Број 3258  четврток, 15 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Кинеските даблдекери ќе возат по улиците од октомври в година

Возењето во 202 двокатни автобуса ќе не' чини 35 милиони евра без пресметан ДДВ

Деспина Трајковска



Од идната година по скопските улици ќе почнат да возат првите 66 од вкупно 202 двокатни автобуса слични на оние од 1950-тите години. Владината набавка за поднова на јавниот превоз вчера ја официјализираа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и Гуанминг Занг, генерален директор на кинеската компанија „Јутонг“ за пазарите во Европа и во Северна Америка.

Кинезите беа избрани како најповолни понудувачи на тендерот за даблдекерите, кој успеа дури во петтиот обид. За двокатните автобуси Владата ќе треба да плати 35 милиони евра без пресметан ДДВ, пари што ќе се издвојат од три фискални години. Автобусите ќе се исплаќаат по секоја испорака, а предвидено е до крајот на наредната година да стасаат првите 66 возила и во наредните две години по 68. Два од 202-та двокатни автобуса се со отворен покрив, наменети за туристички разглед и еден од нив ќе му се подари на Охрид за развој на туризмот.

„Овој проект ќе значи конечна обнова на застарениот јавен превоз на Скопје, имајќи предвид дека неодамна се потпиша и договорот за 84 едноподни автобуси од Украина, а во тек е и тендер за набавка на 16 минибуси“, рече министерот Јанакиески по потпишувањето на договорот со Кинезите, информирајќи дека од компанијата дале ветување оти е можно првите автобуси да ги испорачаат и пред крајниот рок, односно до октомври наредната година.

„Мило ни е што македонските граѓани ќе се возат во нашите автобуси. Ние сме компанија со реноме, една од светски најпознатите и имаме капацитет да одговориме на вашите барања. Автобусите за Скопје се вонсериска линија, вакви досега не се произведени, иако имаме изработено 100 вида автобуси, двокатни и обични“, истакна Гуанминг Занг.

Тој потврди дека ретродизајнот, кој покрај цената беше еден од главните услови за добивање на тендерот, автоматски ја поскапел набавката, но воопшто не сакаше да каже за колкава сума, па дури ни приближно. Занг демантираше дека локален партнер на компанијата во проектот е бизнисменот Орце Камчев. Се пофали дека „Јутонг“ лани произвела над 30.000 автобуси, а дневниот капацитет на производство, во зависност од типот на автобусот, изнесува околу 150 возила.

Автобусите што ќе се возат по скопските улици ќе користат мотор еуро 4, ќе имаат дигитален такограф, автоматска рампа, по 60 седишта за седење и 20 за стоење и ќе бидат целосно климатизирани.

Со официјализирањето на набавката се стави крај на речиси двегодишниот избор на најповолен понудувач за даблдекерите. Успеа петтиот тендер откако претходните беа поништувани поради нецелосни понуди, а првично и поради зголемувањето на бројот на бараните возила.


#
Статијата е прочитана 1153 пати.

Испрати коментар

Од: Pero SMK
Датум: 15.04.2010 01:46:27
Do togas ke se smeni Vladata i ke se ponisti ovoj somnitelen dogovor.Sakame normalni avtobusi,a ne vakvi budalastini so "retro" izgled koi vo Skopje nikogas i ne se vozele(sem 2 avtobusi podareni od London).
Од: Скопјанец
Датум: 15.04.2010 03:59:19
Двокатни автобуси - хорор! Јас во такви автобуси не сакам да се возам, ниту да се качувам на вториот кат, ниту да чекам додека се качуваат други. А скопскиот асфалт кој и така е вдлабнат и пропаднат на 40 степени сега под двојна тежина ќе се уништи до крај. Даблдекерите се добри само како туристичка атракција, за разгледување на градот, не се за секојдневно возење, но тие што ги бираат очигледно самите не се возат со автобус.
Од: Kimov
Датум: 15.04.2010 06:18:23
VMRO si e VMRO ama so ovaa postava ne so onaa poranesnata. Se znae koj ja gradi Makedonija Gruevski i negovite pomosnici. Alal da im je narodot uste poveke ke gi zasaka koga ke se vozat vo novite avtobusi a gradot ukrasen so spomenici i zgradi vo anticki stil.
Од: mile
Датум: 15.04.2010 06:46:42
Така е Перо, во право си, ова е само исполнување на инаетот на Грујо да ги купи овие глупави ��грачки од Кина затоа што баба му се возела со двокатен автобус во Скопје..... Ех, што си дочека земјо Македонска.....
Од: АА
Датум: 15.04.2010 07:16:07
Невидена глупост.
Од: star skopjanec
Датум: 15.04.2010 09:57:54
Dvokatni avtobusi vo Skopje, koi ke vozat po ovie nasi 'ulici" e NAGOLEMATA GLUPOST sto ja smisli ovaa Vlada1 Mozebi treba da bideme i pomalku "srekni". Sto ako im padnese na um da se vozime vo PAJTONI???????
Од: Авто-крат
Датум: 15.04.2010 10:05:22
Очајниците го уриваат Скопје максимално. Ама со нашата одлука во овој случај да го држиме мозокот во „Лер“, ризикуваме цивилизацискиот „Рикверц“ да ни биде одредница за иднината. Штета што се толку млади, а без визија. Како ли ќе изгледаат кога ќе имаат 55 години?
Од: Itar Pejo
Датум: 15.04.2010 11:35:21
Bravo za kinezite. Uspeaa da ni prodadat star model na avtobusi kobajagi "barok" stil. Specialna serija, zatoa poskapa od tie so moderen dizajn. Ocekuvam sega vladata da naraca nekade pajtoni. Specijalna serija, 100000 evra sekoj. Namesto konji, ce spregnat zirafi.
Од: јас
Датум: 15.04.2010 12:27:03
Поголема глупост од оваа работа со двокатните автобуси се сами денешните ( препишани од шартоскиот билтен) ) коментари на Кимов!!
Од: вераг
Датум: 15.04.2010 12:55:35
На Кинезите им е мило,но мене не ми е мило воопшто.Посебно ме иритира тоа што 5,5 милиони евра повеќе се плаќаат само за старинскиот дизајн,најсличен на оние 2 автобуси што некојпат возеле во Скопје,а за кои никој не се сеќава.Толку милин и само за фикс идејата на Груевски и за задоволување на неговиот личен вкус.Сакам да кажам невкус.Ако екс министерот Владо Димов оваа влада го бараше со потерница до Интерпол само за штета во буџетот од неколку десетици илјади евра(само затоа што вработил неколку лица на неодредено време) што ли треба да му се стори на овој премиер за вакво арчење на буџетот?

Најди! во Утрински
Скопје
На „Топлификација“ и' е топло
Манифестација „Гимназијада“
Трајановски се пофали со булеварите