.
Ova ne e VIC ova e ziva vistina.
Од: Ози
Датум: 24.07.2009 08:59:10
ВМРОвци, никогаш, ни во сон, не заборавајте дека ’комуњарите’ ја направија Македонија пред 65 години како и пред 19 години. Да не беа тие ќе бевме Јужна Србија. Тие ви ја направија и МПЦ во шеесетите години на минатиот век. Вашите еднаш пробаа пред 106 години. Кумановци велат ’Пробаја па се усраја’. Затоа малку повеќе почит према тие што ни подарија државност и идентитет.
Од: дими61
Датум: 24.07.2009 10:59:33
Дај боже да си во право дека еден ден ќе влеземе во унијата и НАТО.Како почнале да копат Кузман и Иванов се плашам да не ја закопат толку длабоко Македонија за век и веков да и се изгубе секаква трага дека некогаш постоела ваква држава.
Од: Valerija
Датум: 24.07.2009 11:21:42
Iskreno zalam sto Utrinski e tolku demokratski vesnik sto im dozvoluva na sekakvi bezmozocni amebi da gi komentiraat statiite vo nego. Brian od Canada (ne srami ja Canada,ovco nedostrizena) i onie od negovoto stado si go imaat Vecer,kade za da komentiras uslovot e da imas IQ=45-79. Utrinski e seriozen vesnik za obrazuvani lugje so svoj integritet i slobodna misla, a ne za kvazipatriotcinja sto i dusata bi si ja prodale za eden dogovor na delo od nekadarniot bokser. G-dine Rizaov, so zadovolstvo gi citam vasite tekstovi,iako ne sekogas se soglasuvam so napisanoto. I jas i Vie sme intelektualci, i gi pocituvame tugjite razmisluvanja i stavovi. Za zal, vo MKD se iznakotija
ograniceni umovi koi resavaat vo imeto nase i na nasite deca.
Од: Трпе.
Датум: 24.07.2009 11:46:22
Ја молам владата,да престане со непотребно расфрлување на народните пари за глупости.Ѓи молам Иванов и Кузман да престанат со копање.Доста ние што стигнавме до дното,тие сакат да не понесат уште понадолу.
Од: jovan
Датум: 24.07.2009 14:00:45
Do Brajan i slicnite. Ovoj Mitko mozebi e komunist (a i da e nema nisto loso vo toa, veke niz svetot e povtorno vo moda da bides komunist ili levicar), no ne gresi deka VMRO bila i e Bugarska ekspozitura vo MK. Samo za informacija da ti kazam deka i najgolemite Makedonski "patriota" (Latas i Zingo i drugi) se prodadoa na bugarski firmi koi dobro gi plaka da izigravaat VMRO-vci. VMRO (denesnava) e zbir na bagra, manipulanti, bezkicmenjaci, alaplivi i isfrustrirani banditi, koj vo sekoe vreme ako imaat korist mozat da bidat i Cetnici i Ustasi i VMRO-vci, samo treba da gi platis. A da ne bea "komunjarite" i Titovite partizani ,sega ke mu sluzevme na " bodigardot" Bojko Borisov ili na kralot Petar.
Од: Славко
Датум: 24.07.2009 14:08:40
Ова е уште една многу добра статија од г-н Ризаов, но треба да се додаде дека навистина ние имаме проблем со именување на нашиот културен идентитет. Се додека тоа адекватно не се реши без непристрасно и објективно разгледување на историјата од Берлинскиот договор па до крајот на 2-рата светска војна, ние тешко дека ќе ги решиме проблемите со соседите за да се интегрираме во НАТО и ЕУ. И за тоа требаат политичари и научници, но очигледно е дека кај нас тоа или не се знае да се направи, или се премолчува.
Од: Европска Македонија
Датум: 24.07.2009 14:16:43
Ероле,одлична анализа како и секогаш.Слободно можам да кажам дека сте новинар со визија,секогаш сте малку пред времето па затоа некои читатели едноставно неможат да ве сфатат и ве критикуваат или едноставно им се испрани мозоците.Одлична ви е паралелата со гасоводот „Набуко“.Што тоа копаат и работат нашиве владини преставници среде 21 век а што копаат и работат паметните народи околу нас, решавајќи ги современите проблеми како што е енергетската криза која му се заканува на светот.За крај ќе поентирам со мудроста: Кој премногу копа по своето минато ќе остане без својата иднина.
Од: tomce
Датум: 24.07.2009 15:06:53
Prema tekstov vie "Valerija" mora da imate IQ od 46-7 kako talentirana kvazikomunjarkaErole kako i poraneshnite tekstovi samo kritikuvate ama reshenie na problemite ne davate.
Од: Jov
Датум: 24.07.2009 15:59:19
Според песна на култната група Лајбах,има само милион словенци.Другиот милион се италијани,маѓари,германци,бошњаци,срби,хрвати,македонци,албанци..За сиве овие години додека Словенија се спори со Хрватска за Пирански залив,не најдов ниту еден текст на некој несловенец да пишува против Словенија.
Ние ги живееме „нациоанлистичките“ години на Словенија од деведесетите години.Текстовите на Ризаов и нему слични се доказ дека не сме изоделе ни пола пат,но ќе го изодиме.
Од: goce USA
Датум: 24.07.2009 18:15:28
Za zal na mnogu golem del od makedoncite sopstvenoto mislenje im e ona sto ke im go kazat Grujo i kompanija na MRT... Ne mozam da se iznacudam vo 21vek da ima narod sto zivee vo 17-ti...Nepismen i naiven do krajni granici. Ama stom taka vi e ubavo - nisto podobro ne zasluzuvate... A koga ke sfatite togas kasno veke ke bide... ama verojatno pak ke najdete nekoj sto ke e vinoven,....