|
|
|
|
|
|
Заштеда за греење
![](WBStorage/Articles/7C3A928A8A976F408B2FEE52A9084155.jpg)
Со поставување топлински распределители и термостатски вентили, заштеда од 62 до 115 евра годишно
Од 62 до 115 евра може да се заштедат годишно за греење ако се постават топлински распределители и термостатски вентили, покажа пилот-проектот „Распределба и наплата на топлинската енергија на ниво на стан“ што го спроведе „Снабдување Исток“ во изминатата грејна сезона 2010/2011.
Според пилот-проектот, инвестицијата би била околу 50 евра за грејно тело, или 250 евра за стан со пет грејни тела, а враќањето на вкупното вложување за период од 2,5 до 4 години. Притоа, заштедата зависи исклучиво од однесувањето на потрошувачите, односно од тоа колку штедат.
Проектот на„ Снабдување Исток“ опфати објект со вкупно 8 стана и еден деловен потрошувач. Во нив прв пат беа поставени топлински распределители и термостатски вентили или вкупно 81 грејно тело. Опремата беше инсталирана пред почетокот на грејната сезона, а се направија две отчитувања, на крајот на ноември и на крајот на декември.
Распределителите не мерат потрошена енергија, туку ја регистрираат емисијата на топлина од радијаторот. Индивидуалната потрошувачка на секое домаќинство се пресметува како удел од вкупната потрошувачка на целиот објект.
Од 8 потрошувачи, топлинска енергија заштедиле 5 во однос на моделот за распределба и наплатата по квадратен метар. Најголемата заштеда регистрирана кај еден потрошувач е 24 отсто, или 10,851 денар.
На крајот од грејната сезона 2010/2011 „Снабдување Исток“ на сите пет потрошувачи што заштедиле, за да ги стимулира, им достави коригирана фактура, согласно остварената заштеда, додека на останатите три им достави фактури согласно со постојниот модел за распределба и наплата на топлинска енергија, и покрај тоа што имаа потрошено повеќе топлинска енергија.
Во наредниот период, за грејната сезона 2011/2012, „Снабдување Исток“ планира да опреми уште два објекта за мерење и за наплата на топлинската енергија на ниво на стан, но општ е впечатокот дека интересот е многу мал.
Во изминатиот период распределбата на топлинска енергија се вршеше согласно грејната површина и потрошувачите не беа мотивирани да штедат. Ако се земат актуелните цени на топлинската енергија, просечниот годишен трошок за греење на стан со 55 метри квадратни грејна површина е 480 евра.
Пилот проектот што го спроведе „Снабдување Исток“ беше финансиран од фирмите „Техем“, производител на топлински распределители, и „Данфос, производител на термостатски вентили. (МИА) |
#
|
Ста��ијата е прочитана 1212 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 25.06.2011 00:42:00 |
|
Не само на греење,може да се зашдети и од доста други штедења.Нашите функционери имат по неколку мобилни телефони и само со еден клик може да решат многу проблеми и тоа од дома или од кафана.Така ке останат пари уште за многу,многу нови споменици.Тргнувајки од премиерот,ке се заштеди на греење,осветлување,лични возачи,помалку обезбедувачи и ред други работи.Но што да се прави кога нашите функционери се однесуват како родители алкохоличари.Пари за ракија и цигари има ама пари за млеко и леб нема. |
|
|
|
|
|
|
Од: Корисна информација |
Датум: 25.06.2011 04:08:18 |
|
Во мојата зграда станарите главно ја разгледуваат опцијата да го исклучат парното. Има станови во кои живеат самци, а другите и покрај релативно високите плати сметаат дека им е скапо поради тоа што се незадоволни од греењето и вклучуваат греалки. |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзекмен |
Датум: 25.06.2011 08:17:21 |
|
Прво да се реши мерењето, да дозволи Топлификација да користат 1 мерач на влез во станот на тие што имаат Едноцевен систем, после нивно е внатре во станот како ќе штедат.
Смешно е да се рекламира заштеда ког не е решено мерењето, се мери и плака на ниво на потстаница, а многумина имаат пуштено додатна квадратура, некој отвара прозори а друг да штеди |
|
|
|
|
|
|
Од: vo zima smrznat |
Датум: 25.06.2011 11:42:08 |
|
А како да штедиме кога и она греење што го пуштаат не е доволно? За да штедиме со исклучување на греењето, треба да греат 24/7. |
|
|
|
|
|
|
Од: Игор |
Датум: 25.06.2011 15:05:16 |
|
Оваа анализа би важела само во случај греењето да работи 24/7.
Во оваа ситуација периодот на поврат е 15 години. |
|
|
|
|
|
|
|
|