Милошоски предвидува спорот за името да остане и во наредните четири години
Тамара Грнчароска
Повремени препукувања и недоразбирања околу спорот со името ќе продолжат и во наредните четири години, прогнозираше шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, но со оптимизам дека тоа ќе се случува во услови на политичка стабилност, унапредување на мултиетничкото општеството и економски развој на земјата.
Милошоски ова го изнесе пред собраниската Комисија за надворешна политика во понеделникот попладнето, презентирајќи ги приоритетите и целите на македонската надворешна политика на почеток од својот нов мандат како министер за надворешни работи.
Милошоски на овој начин меѓу редови порача дека решение за спорот со Грција нема да биде изнајдено и во следните четири години и покрај најавите за нов септемвриски компромисен предлог на медијаторот Метју Нимиц како решение, но и информациите дека САД подготвуваат решение за спорот што ќе им биде презентиран на двете страни пред одржувањето на Генералното собрание на ОН на 24 септември и оптимизмот на американските дипломати, меѓу кои и на претставникот на Стејт департментот, Метју Брајза, дека решението на спорот е многу блиску.
Милошоски рече дека негова процена е оти вината за создавањето и нерешавањето на спорот не лежи во Македонија. „Можеби некогаш се направени погрешни процени и чекори во однос на тактиката во изминатите 15 години“, смета Милошоски, но нерешавањето на проблемот не лежи во Македонија, туку во рововската поставеност на грчкиот национализам“.
Покрај за името пред собраниската Комисија, тој говореше и за либерализацијата на визниот режим со ЕУ, за кој рече дека не функционира соодветно, за задржувањето на приоритетите членство во НАТО и во ЕУ, за соработката со Косово која ја оцени како нормална и со капацитет да се зголеми, но без прецизен одговор дали и кога Косово ќе се признае. Милошоски информираше дека септември ќе биде месец кога демаркацијата на границата со Косово ќе се заврши, а досега се обележани 50 проценти од граничната линија.
Шефот на дипломатијата одговараше на прашања од членови на Комисијата, главно, од редовите на опозицијата, при што за тоа дали ќе добиеме позитивен извештај од ЕК оваа есен, рече дека наша обврска е да ги исполниме осумте препораки.
На обвинувањата дека измените на Законот за надворешни работи го кршат Уставот и ги ограничуваат Собранието и претседателот во креирањето на надворешната политика, тој рече доколку Уставниот суд го прогласи Законот за неуставен, измените ќе бидат разгледани. Милошоски од опозиционерите беше обвинет дека како министер за надворешни работи му препушта на премиерот Никола Груевски да ја води надворешната политика, која Владата ја користи за внатрешни потреби и ја води земјата кон изолационизам.
Ovie zborovi na Milososki se samo potvrda sto sekoj go znae: ovaa vlada nema NISTO da resi, tuku se' ke odlozi za posle 4 godini, a se' samo za da ne izgubi nekoj poen kaj glasacite. Vlada ne e vlada ako bea od odgovornost i raboti vo stilot "jas da vladeam 4 godini, a za drugoto, drugi neka mu ja mislat". No zaboravaat deka ovoj narod vo minatoto sekako glasase, pa mozebi nema da bidat potrebni 4 godini...
Од: Трпе
Датум: 03.09.2008 08:58:06
Ако се земе определбата на сегашната влада,поточно на премиерот,министерот са надворешни работи Милошовски и секретарот Протугер може да се дојде до заклучок дека за овие 4 години има шанси Македонија не само да биде изолирана земја туку и да се избрише од геогравската карта.
Од: jota
Датум: 03.09.2008 11:00:44
Ova e nejiskreniot odgovor sto dal milosevski znaci slednite 4g so sigurnost nema eu nema pari eden grst od tamu nema eu pazar ......i natamu ce ostaneme na dnoto na ev.......
Од: Marija
Датум: 03.09.2008 12:41:08
Vcera bev do Francija super si pominav pred nekoja ned krstarev niz Italija pa potoa naminav na kafe i do Madrid skrsnav na vracanje i niz istocna evropa ja posetiv Moskva i ...Se razbudivvvv ;(.Mozam samo da sonuvam za free journey niz Evropa..A pretesno e vo ovaa konzervata vece,koag l ke ziveeme nie mladite??KOga ke setame slobodno??Na 70god koga ke imame skleroza i ne ke se secavame kaj sme bile u koj grad..:((((
Од: citatelka
Датум: 03.09.2008 13:17:59
vo momentot koga premierot raspisha predvremeni izbori beshe jasno deka nema namera vo skoro vreme da raboti na toa Makedonija da vleze vo EU. Pagjame vo svoevidna diktatura i izolacija. neka ni e na zdravje.
Од: Goce Viena
Датум: 03.09.2008 16:10:51
me raduva sto najposle nekoj uspea da kaze deka ni vo narednite 4 godini nitu bilo koga treba da go menuvame imeto,Makedonija zasekogas a onie komunjari koi i pokraj site grcki prokletstva sepak otidoa kaj grcistata na odmor tamo da gi trosat parite zaraboteni od neplakanjeto danoci prema drzavata,neplakanjeto pridonesi za vrabotenite na crno,od mitoto sto go kasirale,od razni uslugi po sudovite deleki nepravda,nagradite od Zaev i kopanija za lojalnosta i.t.n.treba da se sramat pa gledam mnogu gi boli za Makedonija pak plukaat i plukaat