Број 2937  понеделник, 16 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Притворен битолски адвокат поради обид да поткупи полициски инспектор

БИТОЛА - Познат битолски адвокат е во притвор откако се обидел да поткупи полициски инспектор со 10.000 евра, наводно, за да го спаси својот клиент од кривично гонење. Но, како на филм, ниту клиентот што требало да го одврзе кесето ниту клиентот не го премолчиле предлогот. Секторот за организиран криминал при МВР, заедно со битолската полиција, поднесе кривична пријава против 60-годишниот битолски адвокат А.Д. под сомнение дека е сторител на кривични дела давање поткуп и противзаконско посредување.

Адвокатот, знаејќи ги овластувањата што ги има со професијата, со цел да се стекне со противправна имотна корист, на клиентот Н.С. од Битола, еден од менаџерите на АД „Транскоп“ – Битола, му побарал парична награда од 2.000 евра за да посредува кај полициски службеник да се запре преткривичната постапка што се водела против него. Според полицискиот извештај, оваа година во неколку наврати се сретнале адвокатот и неговиот клиент, така што Н.С. го ангажирал А.Д. за свој бранител. Користејќи ја ваквата ситуација, адвокатот на 25 февруари годинава се сретнал со инспектор од СВР-Битола кој ја водел постапката против оштетениот и му понудил поткуп од 10.000 евра, со ветување дека 10 отсто од сумата ќе му бидат исплатени до 7 март, доколку го запре прогонот. За обидот на адвокатот полицискиот службеник пријавил кај својот претпоставен. Згора на тоа, подготвил извештај за целата работа, а се консултирал со јавниот обвинител. Истиот ден, адвокатот се сретнал со клиентот и од него побарал 2.000 евра за да ја среди работата што против него се водела за противзаконско отуѓување деловен простор на „Транскоп“ во Белград, Србија. Но, клиентот го пријавил договорот со адвокатот во полиција, по што на 13 март закажал средба со својот законски застапник во еден од рестораните во центарот на Битола, наводно, за да му ги даде парите. Меѓутоа, еврата претходно биле обележани од полицијата: со наредба од истражен судија адвокатот бил претресен и кај него биле пронајдени парите за поткуп. Еврата се одземени заради документирање на случајот, а адвокатот е притворен. (А.Б.)


Статијата е прочитана 975 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 16.03.2009 00:19:57
Многу добро изведено.
Од: laze
Датум: 16.03.2009 08:47:47
klientot od transkop e kriminalec toa gi znaat site vo transkop i cela bitola - cel zivot se vadi so vakvi namestajlki
Од: Davor Kamenko
Датум: 16.03.2009 10:20:36
He he he!!! Go prijavile dvajcata!!! I klientot i policaecot!! Bravo!!! STOP ZA MITO I KORUPCIJA!!! Neka se naucat lugjeto deka toa veke ne pali!!! BRAVO!!!
Од: Tale
Датум: 16.03.2009 13:29:57
Mackaat oci na naivnici. Kako da od vcera se slucuvaat vakvi raboti! Korupcijata kaj nas vladee od naseto postoenje!! Sega ke glumime pravna drzava. Stavame boja na sivata slika za Makedonija

Најди! во Утрински
Хроника
Запалено македонското знаме
Наскоро судење на обвинетите за убиството на специјалецот Марковски
Сексуално малтретирани деца на возраст од седум и осум години
Почина скијач од Косово на Попова Шапка
Двајца загинати кај Крива Паланка
Одземени млеко и павлака
Нападнат боксерски делегат
Шверцери останале без цигари и маска