Промоцијата на повлечената енциклопедија на МАНУ во Киев пред членовите на Националната академија на науките на Украина што ја направи академик Блаже Ристовски, сепак, бил самоиницијативен, или поточно речено, самоволен чин.
Однесувањето според принципот на слободен стрелец, многу ги налути македонските научници, кои, иако сите состаничења беа откажани за по одморите, процениле дека претседателството под итно мора да се состане и да се огради од постапката на својот колега.
Да се промовира нешто од што МАНУ се засрами и го повлече зашто станува збор за издание што повеќе штети отколку што користи, е постапка без преседан и воопшто не беше за премолчување.
Всушност, во случајов најмудрите глави го направија најисправниот можен потег зашто тоа што академик Ристовски бил редактор на „капиталното дело“, кое врие од неточности и пропусти и селективни пристапи, во никој случај не му дава право да го земе под мишка и да го претставува низ светот. Двотомната енциклопедија е државен проект, десет години финансиран од буџетот, а не платен од сопствен џеб.
Факт е дека воопшто не смееше да ни се случи ваков научен кикс и близу половина милион евра да се дадат за проект што некој, очигледно, или несериозно го сфатил или се преценил, па мислел ќе прави што сака.
Меѓутоа, вистина е дека македонската енциклопедија се појави и се повлече. Живееше само десет дена и тоа е огромен срам за македонската наука. Кој и зошто е виновен, напишани се купишта новинарски текстови. Сега е важно дека целата прикаска одново се заживува.
Оттаму, јасно е дека постапката на академик Блаже Ристовски ни нанесе нови штети и срам и ќе внесе непотребни забуни пред научната јавност во Украина. Се разбира, доколку држиме до себе и доколку ги почитуваме одлуките на институциите на кои им припаѓаме.
А, Блаже Ристовски не само што е дел на Македонската академија на науките и уметностите туку со децении е во нејзиниот врв, што ја прави одговорноста уште поголема.
Има ли поголем срам од тоа што МАНУ вчера се огласи со соопштение во кое ја осуди постапката на својот член. Поточно, кажаа дека „Извршниот одбор со жалење констатира дека академик Ристовски со извршената неовластена презентација на македонската енциклопедија во Киев постапил во спротивност со ставовите на претседателството и на собранието на МАНУ“.
Згора на се', појаснија дека од академикот очекувале дека, како што им ветил, самиот во јавноста „ќе ја расчисти противречноста на своите изјави дека извршената презентација на македонската енциклопедија е направена со знаење на претседателот или на органите на МАНУ“.
Навистина, сешто се случува во оваа наша Македонија. На академик Ристовски не му беше доволно што беше редактор на едно неупотребливо издание, од кое многумина, па и тој, најверојатно, не излегоа со празни паричници, туку прикаската ја тера натаму. Сакаше одговорн��ста да ја сподели со претседателот на МАНУ и со нејзините органи. Сепак, овој пат не помина тоа.
Финансискиот дел од изготвувањето на „капиталецот“ академиците ќе го разгледуваат наесен, а дали потоа сите ќе имаат мирен сон или не, допрва ќе се види.
Ќе мора да се објаснат многу работи, меѓу другото, и како било можно едно лице да биде специјалист за десетина најразлични научни области и да се јавува во улога на автор на близу илјада определници.
Но, ако се сака, за се' постојат надлежни служби, па и за вакви „ситници“. Можеби, ова што се случи во Киев беше само добар замаец работите, конечно, да тргнат кон подобро.
cazno e deka taa grupa"vrvni naucnici' se pocastija so 300 000 evra. toa sto vo klinicki nema toalet papir ne e mnogu bitno. sega grujo da pocasti edna nova grupa naucnici na MANU so edno 500 000 evra za da napsat 100 str. za nego
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 06:42:02
Па добро, можно ли е на службен пат да се оди без знаење на оној кој го одобрил патувањето,кој ги избројал парите а конечно и тема на состанокот на кој присаствувал?
Платите на обичните смртници во Академијата се смртнички но Академците се однесуваат како паши? Има ли пилот во авионот?
Од: makedonec-makedonec
Датум: 09.06.2010 07:19:40
Mnogupati se reklo i ne veruvav, no sega veruvam.Makedonecot patel i pati od Makedonec.Do koga ke si gi vadite ocite.Namesto da mu pruzite raka na covekot i ste gordi na niv, vie ocite ke im gi iskopate...
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 09.06.2010 07:48:56
Bi sakal mnogu da ja procitam Enciklopedijata izdadena neoddamna od MANU. Vo edno sakam da vidam dali Akademik Blaze Ristovski tolku loso napisal za Biljana novinarkata od Utrinski...Od kade kaj nea tolku omraza kon nesto napisano od najvisoka ustanova na edna drzava??? NIkoj, ama apsolutno nikoj od nas ne e kadaren da ospruva fakti koi se doneseni na baza na dolgogodisno istrazuvanje od Akademski istoricari. Ajde ti Biljana i drugite osporuvaci najdete kontraargumenti i ponistete ja istata. Samo posle nejzinoto citanje moze da donesete svoe mislenje. I togas i sekogas ke se najdat odredena grupa na citateli navredeni od najrazlicni osnovi. Vaka frlanje so drvja i kamenja se samo licni frustracii od najrazlicni pobudi.
Од: mihajlo
Датум: 09.06.2010 08:58:30
Tocno e toa de4ka Enciklopedijata ne se prodava,no isto taka e tocno deka vo pisana ili elektronska verzija taa e vo dosta makedonski domovi.Toa ne moze nitu da se negira nitu da se izbrise.Niz istorijata ,svedoci sme za razni zabrani na golemi dela od liznosti koi denes nesebicno gi velicime.Potegot na Akademik Blazevski,mozebi od zvanicnici se osuduva,no ostanuva dilemata na onoj broj Makedonci koi "precutno",go slavat ovoj poteg.Vsusnost od denot koga se obznani za ova delo,kaj makedonskata javnostnastana podelenost.Taa podelenost postoi i denes,sto vsusnost prestavuva i denesen odnos kon cinot na Blazevski vo KIev. Ne mal broj od nas se gordeat so se ona sto pocituvaniot go pravi za onie za koi smeta deka taka trba da bide.Sekoja predvremena osuda prestavuva osuda bez sudenje!.
Од: Реган
Датум: 09.06.2010 09:32:56
Госпоѓата Јовановска е дежурен пишувач на текстови во кои се напаѓа Македонија.Секој ден!Вистински професионалец.И’ дале задача и таа ја спроведува во буквална смисла!
Од: jordan
Датум: 09.06.2010 09:54:59
Gi prasuvam site koj bi sakal da ja kupi enciklopedjata?
Pa taa se prodava vo nevideni formati!!!
A znaete zasto zatoa sto fantasticno nesto za koe sonuvale generacii i zatoa sto e MAKEDONSKA!!!
kako mozat da negiraat nesto sto e MAKEDONSKO!
Makedonija e Vecna!!!
Од: nekoj
Датум: 09.06.2010 10:17:45
Toa e onaa istata enciklopedija kade informaciite bea sobirani i od wikipedia? :D ha ha ha
Kvazi narod, kvazi drzava, kvazi akademici.
Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 09.06.2010 10:28:07
Пријателе “македонец_макеонец“, претеруваш,овој пат иако имаш право дека дека ние сме еден против друг.Тоа е и демократија! А околу оваа ЕНЦИКЛОПЕДИЈА само да Ти го кажам ова: Ако на мајстор му платиш да ти направи СЕДЛО, а тој ти испорачува САМАР и, уште убедува дека е тоа нјдоброто седло, нешто многу не е во ред и со мајсторот и со калфите и чираците!,
Од: imer-minhen
Датум: 09.06.2010 10:52:48
So svoi pari,na svoe ime ,ima pravo Blaze da laze.Ali ,nikako vo imeto na Manu i porezni pola milion Evra
Од: NIN
Датум: 09.06.2010 12:49:38
Не знам зошто авторот го повторува неточниот и излитен наслов „повлечена енциклопедија“. Секое дело, па дури и новороденчето, не можеш да го вратиш назад, а да го уништиш (повлечеш) му доаѓа како да си го убил - што е против законите за слободта на изразување. Веројатно најдобар пример се ТВ и радио емисиите кои пратени во етер, не можеш да ги повлечеш. Можеш да демантираш со ново издание (албанците тоа и го направија), а науката, критиката, историјата ќе суди за квалитетот (за тоа кое новороденче израснало во достоен претставник на човештвото). Да било поинаку веројатно библијата ни куранот не би преживеале, бидејќи претпоставувам дека биле забранувани, повлекувани. Така да авторот може да полемизира со Енциклопедијата, но неможе да очекува некој друг да му ја олесни работата со „повлекување“.
Едиторијал
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: [email protected]