Број 2843  петок, 21 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Отпретани сведоштвата на Македонците во Големата војна

Писмата, картичките и документите лежеле во една канта за жито запретани во лојзе во близина на Ќустендил

Светлана Унковска

Низ страниците на монографијата „Отпретани сведоштва“, во издание на Фондацијата Институт отворено општество, засекогаш ќе останат пренесени војничките писма на голем број Македонци- учесници во Првата светска војна. Иако, историјата ги бележи фактографски настаните, овие над триста писма, картички и документи напишани од македонските војници од Кратово и Кратовско за време на Големата војна адресирани до нивните семејства, остануваат неми сведоци за ужасите на војната. Покрај писмата, во обемното издание, кое е богато илустрирано со автентичните картички, но и со фотографии од нивните потомци, се внесени и сеќавањата на нивните семејства, кои се пронајдени по спроведеното теренско истражување.

Како што појасни историчарката Јасмина Најдовска, која што изминативе две години работела на транскрипцијата на писмата од Кратовскиот, Пробиштипскиот и Злетовскиот регион, тие, иако се напишани на обично картонче, на скинато парче од кутија за чевли, претставуваат потресни сведоштва за едно време. Писмата, картичките и документите со години лежеле во една канта за жито запретани во лојзе во близина на Ќустендил, откако претходно нив ги спасил штипјанец кој бил назначен да го исчисти Воениот архив на бугарската армија по Втората светска војна. Наместо да ја уништи збирката, тој одлучил да ја зачува и на тој начин да спаси парче од трагичната судбина на македонските војници. Оваа збирка пред повеќе од три години ја откупи ФИООМ,а лани беше организирана и изложба, која предизвика голем успех и внимание.

„На повеќето картички испратени во Македонија од поранешни војници се наоѓа црвен печат што го удирале австроунгарските власти на кој со големи букви на германски стои името Македонија. Се прашувам дали печатот во која е завиено името Македонија не ги симболизира апсурдите низ кои се движат и сегашноста и историјата на Македонија“, истакна во своето обраќање историчарката Ирена Стефоска.

„Воените писма на чудесен начин направија спој на минатото и сегашноста, а верувам и на идн��ната, бидејќи отворија пат за нови идеи“, подвлече претседателката на УО на ФИООМ, Гордана Дувњак, на вчерашната промоција на ова издание.


Статијата е прочитана 768 пати.

Испрати коментар

Од: ВМК
Датум: 21.11.2008 00:53:27
Првата балканска војна,па кој вели дека Македонија не била Македонија,па е пишувало на писмеата,односно ковертите,нормално ама во 1913 година е поделена,па од таму не е цела...тоа се оспорува и се бара географска одредница.Понекогаш се става народот во заблуда,а ние како и секој човек што си е сака татковината Македонија ни значи повеке од било што и паѓаме на финтата наречена политичар кои владее 17 години,со само еден измислен и натурен спор од политичарите и грците...Народот треба да прогледа некои работи...да свати дека има само еден живот и тој треба да му го посвети на своето семејство и тоа да живее убаво и самиот човек како единка да биде горд што е Македонец,нормално дека е Македонец па бил и од Вардарска,Егејска,Пиринска....геогрфијата е важна...ама и разумното расудување....дека живееме со пагански политичари сите овие години...Позз.
Од: dedo dimo
Датум: 21.11.2008 11:45:13
Makedonskiot narod postoel i postoi poveke od 2500 godini a ke postoi za sekogash .Problemot nee vo narodot ,problemot e vo nashite politichari ,koj samite ne znaat shto se ili se prodadeni dushi . MAKEDONIJA sto dojde vo vakvi problemi ne se krivi MAKEDONCITE ,krivi se tie sto vladeea so nashata drzava .Nie obichite luge se prepirame i sradame od niv .Drugo luge bidete slozni ne se gnjavete - PRAVDATA KE POBEDI . Samo strpenie e spasenie Nie stradame so stotici godini i izdrzavme pa ushte malku ke pochekame .SONSETO OD KUTLESH PONOVO KE UGREE NAD MAKEDONIJA ALI OVAJ PAT CELA ,samoto vreme go pravi svoeto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Нормализацијата е најдобриот пат
ЕЛЕМ ги почна кадровските промени во РЕК
СОНК се закани со генерален штрајк на образованието
Претепан првиот човек на „Конгреси и башкимит“
САД останува за Македонија во НАТО
Откази за 12 вработени во УЈП - Тетово
Здрава конкуренција во високото образование
Кампања за етичкиот кодекс
Владата ја исфрли Струмица од Буџетот