Број 3267  понеделник, 26 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Ламба со ликот на Александар Македонски пронајдена на Цареви Кули

При археолошките истражувања, пронајден е и накит од хеленистичкиот период

СТРУМИЦА - Годинашните истражувања на археолошкиот локалитет Цареви Кули кај Струмица стартуваа со интересни и вредни наоди од некрополата, која се наоѓа на јужниот рид од локалитетот. Најинтересна за струмичките археолози е ламбата со претстава на Александар Македонски, која најверојатно потекнува од доцниот антички период.

„Меѓу прекрасните ламби што се појавија при ископувањето на некрополата е и ламбата или луцерна, како што велат археолозите, со уникатна претстава на Александар Македонски. Се работи за некоја реминисценција на Александровите победи или за некоја претставена алегорија. Засега наодот е уникатен, не сум видел таков на други места и претпоставувам дека е изработен во работилниците во Солун или, пак, во други работилници во соседството. Не верувам дека потекнува од овие краишта, туку е донесен од некој богат член од некое семејство на тогашниот Тивериопол“, изјави Зоран Рујак, раководител на истражувањата.

Освен ламбата со претстава на Александар Македонски, на истиот локалитет е пронајден и златен накит, обетки и прстени. Според Рујак, се работи за хеленистички накит, а златните примероци укажуваат дека Струмица, односно тогашниот Астраион, во вториот век пред нашата ера бил развиен трговски центар, со богата популација и комуницирал со Солун и со другите градови во соседството, како што Вардарски Рид и Исар Марвинци, кои исто така годинава се истражуваат.

Најновите археолошки наоди на локалитетот Цареви Кули се од некрополата што се наоѓа на јужниот рид и која има голем распон на погребувања, почнувајќи од 2 и 3 век пр.н.е., па се' до 13 век од н.е..

Претходно овој локалитет, како и останатите во југоисточна Македонија, беше цел на дивите копачи, а од 2007 година се реализираат интензивни археолошки истражувања. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 1652 пати.

Испрати коментар

Од: nacional-patriot
Датум: 26.04.2010 04:30:20
Bre,ne veruval deka predmetot e od ovie kraista.Zaev li te natera da go kazes ova?Sigurno ne ti e prijatno sto se otkri ova,bidejki se plasis da ne gi nalutis onie vo Atina.
Од: Arheolog
Датум: 26.04.2010 12:03:39
Luge, na lampata e bozicata Atina, ne Aleksandar! Abe kako drogirani da ste, segakde Aleksandari gledate!
Од: mami
Датум: 26.04.2010 12:35:13
odnesete gi gostite od Grcija da vidat sto se e najdeno vo nasaa Makedonija.Mozebi treba da se obrne pogolemo vnimanie na se sto e najdeno i da se pokaze preg komsiite-agrcite i pred celiot svet za da vidat deka Aleksandar bil i e Makedonski.
Од: До: nacional-patriot
Датум: 26.04.2010 14:15:49
Така е! Па се гледа дека лично Аце,своерачно го изработил предметов, а Аце е наш и ние сме негови!Непријатно му е на чо`екот!Сè, поради страшната Атина и уште пострашниот Заев! Ма шампион си! Туку, ај раскажувај ни уште, за Българското потекло на Македонските Античари!

Најди! во Утрински
Култура
Плејада ексклузивни автори повторно во Кан
Првата „Парада на танцот“ со 1.000 танчери од земјава
Урсула Егли, жената-гума што си поигрува со публиката