Политичката и економската ситуација е наелектризирана до степен кога е неопходна катарза
Александра М. Митевска
Надојдениот елен на социјалдемократите и нараснатата ароганција на владејачката партија стигнаа до точка пред експлозија нецел месец откако лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, најави дека ја почнува битката за симнување на власта - на вонредни избори по ноември. Внатрешнополитичката ситуацијата е наелектризирана до степен кога е неопходна изборна катарза, независно од тоа како ќе се развива надворешната политика на државата околу името и евроатлантските перспективи.
Повеќето предуслови за распишување избори, се чини, се исполнети: владејачката ВМРО-ДПМНЕ заокружи еден мандат од четири години или близу половина од мандатот во коалиција со ДУИ. И додека опозицијата притиска за промена на распоредот на силите, рејтинзите на владејачките партии и натаму се најсолидни. Две години по вонредните избори, на политичката сцена е конфузно, не само поради загрозената меѓународна позиција на државата и кризата во политичкиот дијалог, туку и поради нарушените меѓуетнички и интраетнички односи, лошата економска слика и константните задолжувања, фрлањето пари на несуштински проекти, пумпањето на државната администрација, загрозеноста на човековите права...
„Власта и партиите што ја сочинуваат се опиени од сопствената моќ. Тие веќе немаат потребно ниво на самоодговорност и критички пристап кон сопственото однесување и политиката што ја водат. Се однесуваат многу релаксирано и безгрижно, а очекувањата на населението и потребите на државата се сосема поинакви. Нивната наводна безгрижност веројатно крие страв и паника“, забележува професорот Никола Поповски, во колумна во „Дневник“. Според него, по четири години од владеењето, на сите им е потребно една нова демократска проверка, бидејќи многу нешта се сменија, а многу потребни нешта не се направија, па граѓаните треба да си го кажат своето за потоа на помирен начин да се продолжи со развојот на земјата.
Во атмосфера на митинзи, меѓусебни обвинувања преку реклами во медиумите, инциденти во Собранието, останува уште некој да го повлече „чкрапалото“ - да ја принуди ВМРО-ДПМНЕ да ги испорача потребните гласови за распуштање на парламентот и кампањата може да почне. Само што партијата од којашто се очекува да го направи тоа засега се држи на пристојна дистанца од летниот политички пожар.
Различни се размислувањата во политичките кругови за тоа колку ДУИ е подготвена да биде фактор за изборно редефинирање на односите меѓу политичките сили. Едни велат дека во ДУИ се свесни оти немаат со што да се пофалат пред гласачите и дека поради тоа нема да ризикуваат со напуштање на власта. Други сметаат дека претстојната есен е последен рок до кој ВМРО-ДПМНЕ ќе може да го тестира трпението на коалицискиот партнер, чиј рејтинг веќе подолго време бележи тренд на опаѓање и за кој може да претставува закана формирањето на партијата на Руфи Османи. Според тие проценки, ако ДУИ ја напушти коалицијата, тоа ќе го направи така што потоа ниту една друга партија од албанскиот блок нема да се согласи да биде дел од власта. ВМРО-ДПМНЕ, потоа, можеби ќе се обиде да маневрира, потпирајќи се на апсолутното мнозинство што го има во парламентот, но владеењето без албански партнер е ситуација што не би можела да се одржува долго време.
Аналитичарот Мерсел Биљали, пак, смета дека избори не се вистинскиот чекор. Тој вели дека избори нема да решат ништо, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ мора да биде дел од решението за името и не треба да и' се дозволи да го напушти тронот во тешки моменти за државата. Според него, без решение за името ни ДУИ нема да иницира избори, бидејќи ќе нема што да му каже на електоратот.
„Прво треба да се реши проблемот со Грција, а потоа да се види дали има услови и фондови за спроведување избори. Мислам дека ниту меѓународната заедница не е расположена за изборна разврска во Македонија, бидејќи на оние што ги залажуваа граѓаните со патриотизам сите овие години сега не треба да им се дозволи да избегаат од одговорноста“, вели Биљали.
Политикологот Владимир Божиновски неодамна оцени дека ДУИ нема да предизвика избори, бидејќи и по изборите би останал истиот распоред на силите во парламентот, а партијата на Али Ахмети би се нашла во незгодна позиција кога повторно ќе треба да прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Но, опозиционерите не мислат така. Тие сметаат дека е разнишана довербата на граѓаните во владејачките партии, а како доказ го посочуваат тоа што власта веќе не излегува толку често со анкети откако последните испитувања на јавното мислење покажаа дека почнал да и' се тенчи рејтингот.
Од опозицискиот табор прогнозираат дека на евентуалните предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ веројатно повторно ќе има најголем број пратеници, но дека овој пат нема да биде во можност да формира влада. (А.М.М.)
ГОТОВ Е!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!да живее Бранко Црвенковски да живее Душко Илиевски да живее СДСМ да живее Македонија!!!!!!!!!!!!!!ДОЛУ ВЛАДА ДОЛУ ВЛАДА ДОЛУ ВЛАДА ДОЛУ ВЛАДА!!!!!!!!!!!!!
Од: ја
Датум: 17.07.2010 00:51:55
Откако оваа блада со Законот за одлагања на плаќањата на побарувањата од фирмите ПРОГЛАСИ БАНКРОТ време им е да си ја свиткаат опашката и сами да речат:Народе не не бива.Не уништија во секој еден поглед,економија, здравство,образование,сулуди проекти,без перспективност во ЕУ и НАТО аспирациите и што ли уште не.Време е за избори,време им е да си одат а народот за брзо време тоа и ќе им го овозможи.
Од: tihi
Датум: 17.07.2010 00:57:06
A da go proglasevme nie Brane za CAR.Ionaka 20god. samo nego go gledame.Vaka samo ke ja ozvanicime rabotava.Em mir vo kukjata em nepotrebni troskovi za izbori i razni drugi gluposti.
Од: ??
Датум: 17.07.2010 02:37:12
Повторно ветер и магла од СДСМ.
Еве јас ќе ве просветлам:
СЕКОЈА ПАРТИЈА, ВО СЕКОЈ МОМЕНТ ТРЕБА ДА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗБОРИ !!!
Доколку не е, тоа е само нејзина вина и “забеганост“, да не употребам некој понезгоден збор.
Од: od mene
Датум: 17.07.2010 02:54:49
gladna kokoska proso sonuva...
Од: trajce
Датум: 17.07.2010 06:23:00
Sto pati sum rekol i pak ke kazam. Ako imate m..a pobarajte izbori vednas! Ako ne, zakutete zasto ne otekovte so hipoteticki navodno baranja. I baba Ratka znae deka ke gi izgubite izborite povtorno. I me interesira so kogo ke pravite vlada dokolku imate triesetina pratenici.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.07.2010 07:09:06
Не е проблемот во свиткувањето на кичмата на власта проблемот е во губењето на власта, одговорноста за досега расфрлените пари и се разбира Шутка и Идризово...Некој секако таму ќе заглави...Е тоа е она што ја предизвикува паниката...
А дека се готови...ГОТОВИ СЕ.
Од: BRAVO
Датум: 17.07.2010 08:22:16
bravo bravo, mnogu vi e ubava slikata. EDNA SLIKA ILJADA ZBOROVI.
Од: "vodolija"
Датум: 17.07.2010 08:22:30
Predvremeni te Izbori se neizbezni !! NEIZBEZNI SE, poradi samiot Gruevski i DPMNE. DPMNE e Ideolosko Teroristicka Partija, Gruevski e PRAZNA TABLA za Politika. Gruevski ke objavi von redni izbori so edinstvena cel za da ja izgubi vlasta i na toj nacin da se spasi od ISKUSENIJATA vo koj sam se turna! I predhodnite von redni izbori so cel da ja izgubi vlasta no PUSTI EGEJCI lakomi za pari mu poveruvaa na Gruevski deka ke zeme pari od Grcija i povtorno SITE mu go dadoa glasot na Gruevski. Ovoj pat nema da bide taka ,ako bide taka togas CRNO mu se pisuva na Egeecot. No sekako pak DPMNE ke ima glasovi no ne ke moze da oformi vlada!? Da bideme zivi uste malku ostana ova sto e napisano da se UTVRDI!!!???
Од: Учо- Гостивар
Датум: 17.07.2010 08:43:42
На сликава ,намерно или не,е сликан зад решетки.Мислам дека добро му стои.Не би му посакал тоа ама како почна да апси се со ред,треба да помисли дека може да дојде редот и на него.
Од: Gox
Датум: 17.07.2010 08:51:54
Ocajni ste sdms-ovci...Bar mene mi deluvate na takvi,a mislam deka i vo ocite na drugite.Kakva maloumnost i glupost e da se pisuva deka izbori se blizat ako pocnalo da se gradi nesto.Aj da ziveeme ko u Zimbabve,da srusime se,pa kukite da gi pravime od kal i lisja,posto ocigledno na vas se sto e ubavo vi smeta.I dzabe izbori i trosenje pari,rezulatatot e uste od sega poznat,i se dvizi od 3:0 do najmnogu 3:1,za ovie drugive !
Од: mkd
Датум: 17.07.2010 09:31:55
Zosto izbori???
Jas kako neutralen mislam deka SDSM ke go izedat stapot.Pak ke imame situacija ista plus minus 2-3 pratenika.Ke se potrosat 10 milioni vo vetar so rizik nekoj da napravi glupost i pak da sme pod lupa na cinicnata EU
Од: gimi
Датум: 17.07.2010 09:48:32
Sakate izbori neli? Ili ako podobro razmislam izbori i ne sakate tolku bitno e da dojdete na vlast.Kako da se napravi toa prasanje e sega? Mnogu tesko, skoro nikako. Zosto? Zatoa sto ima uste 2 godini do regularni izbori, zatoa sto imate rejting mnogu slab,zatoa sto imate rakovodstvo kakvo-takvo, lider -nikakov,zatoa sto imavte sansa a ne ja iskoristivte , zatoa sto pominaa vasite 5 minuti vo 2006g.,zatoa sto vasata pesna e isvirena i nikoj poveke ne saka da ja slusa. Ete zatoa.
Од: маја
Датум: 17.07.2010 10:18:36
Не ме чуди што се мо��ни избори, меѓутоа ме чуди овој наш народ. До кога ќе бидеме слепи и ќе им веруваме на ВМРО или пак на СДСМ, и двете партии имаа доволно време да се докажат со своите способности. Освен способноста за добро манипулирање со луѓето, јас друго и немам забележано. Време е да и се даде можност на сосема трета политичка партија
Од: lipac07
Датум: 17.07.2010 11:09:49
Добар ден Македонијо! Било кои наредни избори да бидат : редовни или вонредни , уште една победа на Македонскиот народ ќе биде голема не против СДСМ туку против уништувачот на Маќедонското национално тќиво г-дин Бранко Црвенковски, тоа го сака и го знае и добар дел од лојалните членови на СДСМ . Потоа со реформирана партија и со умерен лидер од типот на Никола Поповски СДСМ мопже да очекува враќање на власт на некој нередни избори, бидејки ншто не е вечно а најмалку власта. Поздрав но сепак апел до сите да си ја сакаме Македонија и да си ја чуваме оти ни е единствена татковина немамем друга. п.с. добар дел мои пријатели од СДСМ ке гласат против Бранко само затоа што не застана зад ставот на НИКОЛА по прашањето за името.
Од: 3G
Датум: 17.07.2010 11:12:39
Ova se vika SMESKI EDNO KILO TESKI. Strategija na cukanje vo stranicata za zaplasuvanje na decata od baba roga ili ona koga "lud j..e zbunjenog". Imajki ja vo vid jasnata opredelba na narodot od 80% protiv promena na imeto za bilo koja cel i pricina a koja vo vid ja ima i zapadot i pokraj toa sto go odrzuva pritiskot, navistina ne ja gledam smislata za izbori i na sto se temeli nadesta na opozicijata. Ekonomskata sostojba e refleksija na svetskata sostojba a opstestvenata atmosfera i pokraj naporite na opzicijata so palenje na raznorazni fitili e relaksirana i mirna i ne veruvam deka nekoj toa bi go potcenil, rizikuval i zloupotrebil. Znaci rabotata e bidete spremni kako da zapadot utre ke vi go promeni imeto a zivejte kako da Rusija i Kina toa nikogas nema da go dozvolat.
Од: ne e bitno
Датум: 17.07.2010 11:57:33
Go snema portokaloviot Feliks, se pojavi pomodreniot "sirma vojvoda". Steta. Nikako da vi dojde pamet.
Од: Goran
Датум: 17.07.2010 12:05:44
Na gujo uste vojna so ne mu se sluci vo negoviot mandat.Inflaci,svetski ekonomski krizi,politicki krizi i.tn.I poslem se SDSM e se poslab i poslab.ili gruevski e tolku sposoben da mu objasni na narodot deka samo sto nebilo ili SDSM ic ne go biva.Jas mislam to vtoroto e?!
Од: Dime
Датум: 17.07.2010 13:44:15
Vo noemvri pokana za clenstvo vo NATO, vo dekemvri datum za pregovori za clenstvo vo EU, vo januari-fevruari, zdravje, predvremeni izbori. VMRO-DPMNE okolu 65 pratenici, SDSM okolu 25 pratenici. Baravte-gledajte!
Од: nacional-patriot
Датум: 17.07.2010 16:20:50
Anketa imase pred eden mesec od IRI.Taa anketa pokaza deka ubedliva prednost ima vladeackata partija i najverojatno na narednite izbori(vonredni ili redovni)povtorno so nejziniot sojuz ke osvoi nad 60 pratenici.
Од: Bt
Датум: 17.07.2010 21:54:24
Поздрав до г-динот Митре од Долнодупени
Алал да ти биде ,затоа сто ако продолзиме вака Преспа отиде во неповрат ПОЗДРАВ