Број 2789  среда, 17 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Пресудата за „Тифани“ стигна до Апелација

Во Апелациониот суд во Скопје вчера беше одржана јавна седница по поднесените жалби на пресудата што во февруари годинава беше донесена против ексдиректорката на УЈП, Петра Митева. Според мислењето на адвокатот Стеван Павлевски, пресудата е контрадикторна, а од преземените постапки не била причинета штета. Митева пред судот рече дека со договорот што бил постигнат не била причинета штета, а со отворање судска постапка против неа само е нарушен нејзиниот углед и здравје.

Петра Митева се товареше дека донела решение за набавка на административно-деловен простор за потребите на УЈП, за што склучила непосредна спогодба со Љупчо Палевски за објектот „Тифани“, кој се' уште не бил изграден. Со првостепената пресудата Митева беше обврзана во рок од три месеци во државниот буџет да уплати 35 милиони денари, односно износот за колку била оштетена државата. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 420 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Празната судница го одложи стартот на процесот за првиот хашки случај
Продавал туѓи станови во Скопје и во Охрид
Уапсени браќа-дилери на дрога
Фатен избеган затвореник од битолскиот затвор
Украл половина тон челична конструкција
Македонец загина во сообраќајка во Србија
Полицаец фатен на дело со поткуп од 5 евра