Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма

Што можеме да научиме од спорот меѓу Хрватска и Словенија?

Драги Нешковски

Пред неколку дена во Словенија се одржа референдум на кој граѓаните позитивно се изјаснија за договорот за арбитража за дел од Јадранското Море склучен меѓу премиерот на Словенија Борут Пахор и хрватската премиерка Јадранка Косор. Тесно мнозинство, но резултатот е најважен – а тој беше позитивен и за двете земји. Словенија покажа разум и го откочи процесот на проширување на ЕУ, а Хрватска ќе може непречено и во многу краток рок да ги заврши преговорите и да биде следната 28. земја-членка на Европската унија.

Какво е политичкото милје во двете земји? Во Хрватска се на власт десничари, а во Словенија левичари. Значи, политичката различност не ги стави во втор план интересите и иднината на Европа.

Е, сега, пред да почне некој во себе да си вели дека ова што го пишувам е неспоредливо или оти Словенија е многу подобар сосед од Грција, да се потсетиме на хронологијата на фактите:

Хрватска и Словенија имаат речиси идентичен и чувствителен спор каков што имаме ние со Грција. И двете влади или држави се соочуваат со крајно влошени меѓучовечки односи, анегдоти за спротивните народи, најави за бојкоти итн. Значи, уште една идентичност.

Но, сега почнуваат разликите од кои можеме многу да научиме. Лекција број 1 – изјавата на словенечкиот премиер Пахор дадена минатото лето за време на неговиот одмор во соседната Хрватска (?!) дека летува таму и планира да го направи тоа и следната година. Кај нас, освен една срамежлива изјава на министерот Ставрески дека штеди во Стопанска банка и пазари во „Веро“, се сведува на тивок бојкот од страна на владините и собраниските функционери на грчкото приморје. Дури и стихијно се организира меѓусебно предупредување на членовите на владејачката партија доколку помислат да летуваат на Егејот.

Лекција број 2 – потпишување договор за арбитражно решавање на спорот лично меѓу премиерите на двете „завојувани страни“ Хрватска и Словенија. Кај нас едвај зачестија билатералните средби, а камоли да се размислува за потпишување на каков било договор со Грција за одблокирање на нашите и само на нашите евроатлантски аспирации.

Лекција број 3 – успешен референдум. Значи, кога веќе едната страна се решила таквиот договор да го испроба на референдум се обврзала да стори се' тој да биде успешен, а и така излезе на крај. Повторно доаѓаме кај нас во Македонија и имаме дијаметрално спротивна ситуација. Само нашата страна, односно власт се обврза на референдум, но со една голема разлика. Кај нас премиерот јавно кажа дека ќе гласа против таков референдум?!

Е, премиере, така нема иднина за цел народ и цела држава. Доколку ги следевте словенечките и хрватските вести на денот на референдумот ќе видевте нешто сосема друго. И владите и претседателите на Хрватска и на Словенија постојано даваа позитивни изјави и очекувања. Тие изјавуваа дека се постојано во контакт и оти се надеваат на позитивен исход.

Доколку, пак, ја следевте кампањата за референдумот ќе ви��евте како владејачките словенечки партии постојано водеа кампања за успешен референдум и поголема излезност. Тоа се крупни разлики.

Така се гради европска иднина и подобра економија за сопствените граѓани. Немојте никој никого да го убедува дека прашањето за територијата на Хрватска и излезот на море за Словенија се помалку важни прашања отколку спорот за името на нашата Македонија.

Но, луѓето седнаа и се договорија – во интерес на своите народи, а не во интерес на своите партии или личен рејтинг. Тоа се лекциите што ни ги испраќаат. А, ние треба да се замислиме што правиме – продолжуваме со пропагандата и со главата в ѕид или ќе мислиме со своја глава?


#
Статијата е прочитана 709 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 09.06.2010 00:23:02
Odgovorot na naslovot e NISTO. Spor i baranje na promena na ime ,i spor i baranje da se koristi teritorija za premin na brodovi, se sosema razlicni raboti koj nemaat ama bas nisto zaednicko.
Од: od mene
Датум: 09.06.2010 03:23:52
ziveam vo slovenija i znam kakvo nezadovolstvo e tuka pomegu graganite, se custvuvaat osteteni dekaj nekoj nesto mu ukral so bilo nivno. znam kakvi teski kampanji se vodea protiv pahor zaradi toj negov "pozitiven" pristap do referendumot. zato ke go molam avtorot na ovoj tekst, malku podlaboko da razmisli i dali saka da e Severno Mankidonec, kako so ni nalaga grcija ili saka da e toa sto e? ne sum politicki opredelen, ama mislam deka premierot nema vrska so ova. NE SUM ZA PROMENA NA IMETO, USTE POMALKU ZA PROMENA NA IDENTITETOT I JAZIKOT. tolku od mene
Од: striko
Датум: 09.06.2010 05:58:34
Не е ништо случајно. Кај нас политиката е под огромно влијание на олигархијата, која нема интерес од ЕУ и НАТО контроли и правила за однесување. Богаството на олигархијата уште не е легендирано и не се ни помислува тоа богаство да биде во функција за некаква перспектива за граѓанството. Не е случајна анкетата во Дневник. Убаво пуште��а водичка. Не се направи анализа дали олигархијата би можела да има интерес од таква анкета во таков медиум. Сепак времето мине...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 06:53:36
За да се повикуваме на Словенија и Хрватска треба да знаеме и да имаме дипломати и политичари од нивен капацитет.Кај нас сите се од фамилијата или партиски послушници, а без капацитет не се можни успешни чекори во било кој смер.Партизацијата ни е поважна од резултатите поволни за државата.
Од: Afion
Датум: 09.06.2010 07:28:55
Toa sto D.N. go sporeduva ne e sporedlivo. Spor za 20km kvadratni ne e isto sto i spor za imeto i makedonskiot identitet. Toa sto D.N. ne go sporeduva e sporedlivo-Grcija treba da bide kako Slovenija koja kje go kontrolira svojot nacionalizam i preku referendum. Hrvatsko-sloveneckiot spor moze da bide korisen vo delot kade dvete starni se dogovaraat da go (konzrviraat), trgnat nastrana problemot za da ne i preci na Hrvatska pri zaclenuvanjeto vo EU. A nas Grcija "ne izvisi" i pokraj potpisan dogovor deka nema da ni pravat precki pri zaclenuvanjeto vo NATO/EU?
Од: Љупчо
Датум: 09.06.2010 07:36:38
како може некој да напише ваква работа: Хрватска и Словенија имаат речиси идентичен и чувствителен спор каков што имаме ние со Грција!!!??? Зарем не му е јасно дека губењето на спорот за нас значи исчезнување и како држава и како народ??
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.06.2010 07:38:46
И јас имам неколку лекции за пример: Прва лекција:дали соседот како оспорувач сличен на Словенија ѓе ја прифати арбитражата во Хаг и нема да ни прави пречки.Втора лекциja: дали соседот ќе распише референдум за да ги праша за арбитражата народот.Лекција трета:дали се сеќава на изјавата на виножитниот премиер да,,нема маж кој ќе го смени името,и колку пати се сретнал со својот опонент соседен.
Од: Скопјанец
Датум: 09.06.2010 08:10:24
“Е, премиере, така нема иднина за цел народ и цела држава.“ Др. Нешковски, народот вели: “Ако не ти се допаѓа, земи си ги патралите и оди барај си по убаво“. Тоа важи и за тебе.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 09.06.2010 09:26:50
E Dragi moj,vo pravo si.No na kogo da mu dokazes?MKcot ne samo sto e imun na dobronamerni soveti,tuku gi smeta i za dusmanski.Toa go znam od moe iskustvo so MKcite tuka vo D.Sto se odnesuva do SLO i HR,takvo resenie sekako bi mozelo da pretstavuva pravec da se resi sporot so GR,bidejki dvete strani se tolku bezizlezno zakopani vo nivnite rovovi sto im treba pomos od treta strana,bilo toa arbitraza ili posrednistvo so jak mandat,n.p.od strana na SAD kako seuste najmokna sila vo svetot.EU ne pokazuva interes,bidejki i odgovora segasnata situacija zosto momentalno ne e spremna za prosiruvanje.Samo za sporedba:I megjunarodniot sud vo Hag pretstavuva arbitraza i morame da bideme spremni na sekakov ishod,koj za GR sepak ne pretstavuva obvrzuvacka odluka,bidejki sudskiot statut ne go nalaga toa.ON i Nimic se ispotroseni i ocajnicki ke se obidat so posleden predlog da go resat sporot,koj nema da bide prifaten.No,sto potoa?GR se obezbedi so pari,ama kade e tuka MK?Taa se dvizi vo neizvesnost!
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 09.06.2010 09:58:32
Читајќи ги коментариве, ме фаќа апатија....изгледа дека овој народ сепак не заслужил да има држава... Копита едни неписмени....спорот меѓу Хрватска и Словенија е многу посериозен од нашиот. Името и да го промениме, за 20 години може да се организира референдум и пак да го вратиме уставното. Територија не се враќа со референдум, туку само со војна. А вака, со терање инат на цел свет, ќе го јадеме стапот (уствари веќе и го јадеме....нај сиромашна земја сме во регионов, Бугарија не помина одавно, Албанија лани...откако стана членка на НАТО)
Од: Stole
Датум: 09.06.2010 10:00:18
Pismoto na Dragi Neskovski (kogo patem nitu go znam nitu sum slusnal do sega za nego) go ocenuvam kako realno i dobronamerno. Vo najgolemiot del se soglasuvam so razmisluvanjata na aavtorot i, citajki gi komentarite na drugi citateli, navistina vekje ne se cudam zosto Makedonija ni e na deredze na kakvo sto e. Ne mi se dopagja sto kaj nas vekje zagrizuvacki dominira inatot mesto argumentite a logikata e zameneta so plitkoumost na nekakov kvazi-nacional patriotizam. Se dodeka povekjeto citateli razmisluvaat taka, nema da se mrdenme od mesto. P.s. I jas sum makedonec i ne pomalku od ostanatite ja sakam i pocituvam Makedonija.
Од: b
Датум: 09.06.2010 10:17:06
Може да научи тој што сака да научи и што може да научи. Овде ниту сакаат, ниту пак можат да научат. Толкава им е интелектуалната моќ.
Од: Komentator
Датум: 09.06.2010 10:34:31
Ajde prikaski za mali deca....EU resila od strateski pricini .. site zemji vo Evropa sto imaat more..da bidat nejzini clenki..pod sekoja cena a taa kavga e sporedna rabota...koja se resava kako veter duva...E da ni bese OHRID solen ..verojatno prvi ke bevme vo EU ...eb.....ti srekata....!!
Од: od mene
Датум: 09.06.2010 11:14:21
Tuka se zabrava da se potsete i na edna druga lekcija koja mislam deka nekoj namerno ili od neukost ja zabrava..a taa e REFERENDUM. Te nesto se dogovorile slovencite i hrvatite i slovencite recele : sega ke go pitame narodot so ke kaze. A kaj nas eden lider na golema opoziciona partija ke rece: Nie ne odeme na referendum za koj so znaeme deka ke uspee ( ili nema da uspee ) zavisi za koj kako. Ete tuka e problemo kaj nas, so nekoj misle deka problemo so imeto moze da se rese u kafana nekoja i nikoj da ne go pita narodo za toa resenoto dali e dobro ili ne.

Најди! во Утрински
Писма
Нашата држава е нашиот идентитет