Број 3366  вторник, 24 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Нашите бе��зински ги затворија грчките

Побарувачката за гориво во Серес, Лерин и во Кукуш е падната за 80 отсто, бидејќи на Грците им е поевтино да наполнат резервоар кај нас и во Бугарија

Од нашиот дописник Миркица Поповиќ

Атина - Високите цени на горивото во Грција се погубни за сопствениците на бензински пумпи во грчките градови на границата со Македонија и со Бугарија. Сопствениците на бензинските се очајни и бараат од државата на некаков начин да им помогне, бидејќи со месеци губат голем дел од профитот поради тоа што на граѓаните им е поекономично да преминат граница, да наполнат резервоар и неколку канистри со бензин и да се вратат дома.

Неодамна Асоцијацијата на сопственици на бензински во Грција го поведе прашањето за опстанокот и условите во кои се наоѓаат бензинските во пограничните региони. Грчкиот бизнис-портал „Капитал.гр“ известува дека споредувањето на ситуацијата на бензинските во градовите на границата со Македонија и со Бугарија со преживување не е само едно хиперболизирање од страна на синдикатите, туку одраз на реалната слика.

Претседателот на здружението на бензински во Лерин, Димитрис Станиадис за „Капитал.гр“ истакнува дека за 70 отсто е падната потрошувачката на бензин во целата префектура на Лерин. Според Станиадис, најголем проблем за бензинските во тој регион е фактот што првата македонска бензинска станица со поевтино гориво е на само 32 километра од Лерин. Иако се' уште не е затворена ниедна бензинска во Лерин, Станиадис смета дека некои од нив нема да издржат подолго од декември.

„Јас лично размислувам да ја затворам бензинската за два месеца. Државата не прави ништо да ни помогне“, вели тој. Проблемите, секако, се појавиле пред неколку месеци по зголемувањето на ДДВ, со што цената на бензинот во Грција, која пред неколку години беше пониска од онаа во Македонија, сега е поскапа за 40-45 евроценти од цената на горивото кај нас.

„На границата не се прават проверки, никој не прашува дали пренесувате бензин, никој не проверува дали има канистри со бензин, граѓаните постојано преминуваат слободно и се враќаат со насмевка, бидејќи заштедиле на бензин“, додава Станидис.

Во Кукуш ситуацијата е за степен полоша. Според изјавите на претседателот на локалното здружение, Јанис Маглусидис за порталот „Капитал.гр“, од 100 бензински, во регионот на Кукуш се затворени веќе 22. И тамошното население ја поминува македонската граница и полни бензин на некои од пограничните бензински станици.

„Државата спие. За секој купен литар бензин надвор од Грција, се губи едно евро во даноци, а само за викенди со полнење бензин на бензинските на премините Евзони и Дојрани државата губи околу 100 илјади литри“, вели Маглусидис. Според него, вкупно од граѓаните на северна Грција, кои полнат бензин на македонските пумпи, државата и грчките бензински се во загуба за 500-600 илјади литри гориво.

Маглусидис бара државата некако да им даде мотив на бензинските во овие региони за да може да продолжат да работи и да почне да се врши построга контрола врз возилата.

Во Драма потрошувачката на бензин, исто така, е намалена за 70-80 проценти. Досега се затворени четири бензински, а 20 отсто од сите бензински се на работ на затворање. Доколку не дојде до намалување на данокот, од тамошните бензински се жалат дека нема да им се најде спас. Бензинските од другата страна на границата се отров за нив.

Покрај македонските, за Грција кошмар се и бугарските бензински станици. Профитот на бензинските во Серес е загрозен, бидејќи некогашните клиенти - граѓаните и камионџиите што поминуваат од Бугарија низ регионот на Серес веќе не се заинтересирани да полнат бензин кај нив. Поранешните подобри цени и гориво во Грција за Бугарите сега се минато заедно со околу 250 затворени бензински пумпи во Серес.

„Капитал.гр“ повикувајќи се на податоците од Европската комисија, пишува дека Грција има најскап бензин, со просечна цена едно и пол евро за литар бензин, додека за споредба, во Македонија и во Бугарија цените се поевтини за 40-50 евроценти за литар.


#
Статијата е прочитана 3726 пати.

Испрати коментар

Од: BgMak
Датум: 24.08.2010 08:25:09
Globalizacijata e neprijatel na skapciite. Vcera na polovnite vozila vo Makedonija, denes na naftata vo Grcija i na cigarite vo Bugarija.
Од: citatelka
Датум: 24.08.2010 08:29:41
Pa dali grcite slusnale za slobodna trgovija? Ili i za ova ke bidat zastiteni kako zagrozeni ziteli na Evropa. Redno e veke da sfatat deka ziveele vo iluzii i deka se dlaboko vo kriza. Dali nasata vlada po taa logika treba da vovede merki protiv sopingot vo Solun bidejki kaj nas golem broj na brendirani prodavnici se zatvorija ili pak treba da gi subvencionira bidejki popustite vo Grcija se pogolemi?
Од: makedonec
Датум: 24.08.2010 11:27:21
kako i sekogas Македонија e dezuren vinovnik za problemite vo sosednata ni Grcija.HaHaHaHa
Од: sasho
Датум: 24.08.2010 13:31:49
A koga nie trosime pari kaj niv nema veze - toa e normalno. Im ja izgradivme Leptokarija i Platamona i sega koga potrosija nekoja para kaj nas placat li placat...Ama ajde sega EU ce im dade uste 100 milijardi eur kolateralna steta zaradi benzinot od Makedonija a nas sankcii i najverojatno naredba da go poskapeme benzinot za da gi spauvame Grcite
Од: cane
Датум: 24.08.2010 17:19:39
.."Im ja izgradivme Leptokarija i Platamona i sega koga potrosija nekoja para kaj nas placat li placat"... Da, im gi izgradivme so "paradajz" turizam. Ajde mislete sto kazuvate. Nie navistina odevme masovno vo Grcija no trosevme "frugalno".

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонски културни брендови
Сдсм ја обвини власта дека н�� ја исполни ветената економска преродба
Игри околу Санџак
Владиката Петар не успеа да воведе старателство врз црквите во Австралија
Куќните совети ќе плаќаат радиодифузна такса?!
Рудари чекаат спас на 700 метри под земја
Груевски - четири години премиер (1)
Дорис Пак му се заканува на претседателот Иванов
Стил
Македонија европски феномен во невработеност