Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Крајот на весниците?

Марие Бенилде

Весниците крвават, но на долги патеки тоа може да биде позитивно

Новинарите сега се во иста ситуација како и работниците во челичарниците во 1970-тите години: предодредени се да исчезнат, но тие не го знаат тоа.

Тоа беше процена на банкар од „БНП Парибас“ на конференцијата на Француската национална новинска федерација во Стразбур во 2006 година. Неговите зборови предизвикаа сензација, но статистиката го поддржа: со затворање на повеќе од 2.300 работни места само лани, француските пишани медиуми минуваат низ криза слична на онаа во Америка.

Секој национален дневен весник во Франција, со исклучок на спортскиот весник „Л’екип“, загуби пари. Во САД сега во весниците работат само 300.000 луѓе, во споредба со 415.000 пред една деценија. Според менаџмент-консултантите „Беин енд компани“, Интернетот го зголеми својот дел на глобални профити во креативните индустрии од 4 на 22 проценти во последниве десет години, на сметка на весниците, кои забележаа пад во своите профити од 40 на 14 проценти. Јавноста, исто така, стана разочарана од содржината обезбедена од новинарската елита, која го загуби својот кредибилитет. Весниците се' повеќе се сметаат за политички пристрасни и незаинтересирани за потребите на нивните читатели.

Интерактивната мрежа охрабри огромен број луѓе да презентираат сопствени фотографии, видеозаписи, коментари и анализи. За сториите како цунамито во Азија или нередите во Иран, како што информираат многу очевидци, факти и мислења доаѓаат од блоговите и сајтовите за дружење наместо од традиционалните медиуми. Интернетот ја одредува агендата на вестите, а весниците сега се принудени да ја оценуваат важноста на сторијата од тоа колкаво покривање има на Интернет. Наместо сопствената содржина да се направи покарактеристична за да се издвојуваат на Интернет, весниците сметаат дека одговорот лежи во тоа да се биде брз и сеприсутен. Тие се обидуваат да бидат насекаде во секое време: на блоговите, на видео, линковите за пребарувачите како „Фејсбук“ и „Твитер“. Весниците им се натураат смартфоните, како што се „ајфон“ на „Епл“: тие се надеваат дека ќе ги натераат корисниците на мобилните телефони да плаќаат за вестите, бидејќи Интернет-корисниците се премногу навикнати да ги добиваат бесплатно. Но, зошто да се плати за добивање вести на мобилен телефон, кога 90 проценти од 100.000 достапни апликации за телефон се бесплатни?

Во меѓувреме, преостанатите новинари се очекува да работат повеќе и подобро. Ризикот е што тие ќе се растргнат себеси со многу мултимедијални задачи наместо да се концентрираат на трагање по оригинални стории и невообичаени агли на гледање на работите. Производството на вести никогаш досега не било под поголема опасност. Кризата доведе до намалување на дописниците од странство, на уредниците и проверувачите на факти, и не толку темелно истражувачко новинарство. Сепак, ако продолжи вработување на не толку искусен персонал и производство на вести со послаб квалитет, тоа ќе оддалечи поголем број читатели од весниците, на тој начин забрзувајќи го нивното пропаѓање.

Дали одговорот може да биде во оддалечување од хартијата и заштеди од трошоците за печатење и дистрибуција? Тешко е да се надоместат трошоците дури и со целосен онлајн-деск, со оглед на омаловажувањето на онлајн-публиката во свет со изобилство од реклами и трошоци за плаќање на дистрибутерите на Интернет. Еден сајт за вести мора да плати 30 проценти провизија ако сака да биде на „Епл“, половина од неговите приходи од рекламите за да биде на „Гугл“, и 70 проценти на „Амазон“ ако сака право на користење на „Киндл“ за е-книги. Издавачите не земаат ништо од приходите што ги собираат пребарувачите од пребарувањата на клучните зборови.

Руперт Мердок, претседавач на „Њус корп“, се закани со отстранување на текстовите од неговите весници објавени на „Гугл“, подоцна во текот на годинава, ако Интернет-гигантот не се согласи да ги дели своите приходи. Тој, исто така, упати апел до издавачите да формираат конзорциум што ќе наплаќа за вестите на Интернет. Но, јасно е дека Мердок нема да ги повлече своите текстови доколку неговите ривали не го сторат истото тоа. Тој знае дека вестите имаат краток рок на траење. Но, „Гугл“ малку би страдал, бидејќи неговите сајтови за вести оправдуваат од 1,5 до 3 отсто од пребарувањата. Некои веруваат дека во наплатувањето е одговорот. Според „Бостон консалтинг груп“, 54 проценти од француската јавност е подготвена за плати за онлајн вестите, особено за локалните, но не повеќе од 4,50 долари месечно, а околу половина од Американците би платиле околу 3 долари. Тоа е мала сума, но вестите на Интернет долго време беа бесплатен, па тоа ќе биде тешко да се смени.

Одговорноста за оваа ситуација лежи делумно кај уредниците на весниците. Тие првично направија нивните сајтови за бидат бесплатни, потпирајќи се на традиционалните приходи од рекламите наместо да бараат комбиниран бизнис-модел. Но, повлекувањето на оние што се рекламираат би можело да има и позитивна страна: тоа може да ги одбие издавачите од рекламите и да ги присили да им се вратат на читателите. Тоа, исто така, би можело да ги прогонува сопствениците на весници што сакаат да прават само профит. Новинарите ќе треба повторно да ја пронајдат иднината за себе. Ова би можело да вклучува соработка со онлајн-публиката. Печатот не може да ги игнорира онлајн-заедниците ако сака да им се обрати на луѓето на Интернет.

Младите луѓе судат за вредноста на информацијата од мрежата пријатели што им ја пренеле, наместо од тоа од кој медиум е објавена. Американците веќе посветуваат 17 проценти од своето време на блогирање и користење на сајтовите за дружење, а само 0,56 проценти на читање на весници на Интернет. Новата генерација информативни сајтови заклучи дека е од големо значење да се има различни извори на финансирање. Во иднина можеби ќе биде можно да им се порача на онлајн-заедниците да спроведуваат истраги, можеби финансирани од непрофитни организации. Дури и концептот за печатени медиуми како јавен сервис добива на поддршка.

Поголемиот пристап до информациите во дигиталното општество може да ја зголеми слободата и да се бори против исклучувањето - ако тие луѓе може да го најдат својот пат низ џунглата. Опасноста е во тоа што ќе развиеме „двобрзински“ Интернет: од една страна, „инфозгоеност“- непрестан проток на информативно примамливи детали, без посебен редослед по важност и бесплатни; а, од друга страна, селектирани информации за оние што ќе платат. Ако медиумите обезбедат вистински општествени бенефити, нивната иднина нема да зависи само од тоа колкав профит остваруваат или од исходот на дуелот меѓу традиционалните медиуми и Интернетот.

(Текстот е објавен во „Монд дипломатик“)


#
Статијата е прочитана 1358 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Mалку услови за вонредни избори
Украина е присутна во Македонија
Зденко
Хаг, ама во Скопје
Студен брак со Тајгер Вудс
Исчезна уште едно дете во Куманово
Ангела се вра��и дома во Штавица
ПовеЌе зони од инвеститори
Веднаш да се гради и „Бунарџик 3“
Местото на писателот мора да биде на Саемот на книга
Нуклeарното вооружување ги собра светските лидери
Во Јегуновце се загреваат печките
Судскиот совет се загуби во партиските предлози
Чевлите се мојот фетиш