Стратегијата на Андов за името чека да поминат изборите
Стратегија за наметнатиот спор со Грција е обврската која Собранието ја усвои како Резолуција во ноември лани
Тамара Грнчароска
Потребата од изготвување државна стратегија за решавање на наметнатиот спор со Грција е обврската која Собранието на Македонија ја усвои како Резолуција во ноември минатата година. Денес, четири месеци потоа, на дневен ред на собраниска седница се' уште не се најде ниту една предлог-стратегија за решавање на спорот со Грција.
Засега, до претседателот на Собранието е доставена само една предлог-стратегија изготвена од пратеникот и поранешен спикер на парламентот, Стојан Андов. Иако неговиот предлог првично требаше да се најде на дневен ред на Собранието на 12 февруари, во консултации со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, тоа е одложено за „помирни времиња“ т.е. по изборите.
Андов, не сакајќи да детализира околу својата предлог-стратегија, за „Утрински весник“ изјави дека на тоа се решил поради обврската што ја презеде Собранието за утврдување државна стратегија за спорот околу името со Грција, но и поради својата функција на парламентарен спикер во времето кога се случуваа работите и се носеа документите кои денес ја канализираат Македонија во спорот.
„Се распрашав кај моите колеги-пратеници и разбрав дека никој не работи на документ за стратегија, а тоа како обврска на законодавниот дом и моја, како поранешен претседател на Собранието, бидејќи ги знам тие работи, ме обврза да направам стратегија“, ни изјави Андов. „Нудам стратегија која може да помогне да се уочи во која правно-политичка ситуација се наоѓаме како држава, врз основа на документите што сме ги усвоиле“, вели Андов.
Насоките што ги дава Андов се содржани во 12 точки и се засноваат врз Извештајот на т.н. Бадинтерова комисија, резолуциите на ОН од 1993 година за зачленување на Македонија во таа организација и за решавање на разликите околу уставното име на нашата земја со Грција, како и Привремената спогодба со Грција од 1995 година.
Во предлог-стратегијата се наведува дека Македонија треба да води сме��ка дека „спорот со Грција и неговото успешно решение е составен дел на процесот на признавање на нашата земја како независна држава“ и заземањето на местото што и' припаѓа во меѓународните односи. Наведувајќи ги условите, т.е. обврските што ги има преземено Македонија во поглед на спорот, Андов предлага земјава да инсистира на ставот на Советот за безбедност од Резолуцијата 817 договореното решение да биде користено како замена за сегашната референца во ОН. Тој, исто така, наведува дека причините што ги има наведено Грција за да ги оправда своите ставови, а тоа се територијалните претензии и непријателска пропаганда од страна на Македонија, се елиминирани со уставните измени што ги направи земјава во 1992 година, и треба да се објаснува дека и по двете причини во текот на преговорите се постигнати резултати „кои можат да бидат рамковно дефинитивни“.
Точката осум од предлогот е посветена „непријателска пропаганда“ и на тоа дека Македонија има преземено обврска за спречување на такво нешто спрема Грција, особено користењето на сонцето од Вергина и картите на целата територија на географска Македонија, но се наведува дека во досегашниот тек на разговорите „нема договор меѓу двете страни што точно се подразбира под категоријата ’непријателска пропаганда’“ и оти таа категорија не е прецизно објаснета ниту во Привремената спогодба.
За македонското малцинство, во предлогот на Андов се разгледуваат и различните гледање на ова прашање, при што, според него, станува збор за два различни концепта на двете страни во поглед на почитување на правата на малцинствата. Грција има еден модел на третман на малцинство што произлегува од Лозанскиот договор склучен меѓу Турција и Грција, додека нашата земја има прифатено и неколку други меѓународни документи. „Ако Грција го прифати концептот што го застапува Македонија, тоа ќе доведе до многу крупни последици не само во врска со македонското малцинство таму“, стои во документот, како причина зошто во Привремената спогодба е прифатен концептот на однос кон малцинствата на Грција. „Тој факт треба да се има предвид секогаш кога државен орган или раководител од нашата земја презема некаква активност на тоа поле“, препорачува Андов.
Тој, врз основа на резолуциите од ОН и документот од Бадинтеровата комисија, објаснува зошто спорот околу нашиот јазик и неговото име немаат основа.
Предлагачот како една од основните насоки на стратегијата го наведува „фактот дека прашањето на овој спор не е прашање на една партија, на една Влада, на една личност, туку дека во врска со него е потребно комплетно меѓусебно разбирање на сите политички фактори во државата“.
20 godini e vo politika i ne nejde resenije za imeto.covekov stvarno e genie
Од: Deni
Датум: 02.03.2009 02:59:49
Ti gospodine glusec nemas pojam ni od zivoto a kamoli od politika.Vo tvoite komentari nema nisto drugo osven napad na linosti.Stojan Andov ne e 20god.vo politika.Toj e sigurno podolgo nego ti sto si planiran.Za negovata bigrafija mozes da se rasprasas.I sigurno e eden od najiskusnite i najpametnite politicari denes vo MKD.A ti si ona i kako sam sto se narekuvas,glusec.Bez hrabrost i znaenje,..
Pozdrav se nadevam ke mi bide objaven komentarov
Од: Картунист
Датум: 02.03.2009 09:00:56
На Мики Маусовците местото им е во цртаните филмови, за забава на децата. И, нешто многу значајно, веќе на денешниве деца и не им е многу забавен. Премногу е анахрон. Геговите му се неинтересни. Новите деца бараат нешто повеќе!
Од: sime
Датум: 02.03.2009 09:47:15
Prasanjeto na imeto za Makedonija e od najgolemo vitalno znacenje za makedonskiot narod i nastojuvanjata na site ppoliticari e da se najde resenie.Grcija nema pravo toa sto go bara,geogravsko ime.Toa ggo vregja dostoinstvoto na nasiot narod.Zosto EU nema mehanizam da spreci vakvi raboti ?
Од: Nikola - Germanija
Датум: 02.03.2009 10:05:33
So dobra volja na dvete strani vo vremetraenje od 10 Minuti moze da se najde povolno resenie so koe dvete zasegnati strani bi bile zadovolni.Kako dobar fundament neka sluzi posledniot "set ideji" na gosp. Nimic.Da ve potsetam deka "Bukefalcite" na DPMNE bez potreba go vmetnaa prasanjeto za identitetot i jazikot vo sporot;a GR sakase samo pregovori za imeto sto ne podrzabira avtomatski i pregovori za identitetot i jazikot.No kade sme sega,tamu sme!Vtoro,potrebno e prekinuvanje na politikatata na antikvizacija.Svetot fakticki ne ni gi "priznava" antickite koreni i poradi toa nema potreba od zaludno gubenje vreme na toa pole.Navistina nejasno i krivo mi e,sto gragjanite na MK ja podrzuvaat Poltikata na samoizolacija!Vie ke izberete i vie ke ziveete so posledicite za vas i vasite pokolenija!Mislete dobro,dodeka ne e kasno!So pocit
Од: Коста
Датум: 02.03.2009 10:07:27
Мене ми се чини дека мнозина во МК како да заборавиле дека сакале-неjкеле преговорите со Грциjа се неизбежни. За приемот во ООН требаше нешто за возврат - и тоа се токму преговорите. Е сега ако ние воопшто не сакаме да прегоараме, тогаш треба еднаш засекогаш тоа да се каже. И точка. А не како до сега, глумиме преговори, не глумиме преговори. Ако преговраме, тогаш отстапките се неизбежни. Ако не сакаме оттсапки, тогаш тоа треба да им се каже на Нимиц и ООН. Доста веке неизвесност
Од: jas
Датум: 02.03.2009 11:14:30
covekot ima iskustvo i sega predlaga, drugoto e ostaveno na drugite 119 pratenici koi ja imaat palkata za upravuvanje na ovaa drzava i od nivnoto mislenje zavisi dali ke pomine ili ne, patem receno ista rabota sekogas razlicno se glasa vo naseto sobranie, ne se gleda dali e produtivno tuku koj ja podnel... sindrom zasto ti koga mozam jas....
Од: nekoj
Датум: 02.03.2009 14:43:00
Jas ja podrzuvam idejata na K-15, treba da se narekuvame FER Macedonia, ili Future European Republic of Macedonia :)) posto izgleda toa i ke si ostaname, so nadezta samo...
a sega seriozno, i jas mislam deka resenie se naogase ako se sakase vednas!
1.nemame nisto zaednico so Antickite Makedonci
2.nemame nikakvi teritorijalni pretenzii kon tugi drzavi
TOlKU.
3. prasanjeto za malcinstvata vo grcija ke go resavavme koga veke ke bevme vo EU. Vprocem, prvo ne sme go resile nasiot zivot vo Makedonija pa nekoj tuka ke mi pere mozok za "nasite" vo tugi drzavi.
Од: goran
Датум: 02.03.2009 14:48:47
A bre Stojance!
Sedi si miren. Ti ke gi resis problemite. Ako sakas smeni si go tvoeto ime. Nemoj da bides kum na Makedonija. Nemas pravo. Gubise od politickata scena. Da te nema. Ne si kadaren za nisto. Samo za mesetarenje si za nisto drugo ne te biva. Makedonija. Drugo ime nemame.
Од: Trajko
Датум: 02.03.2009 15:05:21
Стојан Андов еден од ретките принципиелни политичари во РМ. Неговиот став за , конечно, решавање на проблемот со името и с��здавање услови за побрг влез во НАТО и ЕУ, кои ке и гарантираат на РМ територијален интегритет и побрз економски развој, треба да се прифати од сите политички субјекти. Дотогаш, на нас обичните граѓани обврска ние да го јавно подржуваме.
Од: Горан Скопје
Датум: 02.03.2009 18:48:17
Еден од најискусните парламентарци кои даваат само корисни идеи за нарпедок во МК. Еднаш за секогаш престанете да ги гледате предлагачите, туку она што предлагаат. Нас ни се потребни преговори, потребна ни е Македонија во ЕУ и НАТО а не кај Хунзите или 2500 години назад. Имаме реални проблеми со беспарица и затоа ни треба интеграција на секое поле.