Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Наезда од змии во рудникот „Суводол“

Змии излегуваат од коповите и ползат по рударската опрема, тврдат вработените

БИТОЛА - Змии отровници ги опколија рудниците во РЕК „Битола“. Последните три дена, поради наглото покачување на температурите, во коповите на рудниците „Суводол“ и „Брод - Гнеотино“ змиите станале дел од декорот на едноличната јаловина. Вработени во рудниците тврдат дека змиите почнале да излегуваат од секаде, да се сончаат на свежо ископаната земја, па дури да лазат и по рударската опрема. Иако велат дека змиите отсекогаш ги имало во коповите, топлината што дополнително ја предизвикува согорувањето на јагленот оваа година предизвика вистинска наезда од овие влекачи.

Вработените со големата опасност се соочиле особено при градбата на новиот Подински систем, а велат каде и да копнеш, излегува змија.

„Се појавија змијарници како никогаш досега. Змиите се движат и излегуваат од јаловината само што ќе се појави сонцето. Ги има и големи над еден метар, ама претежно се мали што значи има гнезда под земјата. Некои се бели со црна шара, а други темнозелени. Како што копачот копа во земјата, така и змиите висат на запците. Колега раскажуваше дека наишол на гнездо на смокови“, вели Коле Т. од РЕК „Битола“, ангажиран преку фирма-изведувач.

Вработените стравуваат за својата безбедност особено што секој од коповите е прилично оддалечен од најблиската лекарска служба лоцирана во комбинатот. „Во амбулантата имаме една доза на серум. Но, се надеваме дека ќе немаме шанса да го употребиме противотровот“, изјави Павле Наумов, лекар во амбулантата во РЕК „Битола“.

Според него, работниците се превентивно заштитени од напад на змија со облеката и обувките, кои задолжително ги носат. Но, смета дека вработените не треба да ги предизвикуваат опасните влекачи.

Минатата година, змија касна вработен во ХС „Стрежево“ во Битола ангажиран на браната кај вештачкото езеро. Неговата здравствена состојба многу се искомплицира, а едвај се стабилизира дури по лекувањето во скопските клиники. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1393 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 12.06.2010 04:54:25
Pa dobro sto imate edna doza na protiv otrov. Dovolno e. Dobro ste opremeni. Se nadevam deka rabotnicite ne ja citaat ovaa informacija.
Од: rudar
Датум: 12.06.2010 09:16:55
ova e los znak za rek i gospod predupreduva protiv partisko vrabotuvanje ili branko see strav vo rek bitola
Од: b0jan
Датум: 12.06.2010 13:23:27
abe zosto mora se da se povrzuva so politika a rudar?

Најди! во Утрински
Македонија
Потпишана декларација за соработка за европска иднина
Во Синдикатот пак врие
За Иванов ветото е антиисториски чин
Нимиц не размислува за средба
Лек за менструални проблеми