Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Што говореа во 2008 година, а што говорат сега

Владини кругови се' погласно навестуваат референдум за името во најскоро време

Соња Крамарска


Владини кругови се' погласно навестуваат скорешен референдум за името, но поради силното ехо со кое во македонската јавност е проследена секоја макар и најмала изјава за името, овој крупен напредок во домашната реторика за спорот поминува речиси незабележано.

Во Скопје со големо изненадување е примена минатонеделната изјава во Истанбул на грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека тој и неговиот македонски колега Груевски вложиле „нови напори за решавање на спорот“. Во што се состојат тие напори и зошто во Македонија премиерот Никола Груевски ништо не кажува за таквиот нов квалитет во односите со Грција. Истовремено, од Стразбур пристигна и изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека Македонија потрошила две години во објаснувањето на спорот, што прозвучи како скриена критика кон политиката за името.

Во саботата, конечно, со поконкретна изјава се огласи и преми��рот Никола Груевски, кој потврди дека на релацијата Њујорк – Скопје - Атина се одвиваат можеби досега најинтензивните консултации. „Можам да потврдам дека медијаторот Нимиц ги засили своите активности и консултации со двете страни и тоа дава надеж. Од друга страна, правиме редовни контакти со премиерот на Грција со цел да ја подобриме вкупната атмосфера и односите меѓу двете земји и да создадеме подобра почва за да може медијаторот Метју Нимиц да продолжи да комуницира и да изнесе предлог што би бил прифатлив за двете страни и, се разбира, за граѓаните на Македонија“.

Најотворената изјава, сепак, ја даде десната рака на Груевски, шефот на неговиот кабинет и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протогер, во минатонеделното интервју во „Нова Македонија“: „Консултациите во ОН се интензивираат, очекуваме предлог од медијаторот Нимиц што би го ставиле потоа на референдум. Ако се изнајде решение за името, Македонија по 12 месеци ја гледам како членка на НАТО и во преговори за полноправно членство во ЕУ“, вели Протогер.

Изјавата на Протогер, во која за првпат експлицитно се најавува референдум за следниот предлог на Нимиц, може да биде навестување на скорешен расплет на спорот. Тоа не мора да значи и неговото окончување, туку трансферирање на одговорноста за најважното прашање за иднината на државата, во рацете на граѓаните. Доколку тие го одбијат дадениот предлог од страна на медијаторот Метју Нимиц, премиерот Груевски и државното раководство си обезбедуваат привремено алиби пред Брисел и пред политичката опозиција.

Веројатно ќе помине време додека домашниот аналитички корпус го согледа ова свртување во тактиката и се изјасни за намерите на Владата елегантно да се дистанцира од најголемиот политички хендикеп што и' се случи во времето на управувањето со државата: да мора да го промени името ако сака да триумфира со политиката на вклучување на земјата во Европа и во НАТО.

Во меѓувреме, временското растојание од април 2008 година кога се случи поразот во Букурешт, па досега овозможува да се добие појасна слика за тоа какви беа позициите на македонската елита тогаш за името, а какви се денеска по трикратната блокада од Грција. Може да се забележи дека и покрај привидното тапкање во место, сепак, реториката на државното раководство денеска е видно изменета во правец на признавање на потребата од решение на спорот.

Хронологијата на настаните почнува од крајот на март 2008 година кога четири дена пред Самитот на НАТО во 2008 година, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) издаде соопштение во кое јавно се изјасни дека го прифаќа името „Република Македонија (Скопје)“. Тогашниот предлог на Нимиц, како што се изјаснија, за нив беше „во основа прифатлив“.

Предлогот „Република Македонија (Скопје)“ доби зелено светло и од државниот врв, но, како што е познато, Грција не го прифати, што за Владата во Скопје претставуваше во некоја рака и олеснување, бидејќи еден ден пред Самитот во Букурешт, Центарот за истражување и креирање политики објави анкета според која 83 проценти од граѓаните беа против промена на името.

Првите реакции дома, по сломот во Букурешт, од денешна перспектива сведочат за големите заблуди на македонската елита. Колумнистот и поранешен шеф на дипломатијата Љубомир Фрчкоски рече дека е потребно да се зачува политичкото единство во државата и дека Македонија треба да ја тужи Грција во Хаг. Подоцнежните настани покажаа дека тужбата во Хаг не е во прилог на решавањето на спорот, а очекувањата на Фрчкоски за политичкото единство биле наивни.

Слободан Чашуле, исто така поранешен министер за надворешни работи и аналитичар, во тие моменти отиде и чекор понатаму, тврдејќи: „Македонија е членка на НАТО, но само е одложен процесот на формализација на членството“. Чашуле тогаш тврдеше дека грчкото вето било силен удар на американската стратегија и затоа Америка нема да дозволи Македонија да не стане членка на НАТО!

Владимир Милчин од Фондацијата „Отворено општество“, кој денеска е најголем критизер на нерешавањето на спорот, тогаш велеше: „Грците практично ги продолжуваат балканските војни. Јасно е дека не се работи за името на нашава држава, туку се работи за нашиот идентитет, за јазикот и постоењето на македонското малцинство во Грција. Мислам дека крајна цел која сакаат да ја постигнат е тоа да не постојат Македонци не само внатре во нивната држава, туку и надвор од границите на Грција“.

Во напливот на емоции, шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, го слушнавме како изјавува: „Ние сме Македонци од Република Македонија и ќе останеме тоа засекогаш“.

Груевски, пак, во обиди да го смири разочарувањето во Скопје пренесе дека сите земји-членки на НАТО биле на страната на Македонија, освен Грција. Подоцна се покажа и се' уште се покажува дека тоа не било и не е така. „Секој оној што мисли дека ќе не' присили да прифатиме име што тој сака, е во заблуда, бидејќи нема да се случи тоа. Ние сме минале и низ потешки времиња од овие, 17 години живееме без членството во НАТО и ќе издржиме и натаму“, наивно тврдеше во 2008 македонскиот премиер.

Конечно, и коалицискиот партнер на Груевски, Али Ахмети, кој денеска постојано му дава рокови на премиерот да направи компромис со Грција, во септември 2008 година, по фијаското во Букурешт, го слушнавме како вели: „Го поддржувам уставното име на Република Македонија. Ги разбирам моите сограѓани и не сакам да ги повредам нивните чувства“.

Но, отрезнувањето дојде многу бргу. Веќе во февруари 2009 година Груевски навести дека ја примил пораката од Грција и од меѓународната заедница

и реториката полека почна да се менува. „Подготвени сме на компромис кој нема да ги загрози националните интереси и достоинство“, рече тој на една конференција во Охрид. Поради згуснатите настани и изјави околу спорот, новата интонација тогаш речиси никој не ја забележа. Дваесетина дена подоцна, на средба со чешкиот премиер Мирек Тополанек, Груевски ќе изјави дека по претседателските и локалните избори во Македонија и по изборите за Европскиот парламент во Грција, „се надева оти ќе дојде и до решение на спорот“.

Оттогаш помина една година и четири месеци, а спорот не се реши, но најновите изјави укажуваат дека е можно да се случи тоа, или во најмала рака отвораат врата за скорешно решение. На Груевски му е јасно дека изнаоѓањето компромис со Грција е клучот за деблокада на евроатлантските аспирации. Сепак, дали ќе се о��мели на една таква крупна политичка одлука, која во меѓународни рамки ќе му ја зацврсти позицијата, но дома ќе му го разниша тронот, ќе се дознае во наредните месеци или можеби дури и поскоро.


#
Статијата е прочитана 4535 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2010 00:13:16
Od doverlivi izvori cuv deka site berberi denovive ce bidat mobilizirani i denonocno ce strizat. Ce ima volna.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 28.06.2010 00:19:30
Gruevski ne saka da ne vnese vo EU i NATO, toa ne mu odgovara. Gruevski ne sfaka deka vremeto nie protivnik koga prethodno Crvenkovski pominuvajki gi site fazi od zemja koja bese vo izlolacija i opasnost za opstanok posle 2001 vo 2002 vo 2005 ja dovede do kandidat clenka vo EU i NATO. A sega neka Gruevski kaze alternativa ako ne saka vo EU i NATO koga i EU i NATO go gubat strplenieto so Makedonija, nema da ne molat vecno za da vlezeme vo EU i NATO...za toa neka kaze Gruevski alternativa za Makedonija nadvor od EU i NATO dali so Rusija ke bide podobro ili vo izolacija...
Од: gojko
Датум: 28.06.2010 02:47:03
Ne sakaat vo EU zosto ne ke mozat tolku da kradat pari od budzetot na MK,i od razni matni zdelki ,prodadeni dusi se tie,i zatoa manipuliraat so lugeto za imeto na MK.dole vlada...
Од: Mitre od dolno dupeni
Датум: 28.06.2010 04:13:06
Груевски самиот си ја запржи чорбата со мобилизација на членството со својата популистичка реторика.Сега се обидува да ги олади загреаните глави, но ако не знае тоа толку брзо и лесно не оди ,па макар и да се лојални членовите и да прифаќаат се и сешто безпоговорно.Сепак за името се работи а дел и не знаат сека всушност за ПАРИТЕ се работело. Кога че дојде предлогот за референдумот, кој ќе го дефинира пашањето и дали Груевски ќе го поддржи истото ( промената).Ако не го подржува тогаш и нема причина за референдум а ако го поддржи отиде рејтингот уште подолу.Како пшочнал да паѓа ќе стаса под двоцифрен број - како на претседателот.А сепак покрај парите и за рејтингот се работи.
Од: Afion
Датум: 28.06.2010 05:43:22
Utrinski, stvarno vo sto e poentata na ovoj tekst?Zosto Bukurest 2008 e poraz koga vo sledniot paragraf velite deka Makedonija prifatila kompromis a Grcija go odbila. A sto ako Grcija se navratila na toj predlog koj pred dve godini go odbila i zatoa pretsedatelot Ivanov rekol izgubivme dve godini? Patem i bivsiot pretsedatel Crvenkovski rece nema maz vo Makedonija koj kje go smeni imeto a sega SDSM bi se soglasil so toa. A, vo uste edno patem, imame priznanie na Ilinka MItreva deka SDSM sam si nanel steta so izjavata na eden senioren clen deka Makedonija trebalo da ja svitka kicmata i da go promeni imeto pa sega glasacite imale pogresna percepcija deka SDSM e za promena na imeto. SDSM treba da cikne na vratata na DPMNME i da izlezat so zaednica crvena linija. Ama izgleda deka i za toa e sega kasno..
Од: DO-TRPE-pati od...
Датум: 28.06.2010 06:10:39
E bre Trpe me iznasmeja.Uste nekoj vaka da komentirase, narodot ke poveruvase.A avtorot ocekuva Grujovski da kazel sto pregovaral. Takvite kako neja zaedno so SDSM uste ne kazano ne prodadoja kaj Grkot, a uste ako informiral ,togas svrsil Grujo rabota.
Од: ...
Датум: 28.06.2010 08:40:54
Што и да зборуваат и едните и другите, јас слушам само БЛА БЛА БЛА... Знаеме сите кој се занимава со политик��! Тажното е што ние меѓу себе ќе се "изедеме", додека тие си обезбедуваат 10тина поколенија.
Од: mihajlo
Датум: 28.06.2010 09:25:30
Prasanjeto dali Gruevski saka da vlezeme vo EU i NATO,mozete da go procitate preku negoviot glasnogovornik od vesnokot Vecer.Toj na indirekten nacin preku evropskoit fudbal vo Juzna Afrika,dovolno ni kazuva koja e Evropa,koja e Grcija,sto ce stane so Evroto i sto ce stane so Evropa.Analizirajci go ova i na pilcite im e jasno kakva poraka se praca.Ako sega ne se iskoristi ovoj moment,smetam deka otidovme jabana.Ni nema spas.A sto se odnesuva do Evropa taa ce opstane i bez nas,prasanje e dali nie ce opstaneme bez nea.Arno ama za ova za zal golem del od zitelite na ovaa zemja ne mislat taka.Ednite se SUPER patrioti a drugite ne nozat bez Evropa,maltene kako da se braca so Anglicanite,Germancite i Francuzite(a se deklariraat deka bile Iliri).Mislam deka se e jasno.Ostanuva dali opozicijata ce uspee.Analizite od sinocesniot miting treba da go kazat svoeto.
Од: bobi
Датум: 28.06.2010 09:35:24
Sto e bitno sto govorele lugevo 2008.Od tolku kazani lagi veke ne se znae sto e nivniot stav .Vazno e deka se najdobri vo nivnite lagi na koj samo oni i samo oni si veruvaat .
Од: Nikola-Germanija
Датум: 28.06.2010 09:59:12
Gruevski nema na sto da se pofali vo negovata politika.Evropa resi da go fati NG za gusa i go stisne vo kjos,isporacajki mu smetka za napumpanje rejting na smetka na NATO/EU,cii pari zasega se edinstvenite stranski vlozuvanja vo MK.Saka-nekje,NG mora da vodi pozitivna referendumska kampanja.Toj se naogja vo stapica,bidejki kako i da zavrsi mozniot referendum,vladata gubi.Ke go odbivaat li MKcite predlozenoto resenie,EU ke trazi odgovornost od NG;ke pomine referendumot,MKcite ke mu se odmazdat na ovoj ili drug nacin,bidejki gi ostavi vo navidum bezizlezna situacija.Sansite,NG da ja prezivee 2010 politicki gi smetam na 50:50,no najkasno na pocetokot na 2011 ke dojde zasluzeniot kraj na negovoto rasipnicko vladeenje!Priznavam:Kopneam po toj radosen moment za MK i narodot voopsto!Bidejki vladata vodi agresivna nadvoresna politika i kon sosedite-tuka mislam pred se na BG- vo stil na slon vo prodavnica za porcelan,BG ke stane "vtora GR".Sekako deka na NG ne mu zaviduvam vo ova situacija! :-)
Од: Професорка
Датум: 28.06.2010 10:24:27
Многу ми се бендиса изјавата на Грујо во стил Нимиц нека работи интензивно, а тој и др��гиот ќе стварале атмосфера, како второразредни групи на рок концерт кои ја загреваат публиката. Публиката е веќе заморена од празни свирки на шупелка.
Од: dedo dimo
Датум: 28.06.2010 12:50:23
Novinarkava e vo golema zabluda .Prvo za imeto se pregovara 18 godini i dosega ne se reshi a i nema da se reshi so Gruevski .Nikoj vo Makedonskata vlada nema pravo da go menuva imeto bez REFERENDUM .Na zalost za Makedonskiot narod, SDSM go vnese ovaj problem koj bez mislenje prifatija" taka recheno "privremeo ime i so toa e zalavija odnosno e blokiraa nashata drzava .I togash trebashe Referendum.No Gansterite ne mislea mnogu i sega site patime za nivnata glupost.
Од: Goce Makedonski
Датум: 28.06.2010 13:08:24
Sonja koga ke napises nesto ubavo za VMRO -DPMNE?
Од: avatar
Датум: 28.06.2010 15:06:21
Sonja, koga spies kogo go sonuvas Branko ili Nikola

Најди! во Утрински
На прво место