Број 2861  сабота, 13 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Новата методологија може да ја остави Македонија без струја

На ЕВН ќе и' се признаваат нереално ниски трошоци, поради што ќе остане без пари за набавка на струја од ЕЛЕМ

Маја Томиќ

Практичната примена на новата методологија за пресметка на цената на струјата што ја подготви Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) може да го доведе во прашање снабдувањето со струја на потрошувачите. Бидејќи со неа ќе се признаваат голем дел од трошоците на ЕЛЕМ за сметка на малиот процент признати трошоци на „ЕВН Македонија“, што ќе има финансиски последици врз компанијата. Пред се', се доведуваат во прашање нејзините идни инвестиции во мрежата, но и плаќањето на обврските за набавка на струја од ЕЛЕМ, бидејќи дистрибутерот може да се доведе во неликвидност за покривање на тековните обврски.

Од „ЕВН Македонија“ се незадоволни поради лошата распределба на признати трошоци, односно на големата поддршка која со методологијата и' се дава на државната ЕЛЕМ, наспроти ограничувањата на ЕВН, која исклучиво се финансира од наплата на сметките на струјата. ЕЛЕМ во иднина може да пријавува до РКЕ се' поголеми трошоци што ќе и' бидат одобрени и врз основа на тоа да бара и зголемување на цената на струјата.

„Суштинските делови ги нема во оваа методологија и може да дојде до загрозување на позицијата на ЕВН на пазарот на енергетика. Доколку на ЕВН не и' се признаат одредени тарифи, може да се предвиди неликвидност на фирмата, а со тоа и запирање на инвестициите, како што е онаа во ’Бунарџик‘. Но, ќе се загрозат и сите обврски што ги има ЕВН кон ЕЛЕМ“, изјави Карл Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на „ЕВН Македонија“, потсетувајќи дека компанијата досега инвестира 90 милиони евра во мрежата.

Новата методологија за пресметка на цената на електричната енергија најверојатно ќе биде готова за еден месец, а РКЕ и претставници на енергетските компании МЕПСО, ЕЛ��М и „ЕВН Македонија“ вчера одржаа подготвителна седница на која ја разгледуваа предложената методологија.

Според претседателот на РКЕ, Славе Ивановски, методологијата не би требало да значи зголемување на цената, туку таа може да даде можност и за нејзин пад. Тој рече дека во иднина на потранспарентен начин ќе се пресметуваат трошоците, а РКЕ ќе има подобар увид во нивната реалност. Тоа би значело дека цената на струјата може и да се намали, бидејќи кога ќе се признаат реалните трошоци на компаниите, тогаш ќе се види колку тие инвестирале или не и дали имало или немало толкави трошоци колку што претставиле во своите извештаи. „Се обидовме да направиме транспарентен пристап, со многу попрецизни податоци во однос на она што се прикажува од регулираните компании како инвестиции, така што сметам дека ќе имаме и многу пофер однос“, рече Ивановски.

Инаку, со новата методологија и понатаму на „ЕВН Македонија“ ќе и' се признаваат загуби на струја од 11 проценти, иако од компанијата побарале поголем процент што ќе биде признат во цената. Од ЕВН побарале и ризикот на земјата да се земе предвид при определување на цената на струјата, односно нивните досегашни вложувања да се вреднуваат со одредена стапка на ризик, а забелешки доставиле и во однос на признавањето на инвестициите, но тие не биле прифатени од РКЕ.

„Она што досега е дадено како нацрт во методологијата е сосема доволно да им се обезбеди нормално работење на компаниите“, изјави Ивановски, додавајќи дека методологијата е организирана согласно со обврските од Законот за енергетика.

Инаку, Ивановски се' уште ја извршува функцијата директор на РКЕ, иако мандатот му е завршен пред неколку месеци.

Законската регулатива предвидува усогласување на методологијата на секои три години и тоа требаше да се случи до крајот на 2007 година. Одложувањето за две години е поради бавноста на другите законски измени со кои треба да се уредува либерализацијата на пазарот со струја.

Од „ЕВН Македонија“ се надеваа дека новата методологија, за разлика од претходната, ќе ги прикаже реалните трошоци во работењето и ќе овозможи и формирање реална висина на цената на струјата.


Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar
Датум: 13.12.2008 09:33:06
e sega se brani EVN koga ke vidis site kompanii tri sto se nikoj ne misli za narodot dali ke ima kvalitet na elek.energ.,samo da drpnat za sebe,avstricite za niv,mepso za politickite partii,a toj panovski ,se javuva i zbori gluposti.Mislam deka treba da i se veruva na vladata sega,sto bi pravela EVN da bide izvoznik na nafta od 150$za barel padna na 50$ nemase li da proizveduva nafta.Ako ne im cini neka si odat.
Од: ВМК
Датум: 13.12.2008 12:23:07
Одлично! Кога ке останеме без струја ке остајме и компј��териве,ке излеземе на улица и ке почнеме како грците да си ги бараме своите права.Напред политико владина грешна ти душа ситна....Позз. до утрински....
Од: збунет??????????/
Датум: 13.12.2008 12:48:09
Дали некој може да ми објасни зошто секој месец плаќаме 33,33% тарифни единици и каква категорија се тие(најверојатно измислена)????
Од: lun
Датум: 13.12.2008 15:23:00
odgovor za zbunetiot tie 33.33 se strujata sto jakrademe i tie ja zgolemuvaat vrednosta za tolku zato braka napred so grabezot koj vsusnost i nee kradejne bidejki tie taka ne kradat
Од: od m
Датум: 13.12.2008 16:26:43
Aman od ovie regulatori i stranski kompanii.Za parnoto pred dvee godini baraa 25% im dadoa 2.5%a vidi godinava im dadoja 78% i toj glavniot regulator kaza zato sto naftata se pokaci za 48%Koga naftata padnba sega ne e naftata gasot bil 70%energens do Nova godina so fiksna skapa cena. Tesko narodot.
Од: vesna
Датум: 13.12.2008 18:48:44
Na EVN ne mu bile priznati trosocite vo celost???!!! Koi crni trosoci i mnogu me interesira dali i kolku sredstva vlozi EVN otkako ja kupi distribucija. Ili samo edno NISTO. Bidejki sekojdnevno imame ispadi vo mrezata, ocigledno e deka nisto ne se vlozuva a postojano samo nesto se bara
Од: Stefan
Датум: 13.12.2008 19:34:09
Напред браќа крадете струја оти тие досега не испокрадоа до гола коска. А кога ке дојдат да исклучуваат со мотки надвор искочете нека исклучат ако смеат. И прво во собранието и во владата нека ја исклучат па потоа кај народот. Ова влада нема исав веќе. Ке дојде ден кога ке мора со мотки да си го браниме своето, друг начин нема.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Со девалвација ќе изгубат сите
Промени во раководната структура на ИМБ
Новогодишни честења за корисниците на „Т-мобиле“
„Ало“ - секој втор месец без претплата
„Т-моб��ле“ не ја коментира истрагата за проневера
„Ки естејтс“ ќе гради недвижен имот кај нас
Разговори со тројца во припејд за 0 денари од ВИП
Да се искористат обновливите извори на енергија
Нов возен ред на железницата
„Џенерал моторс“ пред банкрот, „Крајслер“ чека ред
И Русија влезе во рецесија